You are on page 1of 3

Морфин

1.Дејствата можат да се поделат на:


А) дејства врз ЦНС – главни дејства се: аналгезија, сонливост, дисфориа
(непријатно расположение). Покажуваат депресивно дејство врз
респираторниот систем, центарот за кашлица, центарот за повраќање и
доаѓа до зависност одовој лек.
Аналгетично дејство – најважно дејство, е резултат на две дејства на лекот.
Прво на способноста на морфинот да го покачи прагот кон болката и второ
на изменетата реакција кон болката во смисла ако пациентот иако сеуште
чувствува болка, не се плаши од неа, не реагира панично.
Морфинот често дава еуфорија која е веројатно главна причина за
зависноста што се развива од овој лек, а дисфориа се добива во почетокот
на примањето на морфинот.
Б) дејства надвор од ЦНС – главно дејство врз ГИТ, а се состојат во
следново: под дејство на морфинот се намалува секреција на HCL, се
намалува тонусот на лонгитудиналната мускулатура, а се покачува во
циркуларната. Слични дејства има и врз мазната мускулатура на цревата,
жолчниот и мокрачниот систем. Пациентите кои користат морфин страдаат
од опстипација.
2.Зависност од морфин – морфиноманија
- Јака психичка зависност, несовладлива желба да се продолжи со земање
на лекот со цел на уживање.
- Рана фаза на појава на физичка зависност, со зголемување на дозите
станува поинтензивна. И поради тоа пациентот е принуден постојано да
зема морфин за да го спречи апстинециелниот синдром (солзење, кивање,
потење, анорекција и сл.).
- Појава на толеранција кон лекот, потреба од зголемување на дозите за да
се постигне првобитен ефект.
Симптоми на зависност од морфин: морфонамот не се разликува од
здравиот човек. Лошата здравствена состојба, криминалот, запоставување
на семејството и сл.
-Индикации – како аналгетик се користи во терапија на разни болки со јак
интензитет, болки при фрактури, изгореници, срцев инфаркт, акутен
белодробен едем, малигни заболувања
-Дозирање – 10-15мг
3. Акутно труење со морфин
- При земање на големи дози морфин. Компликации се резултат на
депресија на дишењето, додека крвотокот е резистентен. Тука се дава
антагонистот на морфин – налорфин.
4.Лекови со слично дејство на морфин
А)Кодеин – слично дејство на морфин врз ЦНС, но 10 пати послаби, но врз
центарот за кашлање еднакви морфински. Дејстово врз ГИТ е слично на
морфинот, но послаби. Зависнот може да се појави и од кодеинот, но со
послаб интензитет и е ретко
- индикации – антитусивни средства во терапија на сува непродуктивна
кашлица и во терапија на диареа.
- дозирање – преку уста 30мг
Б) Тебаин – нема индикации, од групата на дериватите на
бензилизохинолин, се користат папаверинот и наркотинот.
В) Папаверин – главно дејство врз мазната мускулатура на крвните садови и
интетесинумот особено изразено ако тие се во спазам, каде што десјтвува
спазмалитчно.
-индикации – при спазам и емболии на васкуларниот систем, со цел да ги
прошири колатералните крвни садови.
-Дозирање – 100-250мг
Г)Носкапин – антитусино дејство во терапија на сува кашлица
-дозирање - 15-30мг
5.Полусинтетски серивати на морфинот
А)херони (диаморфин)- најопасни и најчесто користени средства од
морфинската група од која се развива зависност.
Б)фолкодин – добар антитусив 10-20мг
В)дихидроморфинон - посилен аналгетик од морфинот, дава
токсикоманија.
6. Синтетски замени за морфин
А) петидин – преку уста или парентално. Дејстува врз ЦНС слично како
морфинот со мали разлики. Дава аналгезија, еуфорија.
-индикации – аналгетик во замена за морфинот при коронарна тромбоза,
малигни заболувања, пулмонална емболиа, гастроскопија и сл.
-дозирање – и.м 50мг.
-несакани дејства – гадење, повраќање, токсикоманија
Б)Метадон – слично дејство како морфинот. Врз ЦНС има силно
аналгетично дејство проследено со депресија на дишењето. На ГИТ слично
како морфинот
-Индикации – болки со исти карактеристики кај морфинот.
-дозирање – преку уста, париентално, 5-15мг
7.Антагонисти на алкалоидите на опиум (морфинот)
-Синтетски добиени лекови. Тука спаѓаат:
*налорфин
*налоксон
Имаат структура слична на морфинот, дури и некои дејства се слични.

You might also like