You are on page 1of 1

 НЕОНАТАЛЕН АПСТИНЕНЦИЈАЛЕН СИНДРОМ

Тоа е комбинација од знаци и симптоми од однесувањето и физиологијата кој се


слични и покрај разликата од страната на причинителот.
Типови на неонатален апстененцијален синдром се- постнатален и пренатален.
Пренатален се јавува поради пренатална употреба на наркотични и стимулативни
средства од мајката зависник- тип 1, а постнаталниот е секундарно настанат поради
прекин на медикација со фентанил или морфин кој што се користат за да се намали
болката кај новородените деца- тип 2.

Најчести супстанции кој се причинители за овој синдром се опијатите и наркотиците:


кодеин, хероин, фентанил, метадон, морфин, дијезапан, лоразепам, демерол и други
лекови како барбитурати кокаин, кафеин, антихистаминици, марихуана, никотин и др.
Овие лекови предизвикуваат зависност и кај мајката и кај новороденото дете, тие
дејствуваат на централниот нервен систем и се акомулираат преку постелката во
фетусот и кога ќе се прекине преминувањето на лекот во плацентата со раѓањето се
развива апстенинцијален синдром.
Клиничка слика- Тоа е мулти системско нарушување најчесто на респираторниот,
ГИТ и ЦНС, а зависи од видот на дрогата или лекот, колку долго се употребувал, како
се употребувал, неонаталниот метаболизмот на детето и др. Одвикнувањето зависи
директно од полуживотот на дрогата/лекот; колку е подолг полуживотот, толку подоцна
се манифестираат клиничките знаци. Се јавува хипотрофија, микроцефалија и
предвремено раѓање на овие деца, од ЦНС се јавува немир, тресење, несоница,
хипертонус, конвулзии, потење, треска, тахипнеа, апнеа, отежната исхрана, слабо
напредување во тежината, повраќање, дијареа.
Во зависност од која дрога или супстанца се употребува се развиваат различни
симптоми како на пример ако се употребува ЛСД се јавува хипертонус, нема
напредок, тремор, ако се употребува алкохол симптомите се јавуваат уште во
првите 24часа со иритабилност, конвулзии, опистотонус, дистензија на црева, ако се
употребува никотин се јавува тахикардија, хипертонус, од марихуана се јавува
родилна асвиксија, склоност кон сепса, од кофеин се јавува повраќање, тешко се
исхранува, постојано плаче.
Дијагноза- анамнеза, се бара присуство на лекови преку серум, урина, мекониум, каде
може да се најдат траги од кокаин, опоиди, а во косата до третиот месец после
раѓањето се наоѓа марихуана, кокаин, во папочната врвца истите супстанци како и во
мекониумот.
Терапијата е симптоматска и долготрајна, може да трае и до 3 месеци а при тоа се
користат супститути како метадон опиум, како превенција се советуваат бремените
зависнички да се одвикнат од дрогата и им се нуди помош во одвикнувањето.

You might also like