You are on page 1of 1

 Едем

Оток или Едем претставува насобирање на вишок течности во интерстицијалните ткивни


простори или телесни шуплини. Може да биде:
o генерализиран – при срцева инсуфициенција и бубрежни заболувања;
o локален – при воспаление.

Кога едемот е тежок, генерализиран и ствара отекување на поткожните ткива, се нарекува


анасарка. Натрупување на едемска течност во разни телесни шуплини има соодветни
имиња: хидроперикардиум, хидроторакс и асцит.
Едемската течност која се насобира при нарушена хидродинамика кај срцева
инсуфуцуенција се означува како трансудат, содржи малку протеини и е со помала
специфична тежина – 1 012.
Едемската течност која се насобира при воспалителни процеси се означува како ексудат,
богата е со протеини и е со поголема специфична тежина – 1 020.

Едемот ќе настане кога постои:


- Зголемување на капиларниот крвен притисок – при срцева слабост.
- Намалување на протеините во плазмата – бубрежни заболувања и цироза.
- Отежнат проток на лимфа - при воспалителни и неопластични опструкции.
- Задршка на соли (Na+) и вода – кај инсуфициенција на бубрезите;

Морфологија на едемот:

- Срцевите едеми се манифестација на срцевата слабост и се локализирани во


долните екстремитети.
- Бубрежните едеми (потежок вид на едеми) се шират по цело тело, но најчесто се
локализирани на очните капаци и лицето.
- Поткожниот едем на долните екстремитети е карактеристичен за десно срцева
слабост.
- Белодробниот едем е главна манифестација на попуштање на левата комора на
срцето, но може да се најде и кај бубрежната инсуфициенција.
- Мозочниот едем доведува до дифузно зголемување на мозочната маса.

You might also like