You are on page 1of 1

Белодробен едем

Белодробен едем е најтежок облик на атуктно настаната стаза на белите дробови, при
акутна лево срцева слабост.

Етиопатогенеза: Причини кои доведуваат до белодробен едем хипертензија, срцеви


мани. Поради намелена контрактилност на левото срце, тоа не може да ја исфрла целата
крв и се зголемува притисокот во коморите и предкоморите при крај на дијастола. Притоа
десното срце уфрла крв, но левото срце поради неможност да ја прифати крвта прави
голем притисок на белодробните капилари. Тоа е причина за преминување на течност од
белодробните капилари во алвеолите и бронхиолите. Белите дробови стануваат
нееластични при што доаѓа до диспнеа. При дишењето воздухот се меша со течноста и се
мнифестира со исфрлање на големо количество пенлив секрет.

Клиничка слика: Диспнеа, кркорење во градите, кашлица при која се исфрла големо
количество пенлив секрет. Болниот е исцрпен, исплашен, препотен.

Дијагноза:

 Физикален наод – на аскултација се слушаа крупни влажни кркорења на белите


дробови, на срцето тивки тонови. Крвниот притисок е зголемен.

Лекување: Болниот се смесува во единица за интензивна нега, се става во седечка


положба и веднаш се вклучува кислород, преку маска. Се дава морфиум и.в 3-5мг. За
време од 3мин., дозата се повторува 2-3 пати за 15мин. Во полесни случаеви се дава 8-
15мг на секои 3-4 часа. Од диуретици се дава ампула фуросемид 40-60мг за време од
2мин. Вазодилататори за намалување на системскиот и пулмоналниот притисок.
Кардиотоници кај едем предизвикан од митрална стеноза, аортни болести. Аминофилин
ако има спазам на бронхии.

You might also like