You are on page 1of 2

 АЛЕРГО ТЕСТОВИ

Цел на кожните тестови е да се предизвика локална алергиска реакција, со реакција


антигени и антитела. При реакцијата се ослободува хистамин кој предизвикува едем и
еритем.
 Алерго-тестирања
Кожни алерго тестови- со интракутана апликација на алергенот од 0,05-0,1 мл
Радиоимуни тестови- инвитро мерење на ИгЕ антитела
Еозинофили во крвта
Обид со експозиција- изложување на осомничениот алерген
Обид со елиминација- на факторите од околината
Кожните алерго тестови се изведуваат со интракутана апликација на алергенот од
0.05 до 0.1 милилитри. Ако има позитивна реакција на местото се јавува папула
најмала 0.5 сантиметри за првите 30тина минути. Силна реакција е голема папула и се
бележи со +, ++, +++.
 Алергиски ринит
Хиперсензитивна реакција на слузницата од носот, респираторниот систем и очите на
треви, цвеќе полен и дрвја. Се јавува од мај до јуни како алергиска реакција ТИП1
Симптоми- Јадеж во носот, кивавица, печење во очи, обилна воденикава секреција,
фотофобија и солзење, појава на назални полипи кој ја хипертрофираат слузницата,
ако се накалеми секундарна инфекција има промена во секретот. Лекување-
избегнување на контакт, хипосензилибизација и симптоматско, локално кортико и
капки за деконгестија.
 Астма
Астма- бронхијална астма е хронична болест со реверзибилни обструкции на
бронхиите кој се одликуваат со диспнеа, свиркање и гушење. Причини- алергија,
инфекција, психолошки и биохемиски фактори, има и наследна предиспозиција-
атописка алергиска астма.
Клиничка слика- бронхоспазам, оток на слузницата, леплива секреција во бронхии и
бронхиоли. Детето е бледо со надуен граден кош и отежнато дишење, се јавуваат и
астматични напади. РТГ, терапија и превенција
 АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ
Алергично хронично воспаление на кожата со повремено влошување, се јавува на
возраст од 3 до 6 месеци и се губи после 2-3 години. Ако се јави покасно станува
хроничен дерматит и тоа е јувенилен атописки дерматит или неуродермит. Причини-
внес на нова храна, склоност кон други алергии
Клиничка слика- полимфорна ерупција со црвенило, јадеж, задебелена кожа, влажни
вазикули и красти, често се накалемува и секундарна инфекција, асе јавува на образи,
чело, телото, екстремитети, темето.
Лекување- нема специфично лекување туку само симптоматско- кортикостероиди,
кремови, влажни облози, не се ставаат антибактериски масти, да се води сметка за
исхраната и да се носи памучна облека.
 УРТИКАРИЈА
Појава на циркум-скриптни или генерализирани уртики со црвена околина и силен
јадеж, тоа е алергиска реакција од тип-1. Причини- алергија на храна, козметика, убод
од инсект, лекови, инхалации и др. Влезни места се кожата, респираторен и
дигестивен систем. Лекување- Антихистаминици, адреналин и спречување на контакт.
 Алергија на лекови
Најчесто се јавува на пеницилин и деривати. Веднаш се отстранува лекот, се лекуваат
симптомите, антихистаминици и при најтешката реакција ШОК се дава адреналин.
Фактори кој доведуваат до алергија се фрекфенцијата и начинот на давање на лекот,
предиспозицијата на организмот, функционалната способност на бубрезите и црниот
дроб.
Клиничка слика- анафилактичен шок кој знае да биде фатален, медекаментозна
треска најчесто предизвикана од сулфунамиди обично 7 до 10 дена од првата доза со
промени на кожа, астма, ринит, анемија, алергија во ГИТ, жолтица
 АЛЕРГИЈА ОД УБОД ОД ИНСЕКТИ
Се јавува како резултат од отровот од пчелите, оси, стршени и др. Створените
антитела се од класата на ИГЕ и ИГГ, има еозинофили. Ако убодот е повторен има
силна реакција бидејќи има антитела.
 НУТРИТИВНА АЛЕРГИЈА
Се јавува од хранливи продукти во сите органи каде има крвни садови и мазни
мускулни влакна. Симптоми- абдоминална болка, дијареа, повраќање, уртикарија,
астма и анафилакса.

You might also like