You are on page 1of 1

Најчести симптоми на болестите на респираторен систем

Кашлица (tussis) – Знак или симптом на повеќето горни и долни респираторни


заболувања, но и симптом на срцево заболување. Може да биде:
- Сува (непродуктивна) без искашлок, карактеристична за горно
респираторни заболувања и плеврит,
- Влажна (продуктивна) со искашлок, карактеристична за бронхитис,
бронхиектазии , апсцес и сл.
- Во напади – карактеристична за Астма
- Засипната - карактеристична за ларингит
- Утринска - карактеристична за пушачи и хроничен бронхитис
- Или преку цел ден - карактеристична за инфекции на дишни патишта.
Крвав искашлок (Хемоптоја) – поголема количина на крв во плунка, односно
искашлување на чиста крв. Се среќава кај туберкулоза, карцином на бронх и сл.
Нишки крв во искашлок (Хемоптизис) – Искашлување на крв во вид на црвени
нишки – конци.
Отежнато дишење (Диспнеа) – Субјективно чувство на отежнато дишење,
следено со забрзано дишење (тахипнеа), различен степен на кашлица со или без
искашлок. Истата може да биде како :
- Физиолошка диспнеа која се среќава при зголемена физичка активност ,
- Белодробна диспнеа – кај белодробни заболувања ,
- Кардијална диспнеа – се среќава кај срцева слабост ,
- Ортопнеа – диспнеа при лежење,
- Психогена диспнеа – се среќава кај психогени пореметувања, хистерија
- Централна диспнеа - при пореметувања на ЦНС
Свирење во гради (Wheezing) – Чујно свирливо дишење кое секогаш значи
опструкција на дишните патишта. Клучен симптом е на ХОББ и може да биде
еднострана (страно тело, Карцином на бронх) или двострана (астма, ХОББ).
Болка во гради – Кај респираторните заболувања најчесто потекнува од болести
на плевра, и истата е остра, кратка и се зголемува со вдишување и искашлување.

You might also like