You are on page 1of 2

Нега

*Тромбоза:
-Тромбоза е патолошки процес при кој се создава крвен згрушок односно тромб од крвни клетки
и фибрин во крвниот сад.
-Во процесот на тромбоза има две фази:
1.Прва фаза-создавање на бел тромб,составен од аглутинирани тромбоцити и фибрин.
2.Втора фаза-создавање на црвен тромб,од фибрин и крвни клетки-еритроцити и леукоцити.
-Во процесот на тромбоза има неколку фактори:
1.Стаза на крвта-кој е забавен крвоток во вените и се јавува во некои случаи:
а)најпрво се јавува стаза,а после и тромбоза во левата потколеница,поради притисокот на
десната илијачна артерија врз вената од левата нога.
б)после стаза се јавува и кај имобилизирани пациенти,поради долгото лежење во кревет,болни
по операција и др.Тромбозата се манифестира во долните екстремитети и карличните
вени.Тромбо-цитите при забавена циркулација заземаат маргинална положба кон ѕидот на садот
в)стаза се јавува и кај тешки болни кои површно дишат,и со тоа е намален приливот на крвта во
десното срце.
г)стаза се јавува и кај парализирани болни каде мускулната активност е како пумпа за помагање
на венозното враќање на крвта.
2.Промена на ѕидот на крвниот сад или васкуларен фактор-оштетувањето на ѕидот на садовите
од траума,воспаление,операција и артериосклеротичните промени доведуваат до тромбоза.
Оштетеното место на садот ослободува аденозин дифосфат кој ја потпомага агрегацијата на
тромбоцитите,а со тоа и создавањето за тромб.
3.Промени во составот на крвта или хиперкоагулабилност-е зголемениот број на тромбоцити од
што се создава тромбоцитемија,како и активирање на крвните и ткивните фактори на
коагулацијата.
-Превентивни мерки против тромбоза се:
1.масажа на долните екстремитети со топла вода и сапун,алкохол и талк во правец на венскта
циркулација
2.активни и пасивни движења на екстремитетите со што по оперативниот зафат треба да се
мобилизира како основна превентива од тромбо емболична болест.
3.длабоко дишење на секои два три часа за забрзување на циркулацијата.
-Контрактури се појавуваат поради долго лежење во кревет во принудна положба односно ако
екстремитетите и зглобовите се поставени во нефизиолошка положба.
-Мерки за спречување на контрактурите се:
1.почесто менување на положбата на болниот
2.масажа со топла вода и сапун
3.бањање во состав на физиолошка терапија односно во текот на рехабилитацијата на болниот.
-Несвестица се јавува при нагло станување од кревет или кој подолго лежеле во кревет.При нагло
станување од хоризонтална во вертикална положба крвта се слева во долните делови на телото и
настанува паѓање на крвниот притисок.

You might also like