You are on page 1of 1

Основни медицински инструменти

-Во основни медицински инструменти спаѓаат:хируршки нож,ножици,пинцети,сонди,штипки,по


пеан,кохер,кукалки,клешти,хируршки игли,иглофржачи,катетри,кирети и др.

-Хируршки нож(скалпел)-служи за сечење на меките ткаења.Направени се од метал и од разни


големини(голем,мал),прави и шилести,со една или со две острици.

-Ножици-можат да бидат големи/мали,прави/криви,остри/тапи врвови.Наменети се за сечење на


разни ткаенини и конци.

-Сонди-можат да бидат метални и гумени.Металните синди се жлебести и се заострени на врвот.


Можат да бидат со различна дебелина и должина,и служат за сондирање на раната односно за
испитување на длабочината,формата и насоката на каналот на раната и др.Гумените сонди служат
за гастрична и дуоденална тубажа.Пречникот му е околу 5-10мм и должина околу 50-70см.

-Пинцети-се инструменти со два крака,што се стегаат при држење на ткаењата,инструментите или


преврзочниот материјал.Можат да бидат со различна големина,прави или свиткани.Има два вида
на пинцети:хируршки и анатомски.Анатомските пинцети се со рамни врвови без запци и служат за
придржување на фини(меки ткаења).Хируршките пинцети се со остри запци и служат за
манипулација со погруби и помалку осетливи ткаења.

-Штипките по Пеан-се составени од два крака,споени со жлебови и се подвижни.Затворачот му е


со запци кој го регулираат степенот на затворањето и стегањето на инструментот.

-Штипката по Кохер-е слична на пеанот,но е подолга,а врвот завршува со три запци што се
поклопуваат еден со друг при затворање на инструментот и служи за груби манипулации.

-Кукалки-тие се во разни големини.Можат да бидат тапи/остри,тесни/широки,со запци и без и


служат за придржување на кожата и поткожното ткаење.

-Клешти-можат да бидат куси/долги,прави/свиткани,со остри/тапи врвови.Служат за придржува-


ње и фаќање на ткивата,разни инструменти,предмети и преврзочен материјал.

-Хируршки игли-тие се направени од метал,со различна форма и големина.Се употребуваат


овални со надолжно уво.Увото се отвара и затвора со мали федерчиња.

-Иглодржач-кој служи за држење на овалните игли за време на правењето на шевовите.Се прават


во различна форма и големина и обично се со автоматско затворање.

-Катетрите-се цевчести инструменти што преку уретрот се вовлекуваат во мочното бабуле за


дренирање на урината.Постојат женски(покуси)и машки(подолги)катетри кои се направени од
гума полиетилен или пластика.Машките катетри ги поставува лекар,а женските мед.сеста.

-Кирети-се хируршки лажици со држач.Рабовите на лажичката се остри и служат за стружење на


раните.Ги има во разни големини.

You might also like