You are on page 1of 6

Фактори што влијаат врз

брзината на хемиска реакција


1.Фактори

 Врз брзината на реакцијата или на брзината на изменување на


концентрацијата на некој учесник во неа, влијаат повеќе фактори, од кои
најважни се:
 Концентрацијата на учесниците во реакцијата;
 Температурата на која се изведува реакцијата;
 Евентуално присуство на катализатори.
2.Влијание на концентрацијата

 За да дојде до елементарен акт на хемиска трансформација, честичките од


реактантите треба да дојдат блиску една до друга. Кога концентрацијата на
супстанците е поголема, веројатноста честичките да дојдат блиску за да
може да разменуваат атоми станува поголема. Во случај на гасови,
повишувањето на притисокот го има истиот ефект како зголемување на
концентрацијата.
 Кога реакцијата е неповратна од значење е само концентрацијата на
реактантите. Ако реакцијата е повратна, врз брзината на реакцијата влијае и
концентрацијата на реактантите и на продуктите.
 Колку е поголема концентрацијата толку поголема е брзината на реакцијата.
Поради намалување на концентрацијата со текот на времето, брзината ќе
биде најголема на почетокот, а потоа реакцијата ќе тече побавно.
3.Влијание на температурата
 Кога температурата ќе се зголеми, честичките од реактантите добиваат
поголема кинетичка енергија,односно брзина. При тоа се зголемува бројот на
судири помеѓу молекулите и се зголемува брзината на хемиската реакција.

 Хемиските реакции, по правило, се одвиваат побргу на повисока температура.

 Кај многу реакции брзината на реакцијата се зголемува од двапати до четири


пати ако температурата се покачи за 100C.
4. Енергија на активација
 Ea-најмалото количество на енргија која треба да ја имаат молекулите за да
започне хемиската реакција се вика енергија на активација.
 Со зголемување на температурата се зголемува бројот на судири помеѓу
молекулите и молекулите побрзо ја достигнуваат енергијата на активација и
со тоа се зголемува и брзината на хемиската реакција.
 Кога енергијата на активација на некој хемиски процес е голема хемиските
реакции се бавни, а кога енергијата на активација е помала тогаш ти се
брзи.
 За да се одвива реакцијата помеѓу молекулите,реакциониот систем треба на
почетокот да добие однадвор толку енегија колку што изнесува енергијата
на активација на таа реакција.

You might also like