You are on page 1of 41

УПОТРЕБА НА ЛЕКОВИ ВО

ПУЕРПЕРИУМ И ЛАКТАЦИЈА

Доц.д-р.Валентина Тофилоска
Универзитетска Клиника за гинекологија и
акушерство- Скопје
-Употреба на лекови, додатоци на исхрана и фактори од околината
во периодот на преконцепција формира можност за здравствените
работници да интервенираат во намалување на ризикот од
здравствени проблеми и идентификација на факторите кои ја
афектираат бременоста.
-Треба да се преферираат лекови со докажан безбедносен
профил, поточно оние што веќе се употребувани во текот на
бременоста во доволно голем временски период.
-Треба да се употребува најмалата ефективна доза.
-Истите принципи важат и за периодот на лактација.
Резултатите од неодамна спроведеното истражувањето (Palmsten 
 et al., 2018) во кое биле вклучени 501 брачен пар кои сакале да
зачнат и не биле дијагностицирани со неплодност ги посочуваат
најчесто користените лекови и додатоци на исхрана, како и фактор
којшто го влијае на периодот на преконцепција.
- Утврдено е дека приближно 20% од испитаниците (мажи и жени) во
овој период употребуваат најмалку еден лек, додека 7% од нив
употребувале повеќе лекови истовремено.
-генерално испитаниците употребувале лекови за третман на астма и
алергии. Поголем процент од жените употребувале лекови за третман на
хипотироидизам, депресија и анксизност споредено со мажите кај кои
најчесто употребуваните лекови се за третман на хипертензија и
дислипидемија. Испитаниците често употребувале додатоци на исхрана
кои содржат рибино масло, ехинацеа, витамин Ц и протеински шејкови.
- Спроведување на едукација, оптимизација на исхраната и управување
со ризик фактори е од исклучително значење за обезбедување на
добра здравствена состојба на мајката и детето. 
- Агенцијата за храна и лекови во САД (Food and Drug Administration-
FDA) во препораките Pregnancy and Lactation Labeling Rule 2015 ја
нагласува потребата за јасно означување во внатрешното упатство за
употреба и збирниот извештај на лековите и додатоците на исхрана со
цел поедноставна евалуацијата на ризикот и бенефитот на лековите за
мајката и детето од страна на мајките и здравствените работници.
Употреба на Лекови за третман на акни во бременост

 употребата на лекови што содржат изотретиноин(лекови во


третман на акни) мора да се прекинат најмалку еден месец пред
дисконтинуирање на примена на контрацепција.
 изотретиноин работи со менување на транскрипцијата на ДНК и
припаѓа на групата на лекови наречени ретиноиди.
 Предизвикува тератогеност –абнормалности на ЦНС,лицето,
срцето и тимусот.
 изотретиноин не влијае на плодноста, жената може да забремени
еден месец по завршување на терапијата

Антиастматици и бременост
 Правилното лекување на астмата во тек на бременост е исто

така важно за здравјето на фетусот


 Општо земено, исти принципи за лекување на астмата важат и за

бремените жени и за оние кои не се бремени.


Антиастматици и бременост
Theophylline i Aminophylline (A)
 
 И двата препарати се безбедни за третман на астма во бременост, не е најден ниту еден доказ за
тератоген ефект kaj 76 експонирани пациентки од Collaborative Perinatal Project.
 
Epinephrine (Adrenalin)(D)
 
 Минорни малформации се објавени при примената на симпатикомиметици како група кај 3,082
експонирани новороденчиња во првиот триместар , обично при примена на комерцијални препарати
за третирање на горнореспираторни инфекции.
 
Terbutaline (A)
 
 Многу е побрз во дејството и има подолготрајно дејство од епинефринот и е препорачлив за астма
кај бремени жени. Долговремена употреба е асоцирана со зголемен ризик од интолеранција на
гликоза.

Isoproterenol i Metaproterenol (C) 


 Кога се даваат како топични аеросоли за третман на астма вкупната апсорбирана доза не е
сигнификантна, додека при орална и и.в употреба на лекот може да резултира со намален проток на
крв во утерусот. Не е објавена тератоеност.

.
кортикостероиди
 Сите стероиди ја минуваат плацентата до извесен степен, но
преднизон и преднизолон се инактивираат од плацентата.
 Кога се администрирани кај мајката концентрацијата на активната

компонента во фетусот е помала од 10 % од онаа кај мајката. Поради


тоа овие препарати се од избор за третман на заболувања како што е
астмата.
 Инхалирачките кортикостероиди се ефективни препарати бидејки

многу мал дел од препаратот се апсорбира,па доколку се потребни


староидни ефекти врз фетусот како на пример зреење на феталното
белодробие се преферираат бетаметасон и дексаметазон, затоа што
минимално се деактивирани од постелката.
 Според некои автори користењето на стероиди во прв триместар е

асоцирано со редукција на родилната тежина, зголемен ризик од


прееклампсија и зголемен ризик од расцепи на уста и непце.
 Со Collaborative Perinatal Project мониторирани се 50,282 парови

мајки и деца , и 34 од нив имале во првиот триместар експозиција на


кортизон. Не е утврден доказ за конгенитални дефекти.
Антиалергиски лекови и бременост
 Не се препорачуваат лекови што содржат
псеудоефедрин.
 Примарно се употребуваат препарати за

локална употреба (кромогликат, стероиди)


 Доколку се потребни системски препарати,

лекови од прв избор се антихистаминиците


цетиризин и лоратадин.
Антибиотици и бременост
-Првите 12 недели на бременост е време на органогенеза на плодот и не
би требало да се препишуваат и ординираат лекови освен ако нивната
потреба е голема и неопходна.
-некои од нив може да го зголемат ризикот од хромозомопатии и вродени
аномалии на плодот

Триметоприм и сулфа-триметоприм
 се лекови кои ја поминуваат плацентата и на тој начин влијаат на
метаболизмот на фолна киселина на фетусот
 не се лекови од прв избор во текот на првиот триместар од бременоста.
 Овој лек доведува до керниктерус кај новороденчето.
 Триметоприм често се дава во комбинација со сулфа и заради третман
на уринарни инфекции. Две објавени студии кои вклучиле 131 трудница
не успеале да утврдат каков и да е пораст на ризикот од вродени
дефекти после негова примена во прв триместар
 Сепак една необјавена студија на 2,296 реципиенти од Мичигенската
медикаментозна студија укажува на зголемен ризик од
кардиоваскуларни дефекти во прв триместар
Пеницилини

 Пеницилини , ампицилин, и амоксицилин се безбедни за ординирање во


бременост
 Во Collaborative Perinatal Project 3,546 мајки примиле пеницилински
деривати во тек на прв триместар во бременост, без зголемен ризик од
аномалии.
 Постои мало искуство со новите пеницилини во тек на бременост како
piperacillin i mezlocillin. И треба да се користат во бременост само тогаш
кога некој друг подобро испитан лек не е ефективен.
 Повекето пеницилини се екскретираат во урината непроменети, со само
мал дел инактивиран во хепарот. Кај Пациентки со пореметена ренална
функција потребно е редуцирање на дозата.
 Серумските нивоа на пеницилини се пониски а нивниот ренален клиренс
поголем во тек на бременоста отколку во отсуство на бременоста. Порастот
на крвниот проток низ бубрезите и стапката на гломеруларна филтрација
резултира со зголемена екскреција на овие лекови. Експанзија на
матерналниот интраваскуларен волумен во тек на покасните фази на
бременоста е уште еден фактор кој ја афектира антибиотската терапија.
Пеницилини

 Трансплацентарното минување е по пат на проста дифузија.


Слободниот дел од циркулирачкиот антибиотик минува низ
плацентата што резултира со пониски матернални серумски
вредности на неврзаниот дел на антибиотикот
 Ординирањето на пеницилини со висока стапка на врзување за
протеини како што се oxacillin, cloxacillin, dicloxacillin и nafcillin кај
бремената жена води кон пониски нивоа на антибиотик во
феталното ткиво и амнионската течност отколку администрирање
на пеницилини кои слабо се врзуваат за протиеи како што се
penicillin G i ampicillin.
 Антибиотикот ултимативно се екскретира преку феталната урина
во амнионската течност. Доцнење на различни типови на
пеницилин во амнинската течност зависи примарно од стапката на
трансплацентарната дифузија, од количината на врзување за
протеините во феталниот серум и од адекватноста на функцијата
на феталните ензими и бубрезите.
цефалоспорини

Во Мичигенската медикаментозна студија на 5000


реципиенти, дадена е сугестија за можен тератоген ефект до
25% зголемени родилни дефекти при третман со cefaclor,
cephalexin и cephradine но не и со другите цефалоспорини.
 бидејки другите антибиотици penicillin, ampicillin,

amoxicillin, ) не се асоцирани со зголемен ризик од


конгенитални дефекти треба да бидат терапија на избор кога
е потребен таков третман во прв триместар. Матерналните
серумски нивоа на цефалоспорините се пониски во споредба
со небремените жени кои примаат подеднакви дози како
резултат на пократкиот полуживот во тек на
бременоста ,зголемениот волумен на дистрибуција и
зголемената ренална екскреција. Тие секогаш ја минуваат
фетоплацентарната единица .
сулфонамиди

 Мегу 1,455 новороденчиња кои биле експонирани на сулфонамиди во


тек на прв триместар ,не се забележани тератогени ефекти. Сепак
ординирање на нови лекови треба да се избегнува кај жени со дефицит
на glucose-6 phosphate dehydrogenase (G6PD), затоа што може да се
развие дозно зависна токсична реакција што резултира со хемолиза.
 Sulfonamidite не предизвикуваат некое познато оштетување на фетусот
ин утеро, бидејки фетусот може да елиминира слободен билирубин преку
плацентата.
 Овие лекови може да имаат штетен ефект на неонатусот
 Сулфонамидите се натпреваруваат со билирубинот за места за
врзување на албумините и на тој начин го покачуваат нивото на слободен
билирубин во серумот и го зголемуваат ризикот од хипербилирубинемија
кај неонатусот. Иако овој токсичен ефект се јавува при директно
администрирање на неонатусот, појава на керниктерус како последицана
експозиција ин утеро на овие препарати досега не е евидентиран.
 Лесно се апсорбираат при орална употреба и секогаш ја минуваат
плацентата постигнувајки нивои во феталната плазма од 50 до 90% од
онаа постигната кај мајката.
Тетрациклините
 делуваат бактериостатски и истите би требало да се избегнуваат (ризиците се
највисоки во вториот и третиот триместар) заради токсичност на коскениот
систем и жолта пребоеност на забите кај новороденчето –образува хелати со
јони на калциум.
 Тетрациклините секогаш ја поминуваат плацентата и цврсто се врзуваат за

калциумот во коските во развој и забните структури.


 Ова доведува до појава на кафена дисколорација на децидуалните заби,

хипоплазија на емајл на забите и инхибиција во коскениот раст. Пребојувањето


на забите се случува во вториот или третиот триместар од бременоста , додека
коскеното неизградување се јавува порано.
 Депресија на скелетниот раст е особено чест меѓу прематуруси третирани со

тетрациклини.
 Експонирање на Doksiciklin во прв триместар не е поврзано со појава на каков

и да било познат ризик.


 Објавена е студија на хепатотоксичност кај бремени жени третирани со високи

дози ,обично при и.в апликација . Експозиција во прв триместар не е поврзана


со појава на тератоген ризик кај 341 испитувани жени во склоп на Collaborative
Perinatal Project.
 
макролиди
 Не е објавен тератоген ризик при примена на еритромицин.Кај 79
пациетки од Collaborative Perinatal Project и 260 пациентки од една
друга студија не е објавен пораст во родилните дефекти.
 Не е во целост апсорбиран од ГИТ кај бремени жени и

трансплацентарното поминување е непредвидливо. Матерналните


и феталните нивоа на лекот во плазмата се многу ниски по
администрирање на лекот кај трудници и варираат значително со
феталната плазма концентрација која се движи од 5-20% од онаа
во мајчината плазма ,
 поради тоа некои автори препорачуваат давање на пеницилин кај

секое новородено чија мајка примала еритромицин за третман на


сифилис.
 Нивото на лекот во феталното ткиво се зголемува по давање на

мултипни дози .Вообичаена доза е 250-500 mg на 6 часа а повиски


дози може да не се толерираат од страна на бремени жени
подложни на гастроинтестинални тегоби.  
нитрофурантоин
 
 Нитрофурантоинот се користи во третман на акутни некомплицирани
инфекции на долните уринарни патишта како и за долговремена
супресија кај пациентки со хронична бактериурија.
 Тој е способен да индуцира хемолитичка анемија кај пациентки со

дефицит на G6PD. Сепак хемолитичката анемија кај новородените е


резултат на нивна изложеност на нитрофурантоин ин утеро .
 Не постојат студии кои го доведуваат нитрофурантоинот во врска со

појава на конгенитални дефекти. Во Collaborative Perinatal Project,


иследувани се 590 новороденчиња , од кои 83 во прв триместар- не е
покажан зголемен ризик за несакани ефекти.
 Апсорпцијата од ГИТ варира во зависност од формата на лекот.

Макрокристалната форма поспоро се апорбира од кристалната форма и


е асоцорана со помала ГИТ интолеранција.
 Поради брзата елиминација серумскиот полуживот е 20-60 мин. Околу

1/3 од оралната доза на лекот се појавува во активна форма во урината.


аминогликозиди
 Streptomycin-ot и Kanamycin-ot се асоцирани со појава на конгенитална глувост
кај новородени од мајки кои ги примале овие лекови во тек на бременоста.
Објавена е студија појава на ототоксичност при земање на најниска доза на

стрептомицин од 1 гр два пати неделно во тек на 8 недели од првиот


триместар. Od 391 мајка кои примиле 50 mg/kg kanamicin во подолг период во
тек на бременоста кај 9 деца е утвредена загуба на слухот. (2.3%)
Нефротоксичноста е поизразена кога аминогликозидите се комбинират со

цефалоспорините. Неуромускулната блокада може да е потенцирана при


комбинирана употреба на аминигликозиди и курариформни
препарати.Објавена е појава на неуромускулна слабост индуцирана од
магнезиум сулфат кај неонатус експониран на магнезиум сулфат и гентамицин.
Друг познат тератоген ефект освен ототоксичност не е доведен во асоцијација

со употребата на аминигликозиди во прв триместар.Кај 135 новородени и


експонирани на стрептомицин и иследувани во склоп на Collaborative Perinatal
Project не е утврден каков и да било тератоген ефект. Во една студија од 1619
новородени чии мајки биле третирани со повеке лекови вклучувајки го и
streptomicinot, инциденцата на конгенитални дефекти била иста како и кај
здравата контролна група.
 
 аминигликозидите слабо се ресорбираат по орална администрација и брзо се
екскретираат од страна на нормални бубрези. Бидејки стапката на клиренс е поврзана
со гломеруларната филтрација , дозата на лекот мора да се редуцира во смисол на
абнормална ренална функција.
Серумското ниво на аминогликозиди е обично пониско кај бремени во однос на
небремени пациентки кои примаат еднакви дози на лекот, поради побрзата елиминација.
Поради тоа важно е да се мониторира нивото на лекот во серумот за да се превенира
субтерапевтско дозирање.
Еднодневно ординирање на гентамицин во доза од 4 mg/kg во третман на пуерперални
инфекции ја зголемува ефикасноста, а ја намалува токсичноста на лекот.
Од 647 новородени и експонирани на клиндамицин во прв триместар не е утврден
зголемен ризик од родилни дефекти.
Клиндамицинот речиси комплетно се апсорбира по орална апликација а мал процент се
апсорбира по површинска апликација.
Лекот ја минува плацентата постигнувајки максимално серумско ниво во папчаникот од
50% од матерналното серумско ниво.
Лекот во 90% се врзува за серумските протеини и феталните ткивни нивоа се
зголемуваат при мултипни дозирања.
 
хинолони 
 Хинолоните како на пр. Ципрофлоксацинот и норфлоксацинот имаат
висок афинитет кон коскено ткиво и рскавица и може да предизвикаат
артралгија кај деца.
 Не се утврдени какви и да било малформации или мускулоскелетни

проблеми кај 38новородени експонирани ин утеро во прв триместар.


Од 132 новородени експонирани во прв триеместар иследувани во
склоп на Мичигенската студија за медикаменти не е утврден зголемен
ризик од родилни дефекти.
 Производителот препорачува сепак овој лек да се избегнува кај

бремени жени.
 Флуорокинолоните дејствуваат бактерицидно преку селективна

токсичност на бактериската ДНК гираза , се хепатотоксични ,


предизвикуваат конвулзии, конфузии тендинопатии, продолжување на
QТ интервалот и би требало да бидат ограничени само за посебни
ситуации во тек на бременост.
антифунгални лекови

 се ограничуваат во употребата во прв триместар на бременоста


 Вагиналната кандидијаза примарно се лекува со локални препарати, но
еднократна перорална доза на флуконазол (150 мг) може да се употреби само
доколку е неопходно по пациентката.
 Системските антифунгални лекови треба да се ограничат само за тешки
инфекции
 Нистатинот многу слабо се апсорбира преку интактна кожа или мукоза и
неговата надворешна употреба не е асоцирана со тератогенеза.
 Имидазолите се апсорбираат само во мали количини аплицирани вагинално.
Clotrimazole или miconazole дадени во бременост не се доведени во
асоцијација со конгенитални малформации Сепак во една студија утврдено е
статистички значаен пораст на ризик од абортус во прв триместар по употреба
на овие лекови.
 Kaj 7266 новородени експонирани во прв триместар во склоп на Мичигенската
студија за медикаменти не е утврден зголемен ризик од аномалии.
 Зголемен ризик од деформитети на екстремитети е објавена кај фетуси
експонирани на 400-800 mg/den flukonazol во тек на прв триместар. Кај 460
пациентки кои примиле еднократна доза на флуконазол од 150 мг не е
утврден зголемен ризик од деформитети.
Антихелминтици во бременост
 Антихелминтици се лекови кои делуваат предизвикувајки парализа на црвите или

оштетувајки ја нивната надворешна обвивка што доведува до парцијална


дигестија или отфрлување од страна на имунолошкиот систем на домакинот.
-мебендазолот иреверзибилно го инхибира превземањето на гликозата и другите
нискомолекуларни состојки предизвикувајки дегенеративни промени во цревото на
нематодите, акумулација на хидролитички и протеолитички супстанци и клеточна
автолиза.
-албендазол го пореметува нормалниот метаболизам на паразитите и селективно
спречува вградување на глукоза во сите три развојни степени , а последица на тоа е
потошувачката на ендогениот гликоген во самиот паразит со намалено стварање на
АТП.
-празиквантел-ја зголемува пермеабилноста на нематодите за калциум со што
предизвикува контракција на мускулатурата и парализа и смрт на паразитот. Се
користи во лекување на шистозоми.
-ивермектин е полусинстески лек , дериват на авермектин добиен од
актиномицетите, ги убива црвите преку отварање на глутамат зависните хлорни
канали или преку врзување на нови алостерични места на холинергичните
никотински рецептори што предизвикува зголемена трансмисија која доведува до
моторна парализа.
-кај сите овие лекови нема значајна системска апсорпција кај бремените пациентки.
Примена на антималарици во бременост
Доколку е возможно, би требало да се избегнува патување во ендемски подрачја на
маларија.
 Треба да се земе предвид резистенцијата на лекови во географското подрачје

 Превенцијата на маларија е важна.

 Хлорокин и прогванил се безбедни за употреба

Кронова болест и бременост


 Сулфасалазин не се препорачува негова употреба во последното тромесечје од

бременоста затоа што може да предизвика жолтица или влошување на жолтицата кај
новороденцињата.
 5-аминосалицилна киселина (5- АСА) може да има неповолен ефект на бремеоста и

фетусот и не смее да се зема во третотот тромесечие од бременоста


 Кортикостероиди-во ретроспективна студија на др Ху Шу Вонг на спомен болницата

во Њу Тајпеј се покажа дека нема поврзаност меѓу топични котикостероиди и лош исход
на бременоста, вклучувајки го и раѓањето на деца со абнормалности во структурата на
лицето или ниска родилна тежина и предвремено раѓање или смрт на фетусот.
 Во исто време предупредува на претпазливост на високи дози на кортикостероиди во

бременоста
. Ограничено искуство со инхибитори на ТНФ-алфа, не се препорачуваат
 Контраиндицирани во тек на бременост се метотрексат, микофенолична киселина,

талидомид
 Метотрексат манифестира тератогени и мутагени ефекти во анималните
студии, додека кај луѓе продуцира ембриотоксичност,абортус,
конгенитални аномалии и мутаген потенцијал. Регистрирана е и појава на
инфертилитет,олигоспермија и менстраулна дисфункција во тек на
третманот и е строго контраиндицирана неговата употреба во бременоста.
 талидомидот припаѓа во групата на имуносупресивни лекови кои се
користат во терапија на мултипен миелом,кој всушност е карцином на
коскената срцевина која ја зафака подгрупата на белите крвни клетки кои
произведуваат антитела , делувајки на клетките кои се дел од
имунолошкиот систем.
 Талидимидот предизвикува вродени дефекти на фетусот како што се
скратени раце или нозе ,малформации на рацете или стапалата, дефекти
на очите или ушите и проблеми со внатрешните органи како и смрт на
фетусот.
 Микофенолат- препарат познат како имуносупресив и се користи за
спречување на отфрлање на трансплантиран бубрег,срце или црн дроб.
 Азатиоприн-припаѓа во група на лекови имуносупресиви. Се употребува за
намалување на телесен имунитет кај трансплантирани пациентки и во
третман на автоимуни заболувања.
 Строго контраиндициран кај бремени жени.
 Микофенолат строго контраиндициран во бременоста бидејки
предизвикува конгенитални малформации во развој на ушите кај
фетусот, кај пациентката предизвикува прогресивна мултифокална
леукоенцефалопатија, менингит и инфективен ендокардитис.
 Аналгетици-метамизол чии ефекти се остваруваат преку
централни и периферни механизми. Централниот ефект е преку
инхибирање на циклооксигеназата во мозокот, а на периферијата е
преку инхибирање на синтеза на простагландините кои ги
стимулираат ноцицепторите и предизвикуваат болка.
 Парацетамол е прв избор и е безбеден во текот на целата
бременост. Се препорашува претпазливост кај пациентки кои имаат
нарушување на црниот дроб како и оштетување на бубрезите.Дава
ретки несакани ефекти како гадење,алергиска реакција,пролив и
повракање, жолтица и панкреатит, леукопенија и тромбоцитопенија.
.
аспирин 
 Нема доказ за тератоген ефект на аспиринот во прв триместар, има значителни
перинатални ефекти бидејки ја инхибира простагландинската синтеза .
 Утерината контрактилност е намалена и пациентките кои земаат аспирин во
аналгетски дози имаат одложено започнување на раѓањето, подолго траење на
раѓањето и се со зголемен ризик од пролонгирана бременост.
 Аспиринот исто така ја намалува агрегацијата на тромбоцитите со што го
зголемува ризикот од крварење пред како и за време на породувањето.
Дисфункција на тромбоцитите е опишана кај новородени во период од 5 дена од
администрирање на аспиринот од страна на мајката.
 Повеке органи може да бидат афектирани при хронична употреба на аспирин.Во
еден случај опишано е предвремено затворање на ductus arteriozus, поврзано
со ингестија ин утеро.
 Ниски дози на аспирин 80 мг /ден се покажала корисна во превенирање на
фетална загуба асоцирана со автоиумуно заболување. Иако прелиминарни
мали студии сугерираат дека мали дози може да превенираат прееклампсија ,
една голема рандомизирана студија не покала бенефит.
 Аспирин во доза од 60мг/ден не превенира преекламсија кај жени со близначка
бременост , хронична хипертензија , инсулин зависен дијабет анамнезија за
прееклампсија во претходна бременост.
  
Нестероидни антиинфламаторни лекови:

 ибупрофен –аналгетик, антиревматик и антипиретик кој не треба да


се зема во трет триместар од бременоста , и во првите 6 месеци од
бременоста. Го намалува воспалителниот процес во ткивата и ја
намалува болката во ЦНС. Контраиндициран кај пациентки со
компромитиран гастроинтестинален тракт, болести на црн дроб и
бубрези
 Прекумерната употреба на НСАИЛ при планирање на бременост може

да го намали фертилитетот.
 Прекумерната нивна употреба во текот на првиот триместер го

зголемува ризикот од спонтан абортус.


 Повторената употреба на НСАИЛ од 28.гестациска недела понатаму

би требало да се избегнува (предвремено затварање на ductus


arteriosus; ефекти врз феталната бубрежна функција)
 Селективните СОХ-2 НСАИЛ -Arcoxia , се контраиндицирани во текот

на бременоста и не смеат да се земаат. Се користат во лекување на


реуматоиден артритис, остеоартритис, анкилозен спондилит и гихт.
 Хиполипемиски лекови во бременост
 се препорачува да не се употребуваат во текот на бременост и
лактација
 Холестирамин би можело да се употребува во селектирани
случаи (треба да се обезбеди доволен внес на липосолубилни
витамини).
 Инхибитори на HMG CoA редуктаза (статини) се
контраиндицирани во текот на целата бременост.
Антихипертензивни лекови во бременост

 метопролол припаѓа на групата бета блокери кои го намалуваат


ефектот на стрес хормоните врз срцето, кои се ослободуваат при
психички или физички напор.
 Се користи при лекување на висок крвен
притисок,тахиаритмии,спрешување на напади на ангина
пекторис,спрешување на напади на мигрена.
 Метопрололот е контраиндициран во бременост и доење.

 Блокатори на калциумовите канали (нифедипин, верапамил) и Се


користат во третманот на кардиоваскуларни заболувања. Покажуваат
антиангинални, антиаритмични и антихипертензивни својства.
 Верапамил ја намалува миокардната кислородна побарувачка со
намалување на контрактилноста и срцевиот ритам. Како резултат на
дејството на лекот, коронарните крвни садови на срцето се шират,
коронарниот проток на крв се зголемува. Тонот на периферните
артерии и општата периферна васкуларна отпорност се намалува.
 Верапамил е лек на избор во третманот на вазоспастична ангина.
Изречениот терапевтски ефект на верапамил е исто така забележан во
третманот на други форми на ангина пекторис
 За бремени жени, Верапамилот е пропишан само во ситуации кога
предвидената корист за мајката ја надминува потенцијалната закана за
фетусот и тоа после вториот триместар
 Верапамил се излачува во мајчиното млеко, така што за време на
третманот доењето е откажано.
 Нифедипинот се користи за профилакса на хронична стабилна ангина
пекторис и третман на хипертензија
 Нифедипин е контраиндициран пред 20 недела од бременоста и во период
на доење.
Нифедипин не смее да се употребува во случај на кардиоген шок, клинички
сигнификантна аортна стеноза, нестабилна ангина пекторис, миокарден
инфаркт или период од 4 недели после миокарден инфаркт.

 Лекови што дејствуваат на системот ренинангиотензин се


контраиндицирани во тек на бременост.
 Доколку е возможно, би требало да се прекине со употребата на лекот при
планирање на бременоста, а најдоцна кога ќе се потврди бременоста
Антидепресиви во бременост
 Инхибитори на повторно преземање на серотонин (SSRI)

Селективните инхибитори на ре-преземање на серотонин


(Selective serotonin re-uptake inhibitors, SSRIs) се прва линија на
третман на депресија.
 Иако, се побезбедни за употреба за разлика од другите

антидепресиви, употребата на SSRIs се поврзува со лек-лек


интеракции и сериозни несакани ефекти (гастроинтестинално и
интракранијално крварење) 
 Во тек на бременост доведуваат до сериозно нарушување кај

бебињата наречено перзистентна пулмонална хипертензија кај


новороденото што предизвикува забрзано дишење на бебето и
негово помодрување, симптоми кои заоќнуваат во првите 24
часа по породувањето
 Ако лекот се зема при раѓањето или неколку часа пред раѓањето

кај новороденчето може да се појават слабост на мускулите ,


треперење, вознемиреност, проблеми со дишење и напади.
Трициклични антидепресиви

 Трицикличните антидепресиви работат со зголемување на нивото на


невротрансмитери серотонин и норепинефрин (со тоа што го
спречуваат вашето тело да ги разруши овие хемикалии). Бидејќи тие ги
зголемуваат нивоата на овие два невротрансмитери, тие се сметаат за
"двојно дејство" антидепресиви.
 Покрај ефектите врз серотонин и норепинефрин, трицикличните
антидепресиви, исто така, работат со блокирање на дејството на друг
невротрансмитер,ацетилхолин.Се користат при лекување на депресија
и опсесивно компулсивни пореметувања
 Кај новороденчето може да предизвикаат симптоми индуцирани од
лекот, понекогаш и сериозни
 Треба да се провери дозата при крајот на бременоста.
 Доколку лекот се употребува при крајот на бременоста, породувањето
би требало да се одвива во болница со педијатар на повик
 Можниот ризик поврзан со доењето би требало да се земе предвид
индивидуално.
Литиум

 во Интернационалиот регистар на литиум , забележани се 217


новородени како експонирани, во тек на прв триместар и 25 биле со
малформации, 18 со кардиоваскуларни аномалии,вклучувајки и 6
новородени со Ебштаинова аномалија.
 Проспективна студија на 148 експонирани на Литиум во прв триместар
покажала непостоење на разлика во инциденца на мајорни аномалии
споредено со контролната група, со што авторите заклучиле дека
литиумот не е голем хуман тератоген.
 Се екскретира побрзо за време на бременоста , така што серумските
нивоа треба да се мониторираат. Утврдени се перинатални ефекти како
летаргија, хипотонија, гушавост и хиоптироидизам.
 Реферирани се два случаи на полихидрамнион со развој на фетален
диабетес инсипидус . Полихидрамнионот е знак за интоксицираност на
фетусот со литиум.
естрогени и прогестини
 
 Оралните контрацептиви и прогестините дадени во прв триместар во
минатото беа обвинувани како причинители на различни родилни
дефекти.
 Податоците од Collaborative Perinatal Project проспективна студија од
50,282 бремености во период од 7 год ја поддржуваа можноста за ризик
од срцеви дефекти после примање во прв триместар .
 Изработената мета анализа на пациентки изложени на хормони не
открила асоцијација помеѓу експозиција и развој на фетални генитални
аномалии.
 Паметно е да се направи еден сензитивен тест за бременост пред да се
препише контрацептиви или пред да се ординираат прогестини на
пациетка со аменореа.
 Андрогените може да го маскулинизираат женскиот фетус, додека
синтетските тестостеронски деривати може да предизвикаат
клиторомегалија и фузионирање на лабиите доколку се дадат пред
13гн.
антикоагуланти

 варфаринот е асоциран со chondrodysplasia punctata, која е слична на


генетскиот Conradi-Hunermann-ов синдром.Овој синдром се јавува кај
5% од експонираните бремености, клучувајки и назална хипоплазија ,
офталмолошки абнормалности, и ментална ретардација, кои можат да
се појават дури и при примена на лекот и после прв триместар.
 Фетални и матернални хеморагии се забележани кај случаи кои
користат варфарин
  хепаринот не ја минува плацентата поради што е голема молекула со
силен негативен набој. Хепаринот нема несакани ефекти даден во тек
на бременоста и треба да претставува лек на избор кај пациентки кај
кои е неопходна терапија
 Терапија со 20000ед/ден е асоцирано со коскена деминерализација

 Хепаринот може да предизвика и тромбоцитопенија


 Нискомолекуларбите хепарини , еноксопаринот побрзо се отстранува во
тек на бременост и со тоа е препорачлива двократна доза дневно.
Антациди во бременост
 Антацидите претставуваат класа на лекови кои помагаат во

неутрализација на желудочната киселина. Нивниот механизам на


дејство се разликува во однос на другите лекови кои ја намалуваат
или ја превенираат секрецијата на желудочната киселина како што
се инхибиторите на протонска пумпа (омепразол, лансопразол,
пантопразол, есомепразол) или H2– антагонистите (фамотидин,
циметидин, ранидитин).
 Најчести фармацевтски форми на антацидите се: перорални

течности, таблети за џвакање или ефервесцентни таблети. Во


својот состав содржат алуминиум, калциум, магнезиум или натриум
бикарбонат. Преку промена на pH во желудникот, помагаат во
намалување на иритацијата на желудникот, езофагусот или
дуоденумот. Се употребуваат и во третман на гастроезофагеален
рефлукс, гастритис и пептичен улцер и делуваат на тој начин што го
обложуваат езофагусот и желудникот со цел да се намали контактот
меѓу желудочната киселина и површинскиот слој на желудочната
слузница. 
 Антацидите не се употребуваат како долготрајна терапија во
препорачани дневни дози.
 Пациентите со бубрежни заболувања треба да ја избегнуваат

употребата на антациди, особено оние кои содржат алуминиум,


бидејќи намалената бубрежна функција доведува до токсични
нивоа на алуминиум во крвната циркулација.
 Се употребуваат во кратки периоди во бременоста за да се

намали изложеноста на бебето на алуминиум. 


Н2 антагонисти или блокатори на хистамин 2 се класа на
лекови кои се користат за лекување на вишок киселина во
желудникот. Оваа група лекова се користи за ублажување на
рефлукс на желудочна киселина.
 Иако се класифицирани како безбедни за трудници, доилки или

оние кои планираат бременост, нивната употреба е на основа на


препорака на гинеколог.
Инхибитори на протонска пумпа

 Инхибиторите на протонската пумпа се група на лекови чие


главно дејство е изразита и долготрајна редукција на
производството на желудочна киселина. Тие се најпотентните
достапни инхибитори на секрецијата на киселина. Оваа група на
лекови следуваше по и во голема мера ги замени H2 -
рецепторните антагонисти, друга група на лекови со слични
ефекти, но со различен механизам на дејство. 
 ИПП се меѓу најпродаваните лекови во светот, а првиот од нив,
омепразолот.
 Овие лекови не се препорачуваат да се земаат завреме на
бременост освен ако користа е поголема за мајката и го
оправдува потенцијалниот ризик за плодот.
Антинеопластични лекови и имуносупресиви
 
 Метотрексат , антагонист на фолната киселина е хуман тератоген.
Новороденчиња породени од 3 жени за кои се знае дека примале
во прв триместар имале мултипни конгенитални аномалии,
вклучително кранијални дефекти и маформирани екстремитети.
 Имуран(азатиоприн) е користен од страна на пациентки со
трансплантирани бубрези или СЛЕ, со фреквенцијана аномалии
кај 80 жени 2 новороденчиња имале леукопенија, едно СГА,
останатите нормални.
 Не еобјавен зголемен ризик од аномалии кај фетуси експонирани
на циклоспорин ин утеро. Зголемена стапка на прематуритет и
рестрикција во растот е нотирана во некои студии.
 B-клеточната лоза е повеке на удар и е редуцирана наспроти Т-
клеточната лоза , а некои автори ја потенцираат потребата да
новородените кои биле изложени на дејство на имуноспуресиви
бидат мониторирани за имунодефициентност ин утеро.
Лекување на несоница во бременост
 Се преферира нефармаколошко лекување на несоница во

бременост
 Оксазепам е лек од прв избор од бензодиазепините.

 Како анксиолитик, треба да се применува најниската ефективна

доза; дозниот режим не треба да надминува 4 недели и


третманот треба постепено да се прекинува. На пациентите кои
примале бензодиазепини во тек на долг временски период,
може да им биде потребен продолжен период на повлекување. 
 Бензодиазепините за време на породување може да

предизвикаат ниска телесна температура, поспаност, млитавост


и потешкотии со дишењето кај новороденото.
 Би требало да се избегнува редовна употеба на транквилизери

или хипнотици.
Гадење и повраќање во бременоста
 Додатокот на пиридоксин за време на бременоста е корисен бидејќи
потребата е зголемена. Додатоци на витамин Б6 се препорачуваат за
време на бременост и лактација.
 Се преферираат не-фармаколошки третмани.

Фолна киселина
 Доволниот внес на фолати, витамини од групата Б (прехранбен облик) и

фолна киселина (содржана во фармаколошките препарати) се важни за


нормалниот фетален развој.
 Доволниот внес на фолната киселина, го намалува ризикот од

конгенитални малформации, посебно од дефекти на невралната цевка.


За сите жени кои планираат да забременат, се препорачуваат дневни
дози на фолна киселина од 0.4 mg, за комлетно избалансирана диета,
почнувајќи најрано од 1-3 месеци пред забременувањето. Сосема е
оправдано да се започне волку рано, со цел да се постигне
задоволително ниво на фолати во првата недела од бременоста, кога
започнува формирањето на феталните органи.
 Доколку дефектите на невралната цевка биле присутни кај плодот од
претходната бременост или ваквите конгенитални аномалии се присутни
во поблиското семејство, препорачаната доза се зголемува на 4.0 mg
дневно.
 Суплементацијата со фолна киселина се препорачува до 12-та гестациска
седмица. За искористување на фолната киселина, важно е да се обезбеди
и доволен внес на витамин Б12.

Мизопростол е синтетички дериват на простагландин Е1; лек кој предизвикува


контракција на мазни мускулни влакна на миометриумот и проширување на
грлото на матката, што помага да се отстрани содржината на матката празнина.
 За време на бременоста, лекот може да се користи само за да ја прекине, во

спротивно строго е контраиндициран.


 Доколку е потребно, употребата на лекот за време на доењето треба да биде

привремено прекината. Може да се продолжи со доење 5-7 дена по


медицинскиот абортус (5 дена по земањето на мизопростол, но не порано од 7
дена по мифепристон).

You might also like