You are on page 1of 22

Антибиотици

Дефиниција
Антибиотиците се хемиски супстанци произведени
од разни микроорганизми (бактерии, габи,
актиномицес) кои го запираат растењето на
микроорганизмите или ги уништуваат.
До денеска се пронајдени стотици антибиотици, од
нив само мал дел се употребува во пракса, голем
дел од нив се добиваат и синтетички.
Дејства на антибиотиците
Во основа, тие можат да покажуваат две основни
дејства:
1. Бактерицидно дејство – го уништуваат
предизвикувачот на болеста;
2. Бактериостатично дејство – го запираат
растењето и множењето на предизвикувачот на
болеста.
Пеницилини (Penicilini)
Претставува голема група на антибиотици од кои
некои се природни продукти од габи, додека
другите се полусинтетички соединенија.
Во нивната структура заедничко е присуството на
6-аминопеницилинска киселина, како и нивниот
механизам на дејство кој се состои во инхибиција
на синтезата на мукопептидите во бактерискиот
ѕид.
Историја на откривање на
пеницилинот
Пеницилинот е откриен од англискиот бактериолог
Alexander Fleming, кој забележал во една култура ,
засеана со стафилококи, дека настанало лизирање
на бактериите на оние места каде на подлогата
имало загадување со една габа.
Габата со која била загадена културата се викала
Penicillium notatum, според нејзиното име лекот е
наречен Пеницилин.
Историја на откривање на
пеницилинот
Десетина години подоцна, англиските научници
Flory и Chen од суровиот материјал добиен од
културите произвеле извесно количество на
пницилин.
Биле изолирани четири вида, но само еден од нив
нашол практична примена, Пеницилин Г или
бензил пеницилинот (Benzyl penicillin) кој и ден
денес е еден од најдобрите и најчесто користени
антибиотици.
Историја на откривање на
пеницилинот
Недостаток на пеницилинот Г е неговата
осетливост кон деструкција од ензимот Бета-
лактамаза (пеницилиназа), како и слаба активност
кон повеќе грам негативни бактерии.
Во 1957г. била изолирана 6-аминопеницилинската
киселина со чие пронаоѓање почнало и
производството на полусинтетички пеницилини,
некои од нив резистентни на пеницилиназа,
стабилни во кисел pH и активни спрема грам
позитивните и грам негативните бактерии.
Поделба на пеницилините
1. Пеницилини со висока активност спрема грам
позитивните бактерии (Грам+), а кои се
инактивираат од пеницилиназата (Пеницилин Г,
Пеницивин В, Бензатин пеницилин);
2. Пеницилини со малку послаба активност спрема
Грам+ бактерии, но резистентни кон пницилиназата
(Метицилин, Нафцилин, Оксацилин);
3. Пеницилини со широк спектар кои дејствуваат на
Грам+ и Грам- бактерии, но се инактивираат од
пеницилиназата (Ампицилин (Ampicillin),
Карбеноцилин (Carbenocillin), (Amoxicillin)).
Пеницилин Г (Penicillin G)
Лекот земен преку уста не е активен, затоа што се
инактивира од киселата средина што владее во желудникот.
Слабо се ресорбира.
Даден и.м. често дава иритација.
Најчесто се дава и.в.
По навлегувањето во крвта, се дистрибуира во сите ткива и
телесни течности, освен ЦНС, но кога има воспалително
заболување на мозочните обвивки (менингитис) се пробива
доста добро.
Елиминацијата е брза преку бубрезите, каде се
постигнуваат многу високи концентрации.
Пеницилин Г (Penicillin G)
Лек на избор при инфекции од гонококи,
пневмококи, стрептококи, менингококи,
стафилококи кои не продуцираат пеницилиназа,
Трапонема палида, Спирохети, Бацилус антрацис.
Дозирање: 0,6 – 5 милиони единици.
Поради кусо дејство, направени се некои
модификации на Пеницилинот Г, кои имаат
подолготраен ефект над 24 часа. Таков е Прокаин-
бензил-пеницилин кој се дава и.м.
Пеницилин В (Penicillin V)
Претставува пуфериран облик на Пеницилинот Г,
може да се дава и преку уста.
Индициран е при посалби инфекции на
респираторниот тракт, особено кај деца
(фарингитис, отитис, синуситис).
Дозирање: 1-4 грама.
Не се препорачува за потешки инфекции.
Бензатин Пеницилин Г (Benzatin
Penicillin G)
Овој препарат е сол што многу слабо се раствора
во вода.
При и.м. давање долго одржува задоволителни
концентрации во крвта и до 3 недели.
Се дава за профилакса против инфекции со ß-
хемолитичен стрептокок во дози од 2,4 милиони
единици.
Полусинтетски пеницилини
1) Ампицилин (Ampicillin) може да се дава преку
уста во дози од 2-3 грама поделено во неколку
дози. Се користи кај инфекции на уринарен тракт,
против ентерококи.
2) Амоксицилин (Amoxicillin) со подобра
ресорпција од Ампицилинот.
3) Карбеноцилин (Carbenocillin) сличен на
Ампицилинот, со подобро дејтво против
Псеудомонас и Протеус, но Клебсиелите се
резистентни на него.
Пеницилини резистентни на
пеницилиназа
Метицилин (Стафцилин) (Methicillin),
Клоксацилин (Cloxacillin) (Orbenin), Нафцилин
(Nafcillin): овие антибиотици се даваат при
инфекции предизвикани од стафилококи кои
продуцираат пеницилиназа.
Несакани дејства на пеницилините
Пеницилините се најнетоксични антибиотици.
Најголем број од неговите несакани дејства се од
алергиска етиологија.
Почести знаци на алергиска реакција се:
уртикариа, треска, ангионевротичен едем, а
поретки се нефритис и хемолитична анемија.
Несакани дејства на пеницилините
Најголема компликација е појавата на
анафилактичен шок, кој настанува веднаш по
давањето на лекот, а по половина час опасноста е
многу мала. Поради констрикција на респираторната
мускулатура, оваа реакција е опасна за живот.
При појава на оваа компликација
потребно е да се ординира Адреналин
и некој гликокортикоид за парентерална
употреба.
Ретко се јавува при земање на лекот преку уста.
Цефалоспорини
Овие антибиотици се добиени од габата
cefalosporus ackremonium.
По своите особини личат на пеницилините, но се
порезистентни спрема пеницилиназата.
Ефикасни се против инфекции предизвикани од
Грам+ и Грам- бактерии.
Цефалоспорини
Антимикробна активност на цефалоспорините е
насочена во најголем број кон Грам+ бактерии,
вклучувајќи и актиномицес, а во помала мера кон
Грам- бактерии.
Исто така постои во голема мера вкрстена
резистенција помеѓу цефалоспорините и
пеницилините резистентни на пеницилиназата.
Цефалоспорини – ресорпција,
дистрибуција и елиминација
Цефалотинот (Cephalothin), Цефалоридинот
(Cefaloridin) и Цефазолинот (Cefazolin) не се
ресорбираат преку дигестивен тракт, па затоа
мораат да се дадат системски.
Цефалексинот и Цефаридинот добро се
ресорбираат преку дигестивен тракт и се даваат
преку уста.
Дистрибуцијата е речиси во сите ткива, но сосем
слабо во ЦНС.
Нивната елиминација е главно преку бубрези.
Цефалоспорини - индикации
Најчесто се користат кај инфекции предизвикани
од стафилококи кои продуцираат пеницилиназа.
Оне цефалоспорини кои се даваат преку уста се
погодни за лекување на уринарни и респираторни
инфекции.
Понекогаш се користат кога пациентот е алергичен
на пеницилин, но изгледа дека постои вкрстена
хиперсензитивност.
Цефалоспорини – видови
1. Цефалотин (Cephalotin) (Keflin) за и.в. употреба.
2. Цефазолин (Cefazolin) за и.м. употреба.
3. Цефалоридин (Cefaloridin) за и.в. и и.м.
употреба.
4. Цефалексин (Cephalexin) (Кефлекс, Цепорекс),
суспензија, капки за орална употреба.
Цефалоспорини – несакани дејства
Локално болка и надразнување по и.м. давање, а
тромбофлебити по и.в. давање.
Од алергичните реакции почести се кожен осип,
уртикариа, поретко анафилактични реакции,
оштетување на крвната слика и бубрезите.
Орално земени даваат гадење, повраќање и диареа.
Да се внимава доколку пациентот има оштетување
на бубрезите или покачена уреа.

You might also like