You are on page 1of 2

Интраутерин застој во развојот

Апстракт

Поимот интраутерин застој на растот се користи за опишување на фетусот, чија што


тежина е многу помала од очекуваната за дадената гестациска возраст. За разлика од
концептот “неухранетост при раѓање“, дијагнозата на ИУГР се базира на проценка во
согласност со специфичната возраст на бременоста. Затоа, одлучувачки фактор за
поставување на дијагноза, а со тоа и за понатамошно водење на бременоста е точното
определување на гестациската возраст.

Застојот на растот на плодот (ИУГР) претставува важен клинички проблем и е поврзан со


зголемена смртност и морбидитет,воедно доста сериозен , јавно-здравствен проблем кој е
од широк друштвен интерес. Затоа е од големо значење да се идентификува ИУГР пред
породувањето, да се оптимизираат условите за развој на фетусот, да се планира и да се
обезбеди најдобра можна грижа за за периодот по раѓањето. Истиот не се смета за
специфична болест, туку за манифестација на различни болести на мајката и плодот.
Нормалниот интраутерин раст и развој со сигурност гарантира понатамошно
нормално развивање на фетусот како и тоа дека крајот на бременоста ќе резултира со
здраво новороденче. Благодарение на медицинската технологија , се повеќе се овозможува
пратење на феталниот раст in utero, а исто така напредокот во биотехнологијата и
модерната молекуларна биологија води до клиничка имплементација на фактори на раст (
хормони на раст) со кои е овозможено лекување на последиците од феталниот застој на
растот.
Плодот со интраутерин застој во развојот подобро е да се смета за ослабен плод,
кој што нема соодветен резервен потенцијал за последователна постнатална адаптација.
Таквиот фетус е изложен на зголемен ризик од смрт или неонатална смрт, задушување при
раѓање или за време на пораѓајот. Веднаш по раѓањето, се соочува со мекониумска
аспирација, хипогликемија, хипотермија, респираторен дистрес, неонатална хипоксија
итн.
Целта на оваа презентација е да ја истакнеме сериозноста на оваа состојба
како битен фактор во понатамошниот психомоторен раст и развој на поединецот.
Започнувајќи со дефинирање на поимот (ИУГР), ќе ги утврдиме причините
кои придонесуваат за појава на оваа состојба, поттикнувачките ризик фактори, важноста
на раното дијагностицирање на оваа состојба, мерките што треба да се превземат како и
последиците од интраутериниот застој во растот.

Катерина Златковиќ
ППОБ ,,Ре медика '' - СКОПЈЕ

You might also like