You are on page 1of 2

НАЧИН НА ПРИМЕНА НА ЛЕКОВИТЕ

Лековите може да се применуваат:


*Локално (предизвикаат ефект на местото на примената

*Системски (дејство на дел од телото кој е оддалечен од местото на примената)

 Локалната примена подразбира апликација на лекови точно таму каде


што се очекува нивниот ефект.
Пр.
1.Примена на кожа и на видлива слузокожа (усна празнина, око, вагина,
надворешен отвор на уретра, ушен канал, ректум и др.)
За локална примена најчесто се користат лекови во облик на адекватни
фармацевтски препарати како што се раствори, капки, суспензии, емулзии,
гелови, креми, масти и др.
2.Примената на лекови со помош на инјекција во строго дефиниран дел од телото
како што се, на пример, зглобната празнина или некои ткива, исто така
претставува локален начин на примена.
3.Апликацијата на локални анестетици во точно одреден предел во усната
празнина, пред екстракција на заби, е карактеристичен пример за локална
примена на лекови. Во овие случаи од лекот очекуваме само локално дејство на
местото каде што сме го примениле, а не каков било системски ефект.
**Некогаш и лековите што се применуваат перорално (со голтање) имаат
исклучително локално дејство врз слузокожата на цревата или во самиот лумен
на цревото. Тие не се ресорбираат, не доаѓаат во системската циркулација туку
дејствуваат само во внатрешноста на дигестивниот тракт. Така, антацидите го
неутрализираат вишокот на желудочната киселина во желудочната празнина,
лаксансите доведуваат до празнење преку дејствување врз цревните структури,
нистатинот дејствува врз габичките само во цревата, а некои антихелминтици
влијаат само врз цревните паразити. За овие лекови, велиме дека имаат само
локално дејство.
 Најголем број лекови по апликацијата од местото на примената влегуваат
во системската циркулација, се дистрибуираат со крвта до оддалечените
органи каде што еден или повеќе од нив го манифестираат своето дејство.
За овие лекови велиме дека имаат системско дејство. Лековите најчесто
се применуваат перорално (со голтање) во фармацевтски облик на таблети,
капсули, раствори, гранули и др. По ресорпцијата преку слузокожата на
дигестивниот тракт молекулите на овие лекови влегуваат во системската
циркулација и во оддалечените органи. Ресорпцијата во крвта ретко се
одвива по примената на лековите на кожата или на слузокожата на носот
или во респираторниот тракт. Со помош на инјекција лековите може да се
аплицираат во некое ткиво (мускул, кожа, поткожно масно ткиво, ’рбетниот
мозок и др.) или директно во системската циркулација (интравенски или
интраартериски).

You might also like