You are on page 1of 40

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Факултет за медицински науки


Студии по фармација
Катедра по аналитика на лекови и
фармацевтска хемија

Наставен предмет:
АНАЛИТИКА НА ЛЕКОВИ 2

ЕКСТРАКЦИОНИ МЕТОДИ ВО
1 ФАРМАЦЕВТСКИТЕ АНАЛИЗИ

Д–р Биљана Ѓорѓеска, редовен професор


ПРИНЦИП НА ЕКСТРАКЦИОНИТЕ МЕТОДИ
❖ Со помош на соодветен растворувач, испитуваниот
аналит се екстрахира од формулациониот матрикс во кој,
покрај аналитот, се забележува присуство и на други
компоненти кои може да интерферираат во текот на
анализата.
❖ За разлика од интерферирачките компоненти, кои треба да
имаат органичена растворливост во избраниот
растворувач, аналитот од интерес треба лесно да се
раствара во овој растворувач.
❖ Со цел да се намалат можностите за дополнителни
интерференции, после завршувањето на екстракциониот
процес, можно е да се применат и дополнителни чекори за
партиционирање.
ПРИМЕНА НА ЕКСТРАКЦИОНИТЕ МЕТОДИ
❖ Најголем дел од фармацевтските анализи бараат еднократна или
повеќекратна екстракција, а оптимизацијата на овие методи
директно влијае врз точноста и прецизноста на анализата.
❖ Кога станува збор за биоаналитички процедури и концентрирање на
онечистувања во трагови во одредена формулација, најчесто
употребувани методи се комплексната екстракција и методите за
дериватизација. Овие методи речиси никогаш не се употребуваат
за контрола на квалитет на активните компоненти во рамките на
фармацевтската формулација.
❖ За контрола на квалитет на активните компоненти во
фармацевтската формулација, главно се применува метод на
едноставна екстракција. Притоа, доколку во текот на едноставната
екстракциона метода се јават интерференции од ексципиенсите,
можно е да се примени метод на хроматографија, кој ќе овозможи
разделување на активната компонента од ексципиенсите, а потоа и
нејзина квантификација.
❖ Кај ниско дозажните формулации или современите формулации за
испорака, потребно е да се применат подетални методи за третман
на фармацевтската формулација.
ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА ЕКСТРАКЦИОНИТЕ
МЕТОДИ

Предности Недостатоци

❖ Едноставни и евтини ❖ Ограничена селективност;


методи за ефикасно ❖ Ограничен број на
отстранување на растворувачи кои може да
компонентите кон се користат;
интерферираат.
❖ Потребен е релативно
голем волумен на
растворувач за ефикасно
спроведување на одреден
екстракционен метод.
ИНТЕРФЕРЕНЦИИ ОД ЕКСЦИПИЕНСИ ВО
ФАРМАЦЕВТСКИ ФОРМУЛАЦИИ
❖ Со цел да се отстранат ексципиенсите кои може да интерферираат
во текот на фармацевтската анализа, неопходно е пред самата
анализа да се примени метод на екстракција. Ваквиот пристап е
задолжителен доколку пред анализата не бил применет некој метод
на хроматографија со чија помош би се овозможила сепарација на
активната од останатите компоненти во формулацијата.
❖ Во одредени случаи (отстранување на нерастворливи ексципиенси
од таблети или отстранување на масни ексципиенси од кремови и
масти), и покрај применетиот хроматографски метод, неопходно е да
се примени и некој екстракционен метод, со цел овие ексципиенси
ефикасно да бидат отстранети пред анализата.
❖ Покрај хроматографските, постојат и нехроматографски методи со
чија помош може да се заобиколи подготовката на примерокот за
анализа бидејќи истите користат напредни компјутерски софтвери со
кои може да се отстранат интерференциите.
❖ Доколку се мониторираат ниски нивоа на лекови во биолошки
флуиди, потребно е екстракционите методи детално да бидат
изведени со цел да се отстранат потенцијалните интерференции кои
би можеле да потекнуваат од одредени ендогени компоненти.
ИНТЕРФЕРЕНЦИИ ОД НАЈЧЕСТО УПОТРЕБУВАНИ
ЕКСЦИПИЕНСИ ВО ТАБЛЕТИ И КАПСУЛИ – ПОЛНИТЕЛИ
❖ Како полнители за изработка на таблети и капсули може да се
употребуваат лактозата, целулозата, скробот и манитолот. Имајќи
предвид дека овие супстанции се поларни, истите многу лесно ќе се
растворат или ќе набабрат во вода. Токму поради оваа причина,
екстракционите методи на хидросолубилните лекови најдобро се
изведуваат во воден медиум, со цел лекот ефикасно да се ослободи
од матриксот на формулацијата.
❖ Полнителите не апсорбираат во UV регионот, поради што постои
мала веројатност дека тие директно би интерферирале во
хроматографскиот метод. На пример, ако се користи реверзно фазно
пакување кај HPLC, полнителите би се елуирале заедно со празниот
волумен на мобилната фаза, предизвикувајќи минимални промени
во хроматографската основна линија. Слично на тоа, тие може да
предзвикуваат минимални интерференции во директните UV
спектрофотометриски анализи.
❖ Ако лекот не е лесно растворлив во вода, во текот на
екстракционата метода може да се употребуваат метанол или
етанол, кои ќе предизвикаат ефикасно наквасување на прашочната
формулација, но и растварање на голем број органски компоненти
од фармацевтската формулација.
ИНТЕРФЕРЕНЦИИ ОД НАЈЧЕСТО УПОТРЕБУВАНИ
ЕКСЦИПИЕНСИ ВО ТАБЛЕТИ И КАПСУЛИ – ЛИЗГАЧИ И БОИ
❖ Најкарактеристични претставници на лизгачите се: магнезиум
стеаратот, стеаринската киселина и полиетилен гликолот. Од
вкупната таблетарна маса, на лизгачите им отпаѓаат само 1 – 2 %.
Имајќи го предвид овој факт, но и фактот дека лизгачите поседуваат
слаби хромофори, може да се заклучи дека истите поседуваат низок
потенцијал за интерференција.
❖ При изработката на таблети или капсули може да се употребуваат
различни видови на бои, особено органометални бои или метални
оксиди. Ваквите бои поседуваат висок потенцијал да
интерферираат во текот на анализата бидејќи истите можат
ефикасно да апсорбираат во UV и VIS регионот. Нивното
отстранување е многу тешко бидејќи тие не се раствараат во ниту
еден од растворувачите кои се користат во екстракционите методи,
па затоа треба да се филтрираат заедно со останатите
нерастворливи ексципиенси, присутни во таблетарната или
капсуларната формулација. Доколку се анализираат капсули,
најпрво е потребно да се отстрани обоениот ѕид на капсулата, а
потоа може да се пристапи кон анализа на содржината на капсулата.
ИНТЕРФЕРЕНЦИИ ОД НАЈЧЕСТО УПОТРЕБУВАНИ
ЕКСЦИПИЕНСИ ВО РАСТВОРИ И СУСПЕНЗИИ – БОИ
❖ Најчесто употребувани бои за изработка на раствори и суспензии се
природните пигменти (хлорофили, каротеноиди, антоцијани) и
боите базирани на јаглен (катран).
❖ Заедничка карактеристика на сите овие бои е тоа што истите се
хидросолубилни, односно растворливи во вода.
❖ Слично како и другите, така и овие ексципиенси може да
интерферираат во текот на анализата, па токму поради оваа
причина, потребно е истите да бидат соодветно отстранети. За таа
цел може да се применува цврсто – фазна екстракција со
јоноизменувачки смоли, која овозможува ефикасно отстранување
на анјонските, но и на катјонските бои.
❖ При едноставна екстракција на активната компонента во органски
растворувач со средна поларност, боите може да заостанат во
водената фаза.
ИНТЕРФЕРЕНЦИИ ОД НАЈЧЕСТО УПОТРЕБУВАНИ
ЕКСЦИПИЕНСИ ВО РАСТВОРИ И СУСПЕНЗИИ –
КОНЗЕРВАНСИ, АНТИОКСИДАНСИ И СУРФАКТАНТИ

❖ Од останатите ексципиенси, во растворите се забележува и


присуство на конзерванси и антиоксиданси. Како такви,
најчесто се употребуваат фенолите и кватернерните амини
(бензалкониум хлорид), кои поседуваат доволно јаки
хромофори за да интерферираат во текот на анализата. За
таа цел, овие соединенија задолжително мора да бидат
отстранети со екстракциона метода пред анализата на
фармацевтската формулација.
❖ Од останатите ексципиенси, во суспензиите се забележува
присуство на сурфактанти (детергенти базирани на
полиетилен гликол). Имајќи предвид дека ваквите соединенија
не покажуваат значителна апсорпција во UV регионот, истите
поседуваат минимален потенцијал за интерференција.
ИНТЕРФЕРЕНЦИИ ОД НАЈЧЕСТО УПОТРЕБУВАНИ
ЕКСЦИПИЕНСИ ВО КРЕМИ И МАСТИ – СОЛИ НА МАСНИ
КИСЕЛИНИ, СУРФАКТАНТИ И ТРИАЦИЛГЛИЦЕРОЛИ
❖ Често користени ексципиенси за изработка на креми и масти се Na+
и K+ соли на масните киселини, но и одредени катјонски и
нејонски сурфактанти. Иако овие соединенија не поседуваат јаки
хромофори, сепак истите може да интерферираат во текот на
хроматографските методи. Така, доколку не бидат соодветно
отстранети, масните киселини може да ги контаминираат реверзно
фазно пакуваните колони кај HPLC. Ваквата контаминација се
забележува на хроматограмот преку нарушување на формата на
хроматографските пикови.
❖ Кремите и мастите може да содржат и високо количество на
триацилглицероли, кои задолжително треба да бидат отстранети
со цел да се спречи појавата на интерференции во текот на
хроматографската метода. Истите делумно може да се отстранат со
едноставна екстракција со метанол или пак, може да се
применува партиционирање помеѓу различни растворувачи. Ако
се применува методот на партиционирање, како растворувачи може
да се користат хексан и метанол, при што липофилните
триацилглицероли ќе поминат во слојот од хексан. Покрај хексан и
метанол, како рестворувачи за партиционирање може да се користат
метанол и вода во различен сооднос.
ЕКСТРАКЦИОНИ МЕТОДИ СО РАСТВОРУВАЧ КОИ СЕ
КОРИСТАТ ВО ФАРМАЦЕВТСКИТЕ АНАЛИЗИ
❖ Екстракционите методи со растворувач претставуваат
едноставни методи за одделување на аналитот од
ексципиенсите и фармацевтската формулација.
❖ Понатамошниот аналитички метод, кој ќе биде применет на
изолираниот аналит, може да биде: гравиметриски,
волуметриски, спектрофотометриски или хроматографски.
Во фармацевтската индустрија, од сите овие методи, најчесто
применувани се хроматографските методи.
❖ Екстракциониот метод треба да биде приспособен на потребата
за отстранување на ексципиенсите и особините на аналитот.
❖ Најчесто користени екстракциони методи со растворувач во
фармацевтските анализи се:
➢ екстракција на органски бази и органски киселини со користење
на нивните јонизирани и нејонизирани форми;
➢ партиционирање помеѓу органски растворувачи;
➢ јон пар екстракција;
➢ суперкритична течна екстракција.
ЕКСТРАКЦИЈА НА ОРГАНСКИ БАЗИ И ОРГАНСКИ КИСЕЛИНИ
СО КОРИСТЕЊЕ НА НИВНИТЕ ЈОНИЗИРАНИ И
НЕЈОНИЗИРАНИ ФОРМИ
❖ SO42– и Cl– соли на органските бази слободно се раствараат во
вода, додека нејонизираните бази вообичаено се раствараат во
органски растворувачи и тоа поларни органски растворувачи
(хлороформ или мешавина од хлороформ и етанол).
❖ K+ и Na+ соли на органските киселини слободно се раствараат во
вода, додека нејонизираните киселини вообичаено се раствараат
во органски растворувачи.
❖ Ваквите карактеристики може да бидат искористени како предност
при дизајнирање и развој на екстракциониот метод.
❖ Пример за ваков тип на екстракција е анализата на циклизин
лактат инјекции според Британска фармакопеја. Прво,
инјекцијата се разредува со разредена H2SO4, а потоа неутралните и
киселите ексципиенси од инјекционата формулација се екстрахираат
со етер. Понатаму, растворот се алкализира, а циклизинот се
екстрахира во етерниот слој, оставајќи го лактатниот јон во водениот
слој. Со цел полесно одредување на апсорбанцата со UV
спектрофотометар, но и полесно разредување на екстрактот,
циклизинот повторно се враќа во разредената H2SO4, по што истиот
подлежи на дополнително разредување.
ПАРТИЦИОНИРАЊЕ ПОМЕЃУ ОРГАНСКИ
РАСТВОРУВАЧИ
❖ Партиционирањето помеѓу органски растворувачи се користи за
екстракција на аналити од масни ексципиенси.
❖ Најчесто употребувани системи за партиционирање помеѓу органски
растворувачи се:
➢ метанол / хексан;
➢ воден етанол / хексан;
➢ ацетонитрил / хексан.
❖ Пример за ваков тип на екстракција е екстракцијата на
кортикостероиди од креми. Прво, кремот се диспергира со
загревање во хексан, а потоа се врши екстракција со еднаков
волумен на метанол. Притоа, масните ексципиенси доминантно
партиционираат во слојот со хексан, а кортикостероидите
доминантно партиционираат во слојот со метанол.
❖ Употребата на внатрешен стандард со слична структура како
аналитот, е од круцијално значење за обезбедување на добра
прецизност кај ваквиот тип на методи.
❖ Овој тип на екстракција претставува фармакопејски метод кој се
применува во анализите на: хидрокортизон ацетат крем,
флуоцинолон крем и беклометазон крем.
ЈОН ПАР ЕКСТРАКЦИЈА
❖ Јон пар екстракцијата претставува стандарден метод за
одредување на јонски сурфактанти, колориметриски или
титриметриски.
❖ На пример, катјонскиот сурфактант цетримид може да се одреди
преку поврзување со липофилна анјонска боја (бромкрезол
виолетово). Како резултат на ваквото поврзување се создава
липофилен јонски пар, кој може да се екстрахира во органски
растворувач (хлороформ) и квантитативно да се определи со
помош на спектрофотометриско мерење на бојата.
❖ Јон пар екстракцијата претставува и фармакопејски метод кој се
применува во анализите на клонидин инјекции и бензхексол
таблети.
❖ Исто така, јон пар екстракцијата може да се користи и за
екстрахирање на поларни аналити во биоаналитички процедури.
СУПЕРКРИТИЧНА ТЕЧНА ЕКСТРАКЦИЈА (SFE) –
ПРЕДНОСТИ
❖ Иако се употребуваат над нивната критична температура,
односно над нивниот критичен притисок, растворувачите во
суперкритичната течна екстракција поседуваат речиси иста
ефикасност како и другите течни растворувачи. Фактот што
масениот трансфер помеѓу примерокот и растворувачот
(степенот на екстракција) се одвива релативно брзо, претставува
и главна предност на ваквиот тип на растворувачи;
❖ Преку промена на притисокот во садот за екстракција се
овозможува зголемување или намалување на растворувачката
моќ на суперкритичните флуиди. Истовремено, ваквиот пристап
овозможува и селективна екстракција на компонентите од
примерокот;
❖ СО2, кој често се употребува како суперкритичен екстракционен
флуид, претставува нетоксичен и незапалив растворувач, кој
многу лесно се отстранува. Неговата ниска критична
температура (31,1оС) му овозможува да се користи како
ефикасен растворувач за екстрахирање на нестабилни
компоненти.
СУПЕРКРИТИЧНА ТЕЧНА ЕКСТРАКЦИЈА (SFE) –
ИНСТРУМЕНТАЦИЈА
СУПЕРКРИТИЧНА ТЕЧНА ЕКСТРАКЦИЈА (SFE) –
ПРИНЦИП НА ИНСТРУМЕНТОТ

❖ Најефикасен метод за спроведување на суперкритичната


течна екстракција е т.н. динамички процес.
❖ Динамичкиот процес овозможува додавање на поларен
модификатор (метанол), кој ја зголемува моќта на
растворувачот (СО2).
❖ Течниот СО2 со околу 5 % v / v поларен модификатор
поминува низ колона од не’рѓосувачки челик, во која, покрај
примерокот, може да се наоѓа и некој инертен материјал
(песок).
❖ Благодарение на инертниот материјал, примерокот го
исполнува целиот волумен на колоната.
СУПЕРКРИТИЧНА ТЕЧНА ЕКСТРАКЦИЈА (SFE) –
ПРИМЕР ЗА ПРИМЕНА
❖ Суперкритичната течна екстракција може да се користи за
претретман на таблети кои содржат витамин А, витамин Е,
како и нивни ацетатни и палмитатни естри.
❖ За таа цел, таблетарниот прашок се меша со песок, а
потоа се полни во колоната за екстракција.
❖ Како екстракционо средство се користи СО2, самостојно, на
температура од 40оС и за време од 15 минути. Имено, СО2
се ослободува во атмосферата откако ќе помине низ вијала
со тетрахидрофуран на 0оС, со цел да ги зароби
аналитите.
❖ Ваквиот метод е поселективен во споредба со веќе
развиениот метод на течна / течна екстракција. Понатаму,
примерокот може да се анализира со помош на HPLC.
ЦВРСТО – ФАЗНА ЕКСТРАКЦИЈА (SPE) –
ПРИНЦИП И ПРИМЕНА

❖ Принцип:
➢ По полнење на колоната за цврсто – фазна екстракција со
раствор (кој го содржи аналитот) и растворувач со ниска моќ на
елуирање, аналитот се задржува на адсорбентот. Во
продолжение, колоната се промива со растворувачи со ниска
моќ на елуирање и на крај, аналитот се елуира со мал волумен
на растворувач со висока моќ на елуирање.
❖ Примена:
➢ селективно раздвојување на ексципиенси кои може да
интерферираат со активната компонента во дадена
формулација, кое не може да се постигне со помош на методот
на течна / течна екстракција;
➢ биоаналитички мерења и мониторирање на состојби кога
аналитот е во траги.
ЦВРСТО – ФАЗНА ЕКСТРАКЦИЈА (SPE) –
МОЌНОСТИ И ОГРАНИЧУВАЊА
❖ Моќности:
➢ Адсорбентот не се меша со растворувачите и затоа, по полнењето на
колоната со примерокот, различни растворувачи може да се употребат за
елуирање на ексципиенсите кои може да интерферираат со аналитот;
➢ Адсорбентот може да биде со различна хемиска природа преку која
обезбедува висока селективност кон одредена функционална група,
присутна во аналитот;
➢ Меѓу двете фази (адсорбентот и растворувачот) не се формираат емулзии;
➢ Во колоната може да се задржи поголем волумен од примерокот, по што
истиот може да се концентрира;
➢ Доволен е мал волумен на растворувач за измивање на колоната и
елуирање на компонентите;
➢ Екстракцијата може да се изведува во серии;
➢ Трошоците за колоната може да се компензираат со ниските трошоци за
купување и отстранување на растворувачите.
❖ Ограничувања:
➢ Во повеќето случаи треба да се користи внатрешен стандард за да се
намали можноста за иреверзибилна апсорпција на компонентите од
адсорбентот;
➢ Колоните кои содржат адсорбенти базирани на силика гел, се релативно
нестабилни во алкални услови.
ЦВРСТО – ФАЗНА ЕКСТРАКЦИЈА (SPE) –
ИНСТРУМЕНТАЦИЈА
ЦВРСТО – ФАЗНА ЕКСТРАКЦИЈА (SPE) –
ПРИНЦИП НА ИНСТРУМЕНТОТ
❖ Волуменот на примерок кој се додава во малата колона за SPE може да се
зголеми со употреба на колона со поголем резервоар за примерокот.
Вообичаено, примерокот се аспирира низ колоната под дејство на вакуум.
❖ SPE се изведува во пет чекори:
1. Колоната се измива со 5 – 10 волумени од растворувачот кој ќе се употреби за
елуирање на аналитот, а доколку се користи јоноизменувачки адсорбент,
потребно е да се додадат и 5 – 10 волумени од соодветен пуфер;
2. Примерокот се полни во колоната;
3. Растворувачот поминува низ колоната, оставајќи ги аналитот и
онечистувањата адсорбирани на адсорбентот;
4. Колоната се измива со растворувач, кој може да ги елуира онечистувањата,
но не и аналитот од колоната. Изборот на овој растворувач треба да биде во
согласност со физичко – хемиските особини на аналитот и адсорбентот;
5. Аналитот се елуира од колоната со помош на соодветен растворувач, кој
освен што ќе го елуира аналитот, не треба да стапи во интеракција со
останатите супстанции кои би можеле да интерферираат во текот на
анализата.
ЦВРСТО – ФАЗНА ЕКСТРАКЦИЈА (SPE) –
ПРИНЦИП НА ИНСТРУМЕНТОТ
АДСОРБЕНТИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО ЦВРСТО –
ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (SPE)

❖ Најчесто употребувани адсорбенти во SPE се:


1. Липофилни силика гелови;
2. Модифицирани силика гелови со поларна површина;
3. Модифицирани силика гелови со јоноизменувачки
групи на површината;
4. Боратни гелови;
5. Имуноафинитетни гелови.
ЛИПОФИЛНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)

❖ Липофилните силика гелови може да ги задржуваат:


➢ нејонизираните липофилни компоненти (со помош на Van der
Waals–ови интеракции);
➢ амините (со помош на поларни интеракции).
❖ Вообичаено, липофилните силика гелови не се целосно
зафатени, па на површината остануваат слободни
силанолни групи.
❖ Како такви, липофилните силика гелови може да се
користат за екстракција на:
➢ базни компоненти;
➢ кисели компоненти;
➢ неутрални компоненти.
ЛИПОФИЛНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
❖ Базните компоненти се екстрахираат од воден раствор со
подесување на рН – вредноста во базен опсег со базен пуфер.
Понатаму, колоната се измива со: базен пуфер, вода или мешавина
од метанол и базен пуфер (ако компонентата е високо липофилна).
На крај, базните компоненти се елуираат со кисел пуфер или
одреден органски растворувач (метанол или етанол).
❖ Киселите компоненти се екстрахираат од воден раствор со
подесување на рН – вредноста во кисел опсег со кисел пуфер.
Понатаму, колоната се измива со: разредена киселина, вода или
мешавина од метанол и разредена киселина (ако компонентата е
високо липофилна). На крај, киселите компоненти се елуираат со
базен пуфер, метанол, ацетонитрил или тетрахидрофуран.
❖ Неутралните компоненти може да се екстрахираат без контрола на
рН – вредноста. Колоната може да се измива со: разредена
киселина, базен пуфер (заради отстранување на јонизираните
онечистувања) или мешавина од метанол и вода. На крај,
неутралните компоненти се елуираат со: метанол, етанол или
хлороформ.
ЛИПОФИЛНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
МОДИФИЦИРАНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ СО ПОЛАРНА ПОВРШИНА
КАКО АДСОРБЕНТИ ВО ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА
(SPE)
❖ Модифицираните силика гелови со поларна површина
може да ги задржуваат аналитите преку интеракција
помеѓу поларните групи.
❖ Овие адсорбенти вообичаено се користат за поларни
компоненти кои не биле доволно задржани со помош на
реверзно фазните адсорбенти.
❖ На почетокот, примерокот се полни во колоната заедно со
растворувач кој не е доволно моќен за да го елуира
аналитот од примерокот. Понатаму, колоната може да се
измива со помош на органски растворувач со средна
поларност (на пример, метилен хлорид ослободен од
алкохол). На крај, поларните компоненти се елуираат со
метанол или мешавина од метанол и кисел пуфер (за
базни компоненти) или мешавина од метанол и базен
пуфер (за кисели компоненти).
МОДИФИЦИРАНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ СО ПОЛАРНА ПОВРШИНА
КАКО АДСОРБЕНТИ ВО ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА
(ЅРЕ)
МОДИФИЦИРАНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ СО ЈОНОИЗМЕНУВАЧКИ
ГРУПИ НА ПОВРШИНАТА КАКО АДСОРБЕНТИ ВО ЦВРСТО –
ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)

❖ Главната предност на модифицираните силика гелови со


јоноизменувачки групи (анјонски и катјонски) на површината
се ниските органосорптивни карактеристики.
❖ Поради ниските органосорптивни карактеристики, за
елуирање на органските компоненти после адсорпцијата на
модифицираните силика гелови со јоноизменувачки групи
на површината, не е потребно да се користи високо
органски растворувач.
❖ Модифицираните силика гелови со јоноизменувачки групи
на површината може да бидат:
➢ модифицирани силика гелови со анјонски изменувачи на
површината;
➢ модифицирани силика гелови со катјонски изменувачи на
површината.
МОДИФИЦИРАНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ СО АНЈОНСКИ
ИЗМЕНУВАЧИ НА ПОВРШИНАТА КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
❖ Ако силика геловите се модифицирани со анјонски изменувачи на
површината, потребно е колоната да се промие со 0,01 – 0,1 М пуфер со
цел рН на колоната да се изедначи со рН на примерокот. Притоа, пуферот
треба да содржи јони кои релативно лесно може да се заменат (на пример,
OH, CH3COO– или F–). Покрај тоа, постојат и јони кои тешко може да се
заменат (на пример, Cl–, Br–, NO3–, HSO4– или цитрати).
❖ Понатаму, примерокот се аплицира во 0,1 М пуфер, чија рН е 1 – 2 рН –
единици над рКа на примерокот. На пример, ако станува збор за
метицилин (рКа = 2,8), рН на пуферот треба да изнесува од 3,8 – 4,8.
❖ Со оглед на фактот што метицилинот е релативно јака киселина, истиот
може да се екстрахира со јак или слаб катјонски изменувач.
❖ Во продолжение, адсорбентот треба да се промие со избраниот пуфер,
дејонизирана вода или органски растворувач. Дури тогаш, аналитот
може да се елуира со пуфер кој содржи спротивни јони во висока
концентрација. Во случајот на метицилин, може да се користи 1 М натриум
хлорид или 1 М натриум цитрат.
❖ Имајќи предвид дека голем дел од органските компоненти поседуваат
афинитет кон липофилната површина на адосрбентот, во пуферот за
елуирање на аналитот може да биде вклучен и метанол.
МОДИФИЦИРАНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ СО АНЈОНСКИ
ИЗМЕНУВАЧИ НА ПОВРШИНАТА КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
МОДИФИЦИРАНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ СО КАТЈОНСКИ
ИЗМЕНУВАЧИ НА ПОВРШИНАТА КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
❖ Ако силика геловите се модифицирани со катјонски изменувачи на
површината, потребно е колоната да се промие со 0,01 – 0,1 М
пуфер со цел рН на колоната да се изедначи со рН на примерокот.
Притоа, пуферот треба да содржи јони кои релативно лесно може да
се заменат (на пример, K+, Na+ или NH4+). Покрај тоа, постојат и јони
кои тешко може да се заменат (на пример, двовалентните јони Ca2+
и Mg2+).
❖ Понатаму, примерокот се аплицира во 0,1 М пуфер, чија рН е 1 – 2
рН – единици под рКа на примерокот. На пример, ако станува збор
за адреналин (рКа = 9,7), како пуфер се користи амониум
хлоридниот пуфер со рН = 8,3.
❖ Во продолжение, адсорбентот треба да се промие со избраниот
пуфер, дејонизирана вода или органски растворувач. Дури
тогаш, аналитот може да се елуира со пуфер кој содржи
спротивни јони во висока концентрација. Во случајот на адреналин,
може да се користи 1 М амониум хлорид.
❖ Имајќи предвид дека голем дел од аналитите поседуваат ограничена
растворливост во вода, во пуферот за елуирање на аналитот може
да бидат вклучени корастворувачи како метанол или етанол.
МОДИФИЦИРАНИ СИЛИКА ГЕЛОВИ СО КАТЈОНСКИ
ИЗМЕНУВАЧИ НА ПОВРШИНАТА КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
ФАКТОРИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОСВЕТИ ВНИМАНИЕ
ДОКОЛКУ СЕ КОРИСТАТ СИЛИКА ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ
ВО ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)

1. Ако постои многу брз степен на проток, нема доволно


време за да се воспостави рамнотежа помеѓу адсорбентот
(силика гелот) и растворувачот.
➢ Пример: растворувачот може да помине низ колоната без да
оствари интеракција со целата површина на адсорбентот.
2. Капацитетот на адсорбентот (силика гелот) се движи во
интервал од 1 – 5 % од неговата вкупна маса.
➢ Пример: ако масата на адсорбентот е 100 mg, истиот може да
адсорбира 1 – 5 mg од аналитот.
3. Возможно е неселективните адсорбенти (силика гелови) да
имаат намален капацитет за аналитот доколку аналитот
се наоѓа во нечист матрикс.
➢ Пример: ако се користи мало количество на октадецил силика
гел за екстракција на аналит од онечистен матрикс со големи
количества на липофилни компоненти, капацитетот на октадецил
силика гелот за адсорпција на аналитот ќе биде нарушен.
ФАКТОРИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОСВЕТИ ВНИМАНИЕ
ДОКОЛКУ СЕ КОРИСТАТ СИЛИКА ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ
ВО ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)

4. Посебно внимание треба да се посвети на контролата на рН –


вредноста на примерокот и растворите за измивање.
5. Правилен и внимателен избор на растворувачи за измивање
може да резултира со добивање на примерок со висок степен
на чистота.
6. Растворувачот за елуирање треба да ги надмине примарните
интеракции помеѓу аналитот и адсорбентот (силика гелот), како
и било какви секундарни интеракции со силанолните групи.
7. Количината на фини честици од адсорбентот (силика гелот)
може да варира помеѓу различни производители на вакви
колони. Идеално, многу малите фини честици треба да се
елуираат од колоната заедно со примерокот. Фините честици од
силика гелот може да го оштетат HPLC системот или да
интерферираат во реакциите на дериватизација, кои се
применуваат пред анализа со GC.
БОРАТНИ ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ ВО ЦВРСТО –
ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
❖ Боратните гелови се базираат на имобилизирана алкил борна
киселина и како такви, истите поседуваат селективен афинитет
за 1,2– или 1,3– диолните групи. Ваквите групи се присутни во
молекулите кои содржат катехол (допамин), во шеќерните
молекули или во гликозидите.
❖ На почетокот, аналитот се полни во колоната со боратен гел, со
помош на пуфер со рН = 7,0. Потоа, формираниот комплекс
може да се разгради со употреба на средно кисел елуент (0,1 М
оцетна киселина).
❖ Ваквиот тип на екстракција може да се користи за одредување
на катехоламините (допамин, адреналин и норадреналин) во
крвната плазма. Исто така, овој тип на екстракција може да се
користи и кај дијабетичари за одредување на степенот на
реакција на глукозата со серумските албумини, кој
претставува мерка за флуктуација на глукозата во однос на
времето.
БОРАТНИ ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ ВО ЦВРСТО –
ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
ИМУНОАФИНИТЕТНИ ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)
❖ Имуноафинитетните гелови се базираат на имобилизирани
лиганди кои имаат висок афинитет кон точно одреден аналит.
Постојат примери во кои антитела се развиваат за точно одреден
аналит, а потоа се прикачуваат за површината на адсорбентот.
Поради различните видови на хемиски реакции, ваквиот тип на
имобилизација широко може да се користи во биохемијата.
❖ Со развојот на биотехнолошките производи (терапевтски
протеини), употребата на ваков тип на колони за екстракција може
да се зголеми бидејќи истите се дизајнирани да бидат високо
селективни токму за биотехнолошките производи.
❖ Во повеќето случаи, за подготовка на ваков тип на адсорбенти се
користат поликлонални антитела, но со зголемување на
достапноста на моноклоналните антитела, се зголемува и бројот
на имуноафинитетни гелови со моноклонални антитела. Токму овие
гелови би можеле да се користат за екстракција на пептидни лекови
од биолошки матрикси, пред нивна анализа. Развиен е
имуноафинитетен гел со моноклонални антитела за β–интерферон
и истиот се користи во фармацевтската индустрија за екстракција на
овој интерферон од ферментирани мешавини.
ИМУНОАФИНИТЕТНИ ГЕЛОВИ КАКО АДСОРБЕНТИ ВО
ЦВРСТО – ФАЗНАТА ЕКСТРАКЦИЈА (ЅРЕ)

You might also like