You are on page 1of 3

НАСОКИ ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛИ ЗА ИЗБРАНИТЕ

ЛЕКАРИ ОД ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Процесот на изготвување на протоколите за избраните лекари од примарната здравствена


заштита влегува во втора фаза, каде материјалот кој беше добиен со работата на работните групи
во првата фаза треба да се синтетизира во форма која е унифицирана и хармонизирана за сите
протоколи. Исто така, формата на протоколите треба да биде прилагодена на начин, кој ќе
овозможи истите да бидат основа за вреднување и мерење на ефикасноста, преку креирање на
обрасци.

Надзорната група на проектот за спроведување на реформи во примарната здравствена заштита


усвои насоки за оваа втора фаза на процесот на изготвување протоколи.

ОСНОВНИ НАЧЕЛА ЗА ПРОТОКОЛИТЕ

1. Најголемиот дел од активностите од протоколот треба да бидат применливи од страна на сите


лекари од општа пракса, без разлика дали се специјалисти по семејна медицина или не.

„Дополнителните“ активности, кои во материјалите кои ги добивме беа назначени како


„дополнителен пакет“ (да се избегнува изразот „пакет“), ќе се изведуваат само во ординации каде
има предуслови (опрема и кадар – решение за дејност). Тие најчесто ќе бидат дел од
шифрарникот за интервенции и ќе бидат бодувани со повеќе бодови (пр. холтер, 4Д ЕХО ...).

2. Протоколите треба јасно да бидат поделени на:

 сегмент / постапка за скрининг – т.е. активности кои се изведуваат на асимптоматски лица


(доколку се утврди дека е оправдано)

 дијагностика и третман т.е. следење на симптоматски лица.

Согласно оваа поделба треба да се изготват и обрасците, кои ќе бидат дел од правилниците на
Фондот.

СОДРЖИНА НА ПРОТОКОЛИТЕ

1. Вовед / дефиниција / епидемиологија


2. ПРИНЦИПИ И ПОСТАПКА ЗА СКРИНИНГ (доколку е предвидено и оправдано)
3. ПРИНЦИПИ И ПОСТАПКА ЗА ДИЈАГНОСТИКА
4. ЦЕЛИ НА ЛЕКУВАЊЕТО
5. ПРИНЦИПИ И ПОСТАПКА ЗА ЛЕКУВАЊЕ
6. ПОСТАПКА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПАЦИЕНТ
7. МЕРКИ ПРИ НЕКОНТРОЛИРАНА/СПЕЦИФИЧНА СОСТОЈБА ИЛИ КОМПЛИКАЦИИ (упатување
на повисоко ниво)
8. Забелешки за неопходност за измена на ПЛ или ЛУ-1
9. ПРИЛОЗИ
СКРИНИНГ

За да можат активностите да бидат мерливи и да се детерминира дали ќе се пресметуваат во


исплатата, мора да се дефинираат следниве параметри:

 целна група (возраст, ризик фактор, пол, критериуми за исклучување од скринингот и сл.),

 начин на „регрутирање“ на лицата (организирано / опортунистички)

 основен скрининг тест/параметар (пр. шеќер во крвта, липиден статус...)

 образец со точно определени прашања со дадени одговори за избор

 АЛГОРИТАМ !!! со предложени следни чекори и фреквенција / интервал на активноста


согласно одредени ризик фактори и табели за евалуација (пр. согласно SCORE - еднаш
годишно, на три години итн.)

 распределба на должностите (сестра/доктор/ев.патронажа)

Со цел да се даде пример за начинот на кој треба да се изготви протоколот за скрининг, ви го


приложуваме изготвен предлог Протокол за скрининг за артериска
хипертензија/кардиоваскуларни заболувања, кој ги следи горенаведените насоки и во кој се
инкорпорирани елементите од материјалот кој беше доставен од работната група.

Заради рационализација на работата на матичните лекари и подобрена адхеренца на


осигурениците, предложен е интегриран скрининг за хронични незаразни заболувања -
Хипертензија/кардиоваскуларни заболувања и Дијабет, а кога ќе се добие материјал за ХОББ и
астма ќе се разгледа можноста и за интегрирање на скринингот за овие две заболувања. За таа
цел ќе се усвои заеднички образец за скрининг и хармонизиран алгоритам.

Фондот изготви предлог Образец за интегриран скрининг, кој го доставуваме на разгледување


во работните групи за хипертензија и дијабет.

Со Протоколот за хипотиреоза не е предвиден скрининг како оправдана организирана активност.

ЦЕЛИ НА ЛЕКУВАЊЕТО

 Протоколите МОРА да имаат поглавје каде ќе бидат јасно дефинирани целните вредности
на параметрите кои ги следиме и кои сакаме да ги постигнеме со преземените мерки.
Целните вредности кај различни лица може да бидат различни (пр. таргетиран систолен
крвен притисок е 140 mmHg, додека кај пациенти постари од ... години може да е 150
mmHg; дијастолен крвен притисок за пациенти со хипертензија е 90 mmHg, додека за
пациенти со дијабет е 85 mmHg).

ЛЕКУВАЊЕ СО ФАРМАКОЛОШКА ТЕРАПИЈА


 Заради гарантирање на квалитет, во поглавјето „Принципи и постапка за лекување“
подетално да се наведат принципите на лекување со лекови (пр. титрирање со
левотироксин, или подетално за антихипертензивна терапија ... ). Добро би било да се
даде и преглед на интеракциите со други лекови – полифармација.
 Доколку не се објаснува подетално, тогаш да се реферира до други документи (веќе
усвоените национални упатства или меѓународни упатства), кои ќе се земат како валидни.

 Доколку веќе усвоените Клинички протоколи за практикување медицина базирана на


докази се сметаат за застарени, да се покрене постапка за нивна измена, или
поништување, за да нема два важечки документи кои обработуваат иста проблематика, а
не се хармонизирани.

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

 Во протоколите да се обрати посебно внимание на детална разработка на начинот и


терминологијата на советување и комуникација со пациентите.

 Доколку веќе постојат вакви упатства/водичи за советување, во тој случај да се изврши


реферирање (нивно поврзување) во самото упатство (пр.за дијабет).

 Медицинската сестра да има зајакната улога и тоа да се нагласи во протоколот, во делот


каде се објаснува улогата на медицинските професионалци.

Пр. совети за здрава исхрана / физичка активност (што е здрава исхрана – подетално;
физичка активност – пр. 100 минути неделно – прилагодена на пациентот - ...аеробична,
смирена ... ); начин на откажување од пушење – опции, ...

 Советување за значењето и начинот на изведување на лабораториските анализи (пр. ТСХ –


дали на гладно или не...; нивото на холестеролот е еден од главните показатели за ризик
од КВЗ ...; )

You might also like