You are on page 1of 5

1

ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕКОВИ

Квантумот на медицинските информации и медицинската литература која сега е


достапна, расте со изненадувачка брзина. Технологијата со која овие информации
стануваат достапни се подобрува експоненцијално. Воведувањето персонални дигитални
уреди (понатаму во текстот PDA – personal digital assistants) и интернет до одреден степен
ги промени методите на добивање информации, но процесот на добивање на
информациите за лекови остана ист.
Од фармацевтите секојдневно се бара да дадат одговори на бројни барања за
информации за лекови за различни луѓе. Примамливо е да се изберат најлесните, познати
извори на информации; меѓутоа, на тој начин, постои можност да се пропуштат нови
извори на информации или да се ограничи опсежноста на добиените информации.
Општо земено, најдобриот метод за наоѓање информации вклучува постепен приод
што значи пребарување прво на терцијарната (на пр. учебници, компјутерзирани учебници
и написи во списанија), потоа секундарната (на пр. индекси или апстракти) и на крај
примарната (на пр. клинички студии) литература. Терцијарните извори на информации
нудат општи информации кои помагаат читателот да се запознае со темата. Ако овие
информации не се понови или не се доволно опсежни, се користат секундарни извори од
базата на податоци кои ќе го насочат читателот во написите од соодветната примарна
литература кои ќе му дадат поголем увид во темата. Примарната литература, обично, дава
најнови и најдетални информации за темата и овозможува читателот да ја анализира и
критички да ја оценува методологијата на студијата за да одлучи дали заклучоците од
студијата се валидни или не.
Понекогаш за да се добијат заднински информации пред да започне процесот на
барање информации за одредено прашање, потребно е да се консултираат медиумски
извештаи и други интернет сајтови, како и експерти или специјалисти за посебни области
од практиката.
Типот на барателот на информации може, исто така, значително влијае на
употребените извори на информации за да се одговори на прашањето. Општо земено, на
барањето информација од пациент посоодветно може да се одговори, ако се пребарува
достапната терцијарна литература, споредбено со примарната. Меѓутоа, ако барателот е
лекар кој треба да препише одреден лек и бара детални информации за третирање на
специфична патолошка состојба и улогата на терапиите кои се во фаза на испитување,
употребата на примарната литература е многу посоодветна.
Давањето информации за лековите континуирано се проширува на нови области
кои може да влијаат на селекцијата на соодветните извори. На пример, зголемената
употреба на додатоци на исхраната од страна на пациентот, како и алтернативните
терапии, ја налага потребата од барањето информации за овие теми. Од фармацевтите се
очекува да дадат одговори на прашањата поврзани со овие теми, како и препораките за
третирање на пациентите кои ги користат овие терапии.

ТЕРЦИЈАРНИ ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Терцијарните средства вклучуваат учебници, извадоци, написи во списанија и други општи


информации, како и информации кои може да се најдат на Интернет. Овие референтни
средства може често да послужат како почетно место за идентификување на информациите
поради фактот што тие даваат прилично целосни и концизни прегледни информации за
специфична тема. Тие се погодни, лесни за употреба и познати на повеќето практичари.
Повеќето информации кои му се потребни на лекарот може да се најдат во овие средства
2

што ги прави одлични прволиниски извори на информациите кога се работи за прашање


поврзано со информациите за лекови.
Меѓутоа, главниот недостаток на терцијарната литература е временскиот јаз кој
постои меѓу публикувањето и актуелноста на прашањето, така што добиените информации
не се најнови. Медицинските информации се менуваат токлу брзо што добиените
информации од оваа литература може да бидат застарени, дури и пред нејзиното
објавување. Исто така, постои можност овие информации да не се целосни поради
просторните ограничувања во книгата или поради нецелосните пребарувања на
литературата од страна на авторот. Другите проблеми поврзани со оваа литература се
однесуваат на грешките во транскрипцијата, предрасудите на авторот, неточната
интерпретација на информациите или отсуството на експертизата на авторите. Од овие
причини, читателите треба да донесат суд за квалитетот на терцијарната референтна
литература. Некои прашања кои треба да се имаат предвид при еволуирањето на
терцијарната литература се наведени во Табелата 1.
Невозможно е да се компилира севкупната листа на терцијарната литература која
би била корисна за сите области на фармцевтската практика. Разликите во амбиентот на
работа, достапните фондови, профилот на пациентите и типот на информациите кои
најчесто се потребни, сите тие влијаат на тоа која референтна литераура е потребна во
одреден амбиент на практиката. Правните услови за достапните средства на информациите
во даден амбиент на практиката варираат од држава до држава, но ретко минималниот
број на потребните текстови ќе биде доволен за да ги задоволи потребите од
информациите во практиката.
Друг важен фактор во селекцијата на соодветната терцијарна литература се
однесува на селектирање на литературата која е фокусирана на типот на инфромациите
потребни за специфичното барање или ситуација. На пример, мошне добро напишан и
опсежен терапевтски текст може да има многу ограничена употреба во давањето
информации за фармакокинетиката на специфичен лек. Од таа причина, важно е да се
разгледаат категориите на барањата добиени во посебен амбиент на практиката за да се
осигура достапноста до соодветните терцијарни текстови.
Дадено е кусо резиме на селектирани терцијарни извори на информациите кои би
можеле да бидат корисни во фармацевтската практика. Оваа листа не е сеопфатна и дава
само ограничен број на извори кои се одраз на препораките од организации 1 или од извори
кои најчесто се користат во практиката на давање информации за лекови.

Табела 1. Евалуација на терцијарната литература

Дали авторот има доволно искуство/експертиза да објавува во оваа област?


Дали информациите биле актуелни во времето кога е публикуван текстот?
Дали информациите се поткрепени со соодветни цитати?
Дали дадениот текст содржи релевантни информации?
Дали текстот е непристрасен или без несмасни грешки?

СЕКУНДАРНА ЛИТЕРАТУРА

Секундарната литература се однесува на референците кои или индексираат или


издвојуваат апстракти од примарната литература со цел да го насочат корисникот кон
примарната литература. Двата термини, индексирање и издвојување на апстрактите, благо
се разликуваат. Индексирањето содржи информации за цитати од библиографијата (на пр.
наслов, автор и цитат од написот), додека издвојувањето значи кус опис (или апстракт) на
информациите од написот или цитираниот извор. Различни системи индексираат или
3

издвојуваат литература од различни списанија, состаноци или публикации, па според тоа,


за да се изврши опсежно пребарување мора да се употребат различни бази на податоци.
Огромен број на секундарни извори на информациите се користат,
првенствено, во електронски формат, иако некои с# уште постојат во печатена форма.
Повремено се користи отпечатен материјал, бидејќи е поевтин од електронската база на
податоци. За употребата на отпечатена секундарна рефернетна литература потребно е
повеќе време отколку за електронските формати поради потребата од барање низ
многукратни едиции и индекси (веројатно, годишен или тримесечен листинг). Друг
недостаток е што овие извори на информациите не може да се користат од повеќе
корисници истовремено. Предноста на печатените извори е нивната употреба за
прелистување при потрагата по нови информации.
Електронските бази на податоци имаат одредени предности во однос на
отпечатените листинзи, бидејќи тие мошне често се дополнуваат со најнови информации.
Во пребарувањето на повеќето електронски бази на податоци, корисникот може да следи
слична стратегија на барање со мали разлики кои се резултат на разликите во
компјутерските системи. Постојат неколку предизвици во пребарувањето на базите на
податоци од секундарната литература. Системите не ги индексираат сите термини на ист
начин, па затоа е потребно да се знае кои термини ги користи одредена база на податоци за
да се спорведе успешно пребарување. На пример, базите на податоци преку Националната
библиотека за медицина индексираат термини според насловот на медицинскиот предмет
(MeCH – Medical Subject Heading - term), додека Сервисот за информации за лековите на
Ајова (IDIS – Iowa Drug Information Service) го користи името кое е прифатено во САД
(United States Adopted Name) и Меѓународната класификација на болестите (International
Classification of Disease). Повеќето компјутеризирани бази на податоци, исто така,
вклучуваат опција на слободно пребарување што е многу корисно кога дефинираните
индексирани термини не идентификуваат релевантни податоци. Оваа опција, исто така, е
корисна кога се објавени или се достапни само ограничен број на податоци, веројатно,
пред да се дефинира еден званичен индексен термин.
Потребата да се користат најразлични термини за стратегијата на барањето информации е
илустрирана со следното прашање: „Дали клонидинот е ефективен во третирањето на
нарушувањето на хиперактивното однесување со недостаток на внимание (ADHD –
attention deficit hyperactivity deficity) кај адолесцентите?” Најпрво треба да се
идентификуваат клучните термини. Овие термини може да вклучуваат клонидин, АДХД и
адолесценти. Меѓутоа, некои бази на податоци може да не го препознаат терминот
адолесцент, наместо тој термин, да ги користат термините педијатриски или дете. Исто
така, употребата на терминот педијатриски може да се однесува само на медицинската
специјалност во некои системи, наместо на педијатриската популација од пациентите.
Затоа, е мошне важно да се знае дека за различни бази на податоци можеби е потребно да
се употребат различни клучни термини за пребарување. Исто така, името на болеста,
нарушувањето на хиперактивното однесување со недостаток на внимание, со време може
да се промени, така што ќе биде потребно да се употребат други термини, како
нарушување на недостаток на внимание.
За барање на информации, обично, се користат Булеановите оператори,
често со AND (И), OR (ИЛИ) и NOT (НЕ). Операторот AND комбинира два термини и дава
само извадоци кои ги содржат тие два концепти или термини. Операторот OR има еднаков
или поголем број на извадоци, бидејќи го вклучува секој извадок кој го содржи едниот или
другиот термин. Употребата на операторот NOT секогаш го намалува бројот на добиени
одговори, бидејќи ги елиминира сите референци кои го имаат терминот кој го следи тој
оператор; затоа, тој треба да се користи со претпазливост, бидејќи може да елиминира
соодветни написи, едноставно, затоа што терминот кој е елиминиран се јавува на друго
место во написот.
4

На пример, за добивање информации на претходно поставено прашање,


соодветни клучни термини (клонидин и нарушување на хиперактивно однесување со
недостаток на внимание) за барањето би биле со операторот AND. Меѓутоа, ако барателот
сака информации за употребата на клонидинот или на гванфацинот за ова нарушување би
требало да се употреби терминот OR. Барањето со OR ќе даде одреден број на резултати
кои се еднакви или поголеми од барањето со АНД. Терминот ОР, исто така, е корисен кога
се бара термин со синоними, на пример, нарушување на недостаток на внимание или
ADXD. Операторот NOT се користи, ако барателот сака да исклучи одредени теми, на
пример, специфична болест. Во овој случај, барањето би се извело со ADHD NOT
Туретово нарушување. Бидејќи употребата на терминот НОТ ќе го исклучи секој напис кој
ја споменува Туретовата болест, напис кој е фокусиран на третманот на ADHD со мал
оддел посветен на оваа болест би бил, исто така, исклучен. За подобро насочување на
барањето може да се употребат загради. Во овој пример, барањето може да се изведе за
клонидин (нарушување на недостиг на внимание OR ADHD). На овој начин би се извлекле
написи со лекот кој н# интересира, како и двете болести кои н# интересираат.
Некои бази на податоци ги користат и термините WITH (со) и NEARР
(блиску). Овие оператори се слични на AND, но за нив е потребен одреден број на зборови
за секој термин. Овие термини може да бидат корисни кога други пребарувања
идентификуваат голем број на написи во кои двата термини се споменати, но неповрзано,
еден од друг.
Некои бази на податоци овозможуваат пребарувањата да бидат огранични
со најразлични фактори, како јазикот на публикацијата, годината на издавање, типот на
написот (на пр. хумана студија, преглед и извештај од медицински случај) или од видот на
списанието во коешто е најдена публикацијата. Ова е особено корисно кога термините од
првичното пребарување ќе дадат голем број на можни одговори. Употребата на премногу
ограничувања при првичното пребарување може да елиминира написи или цитати кои би
можеле да бидат корисни.
Друга работа која би требало да се има предвид кога се изведуваат
електронски пребарувања е дека фразата на барање може да биде индексирана под
најразлични термини на барање и за да се спроведе опсежно барање, важно е да се
употребат сите тие термини. На пример, ако бараме информација за гинкго, би помогнало,
ако бараме под неговото вообичаено име како и под името/имињата кои најчесто се
погрешно спелувани. Според тоа, можна стратегија на пребарувањето би била употребата
на термините „гинкго”, „гинкго билоба”, латинското име Гинкгоацеае, како и погрешно
спелуваниот збор :гингко” . Истиот принцип важи и за болестите чии имиња со време
може да се променат.

ПРИМАРНА ЛИТЕРАТУРА

Примарната литература е составена од студии и извештаи од клинички истражувања,


публикувани и непубликувани. Целата литература која е објавена во едно списание, не е
класифицирана како примарна; на пример, прегледните написи или уводниците не се
примарна литература. Има неколку вида на публикации кои се сметаат за примарна
литература, како контролирани истражувања, студии на кохорти, серии на медицински
случаи и извештаи од медицински случаи.
Предноста на употребата на примарната литература е во пристапот до
деталните информации за одредна тема и можноста лично да се оцени корисноста и
валидноста на резултатите од една студија. Исто така, примарната литература, обично, е
понова од секундарната и терцијарната. Меѓутоа, употребата само на примарната
литература има и одредени недостатоци, како што се погрешните заклучоци донесени врз
5

основа на само еден опит без вклучување на други истражувања, потребата од добри
вештини во оценувањето на медицинската литература и времето кое е потребно да се
оцени достапната литература од широки размери.
Бидејќи се публикува с# поголем број на списанија за одредена
специјалност, тешко е да се одреди кои од нив се есенцијални за фармацевтската практика.

You might also like