You are on page 1of 16

Семинарска работа по предметот Социјална

фармација и методологија

Јануари, 2018
Професијата
фармација –
маргинализирана
или преценета?

Изработија:
Ментор: Ангела Мирчевска (3806/15)
Проф. д-р Александра Грозданова Тамара Иваноска (3792/15)
Нурсел Ханџиу (3813/15)
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Апстракт

Чекорејќи низ минатото до денес, фармацевтите ја покажуваат и


ја докажуваат својата значајна улога во општеството. Оваа престижна и
респектирана професија е една од најстарите во светот. Сепак, како и
кај сите професии, во текот на нивниот развој и промени неминовно се
појавува и прашањето каква е состојбата на професијата, дали
професијата е маргинализирана или преценета и дали може да се
подобри состојбата и да се зголеми социо-економската вредност на
професијата?

Содржина

Апстракт................................................................................................................................... 1
Содржина................................................................................................................................ 1
Вовед ......................................................................................................................................... 2
Професионалност на фармацијата и задоволство на фармацевтите од
сопствената професија ...................................................................................................... 3
Дали фармацијата е преценета или маргинализирана професија? .................. 5
Зошто фармацијата би била маргинализирана професија? ............................. 5
Зошто фармацијата би била преценета професија?........................................... 7
Мислењето на студентите по фармација за состојбата на фармацевтската
професија .............................................................................................................................. 8
Методи .................................................................................................................................. 8
Прашања ............................................................................................................................. 8
Резултати .............................................................................................................................. 9
Заклучок ................................................................................................................................. 14
Користена литература ....................................................................................................... 15

1
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Вовед

Фармацијата е здравствена професија која ги поврзува медицинските со


хемиските науки и е одговорна за безбедно и ефикасно користење на лековите,
односно фармацевтските дроги. Самиот збор фармација потекнува од грчкиот збор
φάρμακόν (pharmakon) што значи лек или дрога. Полето на фармацевтската пракса
вклучува повеќе традиционални улоги, како што се приготвување, производство и
издавање на лекови, како и некои посовремени услуги врзани за здравствената
заштита, вклучувајќи ги тука и клиничките услуги, контролата на квалитетот на
лековите и обезбедување на веродостојни и достапни информации за лековите.
Фармацевтите се експерти за терапија со лекови и се здравствени
професионалци, најчесто дел од примарното здравство, кои ја оптимизираат
употребата на лековите, со цел да обезбедат позитивни здравствени резултати кај
пациентите. Многу фармацевти се и сопственици на мали бизниси, бидејќи ја
поседуваат аптеката во која работат.
Постојат различни видови на фармацевти, поделени според областа на
фармацијата која е нивна професионална специјалност. Најчест вид на фармацевт е
фармацевтот во аптека, односно т.н. општествена фармација. Освен фармацевт во
аптека, постои и фармацевт во болничка аптека, кој се грижи за навремена набавка,
безбедно чување и достапност на лековите за потребите на болницата во чиј склоп се
наоѓа болничката аптека. Друг вид на фармацевт е клиничкиот фармацевт, чија
главна задача е фармацевтската грижа и оптимизирање на видот и дозните режими на
лековите за пациентите во болниците, при што најголемо внимание се обрнува на
интеракциите меѓу лековите, како и на превенција на заболувањата преку кампањи за
јавно здравје. Фармацевтот во индустрија е фармацевт кој ги оптимизира и
рационализира процесите на производство на лековите како и дизајнира и учествува
во развојот на новите формулации. Фармацевтите кои работат во фармацевтски
претставништва се вид на фармацевти чија главна задача е презентирање на нови и
постоечки формулации на лековите и едукација на другите здравствени
професионалци во врска со лековите кои ги презентираат. Конечно, посебен вид на
фармацевт е фармацевтот-академски истражувач кој се занимава со научно-
истражувачка работа и со пренесување на знаењето на идните фармацевти и нивна
обука и соодветна едукација.
Фармацевтите имаат уникатна област на познавања. Во текот на своето
образование и обука се стекнуваат со способност да го осмислат патот на лекот од
самиот почеток, односно од неговата хемиска структура, преку дизајнот и
формулацијата, сè до транспортот, администрацијата и контролата на неговиот
квалитет. Тие имаат опширно познавање на фармакологијата и на терапевтиците,
физичко-хемиските карактеристики на лековите и ексципиенсите, биофармацијата и
фармакокинетиката, како и несаканите ефекти на лековите и лек-лек и лек-храна
интеракциите. Нивното знаење е сложено, разновидно и интегрирано, што ги прави

2
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

единствено квалификувани да донесуваат професионални одлуки во врска со


лековите.
Како кај сите професии, во текот на нивниот развој и промени неминовно се
појавува и прашањето каква е состојбата на професијата, дали професијата е
маргинализирана или преценета и дали може да се подобри состојбата и да се
зголеми социо-економската вредност на професијата.

Професионалност на фармацијата и задоволство на


фармацевтите од сопствената професија

Она што всушност ги разликува регулираните професии, каква што е


фармацијата, од нерегулираните професии е нивото на професионални обврски,
моралната одговорност, службата кон општеството, интензивните обуки и
лиценцирањето и законската рамка, од каде што произлегува и општествениот статус
на професиите.
Фармацевтските услуги и активности мора да се во согласност со национално
прифатените стандарди (закони, правилници и сл.) кои треба да се темелат на
принципите на Добрата фармацевтска пракса (ДФП). Во Р. Македонија, фармацијата
како професија и активностите на фармацевтите се регулирани преку Законот за
Здравствена заштита, Законот за лекови и медицински помагала, Правилникот за
вршење на стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените
работници со високо образование од областа на фармацијата и др. Основни услови
кои една индивидуа мора да ги исполнува за да работи како фармацевт се завршен
прв и втор интегриран циклус студии на Фармацевтскиот факултет и стекнување со
звањето Магистер по фармација и стекнување со Лиценца за работа доделена од
Фармацевтската комора на Република Македонија.
Фармацевтите се дисциплинирана група на индивидуи кои се придржуваат на
етичките стандарди и се високо образовани, обучени на највисоко ниво и припремени
да го практицираат своето знаење и способност во интерес на населението. Три
значајни карактеристики ја карактеризираат оваа професија се учење и обука,
успешност, и асоцијации.
Сепак, во фармацијата има и професионални и некои помалку професионални
аспекти. Во непрофесионалните аспекти спаѓаат: рекламирањето, продажбата,
недостиг на монопол врз знаењето и нецелосната контрола и слобода за препишување
на лековите. Општо земено, конфликтот помеѓу професионалната функција на
фармацевтите во аптеките и нивните комерцијални интереси го намалуваат статусот,
професионализмот и општествената доверба кон фармацијата како професија.
Освен професионалноста, за состојбата и за општествениот статус на
професијата од големо значење се и задоволството на фармацевтите од сопствената

3
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

работа како и општото мислење, односно претставата што ја има општеството за


професијата и можните предрасуди.
Пјер Ајаш и Доминик Себ, во 1992 година во Франција (сл. 1), спровеле една
анкета за тоа какво е задоволството на фармацевтите во нивната професија. Биле
анкетирани 340 испитаници, на кои им биле поставувани неколку прашања.
На прашањето што е тоа што им причинува задоволство во нивната професија,
фармацевтите ги навеле следните одговори: контактот со пациентите и нивната
општествена улога, потоа научниот и медицинскиот дел од професијата,
благодарноста која ја добиле од пациентите и во помал процент уште некои фактори,
како независноста која им ја дава професијата, материјалните придобивки како
сигурно работно место и добар приход и разноликоста на професијата.
Околу 10% од анкетираните фармацевти изјавиле дека не наоѓаат задоволство
во фармацијата како професија, а како причини за тоа биле наведени, огромната
административна работа што треба да ја извршуваат, потоа чувството на зависност од
власта, финансиските тешкотии, тешкотијата на работата, влошениот имиџ на
фармацевтот.

Сл. 1 Резултати од анкетата на Пјер Ајаш и Доминик Себ за прашањето “Што им претставува
задоволство на фармацевтите во професијата?“

Дали преовладувало задоволство или незадоволство? Според добиените


резултати од анкетата сепак може да се каже дека тогаш преовладувало задоволство,
затоа што две третини од фармацевтите дале позитивен одговор, а во останатата една
третина имало негативни одговори и недефинирани мислења. Но, на прашањето дали
повторно би ја одбрале истата професија, само 46% одговориле со да, а дури 40% со
не. Затоа ова задоволство би можело да се стави под знак прашалник. Фармацевтите
биле ставени пред поголемо искушение кога им било поставено прашањето дали би ги
советувале своите деца да ја изберат истата професија. Секој втор фармацевт

4
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

одговорил дека не би го советувал своето дете да се одлучи да студира фармација,


додека само 16% одговориле позитивно. Според овие резултати може да се заклучи
дека задоволството е само привидно, што наведува на песимистички поглед на
иднината на фармацијата како професија.

Дали фармацијата е преценета или


маргинализирана професија?

За една професија да биде маргинализирана или преценета придонесува


општественото мислење, пред сè мислењето на таргет групата, односно популацијата
која е најмногу во контакт со таа професија. Бидејќи не постои човек што не побарал
фармацевтска услуга, односно фармацевтска грижа, секој од нас претставува пациент.
Пациентите се тие што го градат ставот кон фармацијата како професија.
Пред да дадеме конечен заклучок на ова прашање да ги погледнеме можните
причини кои ја прават фармацијата маргинализирана, односно преценета.

Зошто фармацијата би била маргинализирана професија?

Во општеството постојат бројни стереотипи во врска со нашата професија, а


најчест е стереотипот дека фармацевтите се “продавачи”. Тоа главно се должи на
минималната комуникација меѓу фармацевтите и пациентите. За тоа се одговорни и
самите фармацевти кои не се доволно истрајни да го задржат вниманието на
пациентот со цел да му ги пренесат потребните информации во врска со употребата на
лекот и можните несакани ефекти, како и непостоењето на специјални простории за
давање на фармацевтски услуги каде што на пациентите би им било попријатно да ги
доверат своите проблеми. Дел од проблемот лежи во тоа што јавноста, и секако
докторите, може да сметаат дека фармацевтите немаат специјализирано познавање
на лековите или дека тие не даваат професионални услуги, што е спротивно на
тврдењата на фармацевтите.
Исто така, фармацевтите се недоволно вклучени во здравствениот тим, што
подразбира нивно неучествување во домашни посети и болнички визити. За оваа
состојба делумно придонесува недостатокот на клинички фармацевти во Р.
Македонија, како и недоволната соработка меѓу фармацевтите и другите здравствени
работници, особено лекарите. Иако во нашата земја законска обврска на сите клиники
е да имаат клинички фармацевт во нивните здравствени тимови, не сите клиники го
исполнуваат овој критериум, а и во клиниките во кои има вработено клинички
фармацевт, тој најчесто ги извршува должностите на фармацевт во болничка аптека.

5
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Од горенаведените стереотипи произлегува и општото мислење дека


фармацевтите се на пониско ниво од лекарите, иако нивното знаење е на исто
ниво, но од различни области на здравствените науки. Пациентите, водени од фактот
дека единствено лекар може да препишува лекови, добиваат лажна претстава дека
лекарите подобро ги познаваат лековите, иако во суштина докторите се експерти за
дијагноза, а фармацевтите, особено клиничките фармацевти, се експерти за терапија
со лекови.
За предноста на лекарите над фармацевтите, а од таму и за нивниот поголем
општествен статус и доверба од страна на пациентите, придонесуваат и самите
законски регулативи. Според Правилникот за клиничко испитување на лековите,
главен истражувач во клиничко испитување единствено може да биде лекар,
фармацевтите го немаат тоа право, и покрај тоа што го поседуваат потребното
знаење. Иако фармацевтите можат да бидат вклучени во тимот кој го спроведува
клиничкото испитување, сепак најголемата доверба и одговорност се доделува на
лекарите, и покрај фактот дека фармацевтите се и повеќе од соодветно обучени и
имаат поопширни познавања од фармакологијата, фармакодинамиката и
фармакокинетиката во однос на лекарите.
Непостоењето на матичен фармацевт придонесува за маргинализираноста
на самата професија, бидејќи фармацевтите во нивната секојдневна комуникација со
пациентите немаат целосен увид во дијагнозата на пациентите, односно индикацијата
за која им е препишан дадениот лек, и можните коморбидитети и останатите лекови
што пациентот ги прима. Тоа ги ограничува фармацевтите на давање на генерички
совети за лековите кои пациентите можат да ги добијат и од упатството за употреба, а
од друга страна значително ја отежнува една од суштинските професионални задачи
на фармацевтот – воочувањето и спречувањето на потенцијалните грешки во дозите и
лек-лек интеракциите. Постоењето на матичен фармацевт многу би помогнало и за
подобрување на односот пациент-фармацевт со што би се зголемила довербата во
фармацевтите.
Од друга страна, поради недоволната запознаеност на јавноста, а делумно и
поради природата на самата професија (најголем дел од работата што ја вршат
фармацевтите не допира директно до пациентите), недоволно се почитува
тежината на образованието на фармацевтите. Пациентите ретко прават разлика
меѓу фармацевт и фармацевтски техничар, слабо се запознаени со останатите работни
задачи на фармацевтите освен оние на фармацевт во аптека, не знаат дека
фармацевтите учествуваат во контролата на квалитетот на лековите и во следењето на
ефикасноста и безбедноста (фармаковигеланца) и сметаат дека информациите за
лековите потекнуваат од лекарите, иако во реалноста примарните информации за
лековите потекнуваат од работата на фармацевтите. Тоа доведува до недоволно
разбирање на самата професија и до недоволно почитување на тежината на
образованието и поради тоа и недоволна доверба и соработка, а токму последен
коректор на сите претходни можни грешки е фармацевтот.

6
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Зошто фармацијата би била преценета професија?

Повторно, и тука постои стереотип дека фармацевтите, особено оние кои


работат во аптека имаат помалку одговорности од општите лекари, а се премногу
платени за едноставно издавање на лековите. Тука всушност се вмешува и
стереотипот на “продавач на лекови“ и соодветно на тоа, општото мислење е дека
примањата на фармацевтите треба да соодветствуваат на оние на обичните
продавачи, бидејќи се смета дека вршат работа со иста тежина. Ова општо мислење
комплетно ја занемарува одговорноста на фармацевтот при издавањето на лековите.
Спротивно на горенаведените стереотипи, дел од пациентите кои се недоволно
запознаени со професионалните обврски на фармацевтите, често бараат совети од
фармацевтите во поглед на некои нивни симптоми и очекуваат дијагноза. Ова
недоразбирање делумно потекнува и од самата достапност на фармацевтот
(фармацевтите се најдостапните здравствени работници), како и од однесувањето на
дел од фармацевтите кои честопати “глумат” лекари, односно даваат мислења за
дијагнозата на пациентите што воопшто не е нивна специјалност, наместо да
советуваат за терапијата.
Од друга страна, аптекарскиот дел од професијата може да биде лесно
автоматизиран, затоа што со тоа би се добиле побрзи услуги, би се намалиле
можните грешки при издавањето на лековите било да се направени од лекарот кој го
издал рецептот или фармацевтот кој издал погрешен лек или погрешна доза, би се
избегнала директната комуникација фармацевт-пациент, а и неудобноста што доаѓа со
тоа. Автоматизираноста исто така има економски предности, што би можело да биде
добра причина да се заменат фармацевтите со автоматизирани системи, и со тоа
драстично да опадне вредноста на самата професија. Доколку фармацевтите се
задржуваат само на издавање на лекови, проверка на рецепти и проверка на можни
интеракции, а земајќи во предвид дека човечкиот фактор е најчесто главниот
причинител на медицински грешки и пропусти, фармацевтската професија може да се
смета за преценета бидејќи автоматизираните системи се попрецизни во
извршувањето на истите задачи. Токму поради овој факт, од исклучително значење е
фармацевтите да даваат совети и да го подобрат односот фармацевт-пациент, да ја
зголемат фармацевтската грижа и со тоа да понудат услуги кои не може да се
автоматизираат, за да не бидат лесно заменливи како професија.

7
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Мислењето на студентите по фармација за


состојбата на фармацевтската професија

Со цел полесно да донесеме конечен заклучок за прашањето за


маргинализираноста, односно преценетоста на фармацијата како професија,
спроведовме мало истражување чија цел беше да се истражи мислењето на
студентите по фармација, како идни фармацевти, за состојбата на фармацевтската
професија во Р. Македонија.

Методи

Истражувањето го спроведовме со тоа што составивме “Прашалник за


мислењето на студентите по фармација за состојбата на фармацевтската
професија во Р. Македонија” и го доставивме до целната група во форма на онлајн
анкета.
Анкетата и обработката на податоците ја извршивме со помош на Google Forms
апликацијата.
Целна група на истражувањето беа студентите запишани во трета година (V
семестар, генерација 2015/16) на студиската програма Магистер по фармација на
Фармацевтскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Анкетата беше отворена во периодот од 13-27 Ноември 2017 година и во истиот
период добивме 44 одговори.

Прашања

Прашањата беа дизајнирани со цел, покрај мислењето за состојбата на


фармацијата да се добијат и идеи од самите студенти за подобрување на истата, како и
да се добијат информации за мислењето на студентите во поглед на некои од веќе
погоре споменатите идеи за подобрување на состојбата на фармацевтите како што се
матичен фармацевт, Ало фармацевте и слично и нивното чувство за одговорност за
состојбите. Конечната анкета се состоеше од следниве седум, прашања, од кои две беа
отворени прашања, додека останатите беа прашања со однапред понудени одговори:
1. Дали фармацијата како професија е маргинализирана или
преценета?
*Да
*Не
2. Зошто сметате дека е маргинализирана/преценета?
(отворено прашање, незадолжително)
3. Дали фармацевтите се одговорни за таквата состојба (се однесува
на минатиот одговор што сте го дале)?

8
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

*Да, фармацевтите се целосно одговорни.

*Да, фармацевтите се делумно одговорни за состојбата.

*Не, фармацевтите не се воопшто одговорни.

4. Дали сметате дека состојбата со фармацевтите во Р. Македонија


може да се промени (да се укине стереотипот на продавачи)?
*Да
*Не
5. Дали имате конкретни предлози за подобрување на состојбата на
фармацевтите?
(отворено прашање, незадолжително)
6. Дали сметате дека идејата за матичен фармацевт би можела да се
реализира во иднина?
*Да, тоа би било одлична идеја.
*Да, но не сметам дека би променила многу.
*Не, сметам дека е непотребно/неизводливо.
7. Дали сметате дека проекти од типот “АЛО ФАРМАЦЕВТЕ” би го
промениле мислењето дека фармацевтите се само продавачи? (со
тоа би се давале подостапни и релевантни совети на пациентите)
*Да, пациентите би стекнале поголема доверба во фармацевтите.
*Да, би се намалиле непотребните доаѓања во аптека.
*Не, не би била многу користена.

Резултати

Од спроведената анкета ги добивме следните резултати.

Сл. 2 Одговор на прашањето “Дали фармацијата како професија е маргинализирана или


преценета?“

9
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Сл. 3 Одговор на прашањето “Зошто сметате дека е маргинализирана/преценета? “

10
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Сл. 4 Одговор на прашањето “Дали фармацевтите се одговорни за таквата состојба (се


однесува на минатиот одговор што сте го дале)?“

Сл. 5 Одговор на прашањето “Дали сметате дека состојбата со фармацевтите во Р.


Македонија може да се промени (да се укине стереотипот на продавачи)? “

11
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Сл. 6 Одговор на прашањето “Дали имате конкретни предлози за подобрување на состојбата


на фармацевтите?“

12
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Сл. 7 Одговор на прашањето “Дали сметате дека идејата за матичен фармацевт би можела да
се реализира во иднина?“

Сл. 8 Одговор на прашањето “Дали сметате дека проекти од типот “АЛО ФАРМАЦЕВТЕ” би го
промениле мислењето дека фармацевтите се само продавачи? (со тоа би се давале
подостапни и релевантни совети на пациентите)“

13
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Заклучок

Маргинализираноста на било која професија, вклучувајќи ја и фармацијата


произлегува од недостатокот на самодоверба, уште од почетокот на студиите.
Фармацевтите уште во почетокот на нивната кариера се соочуваат со различни
проблеми, од една страна поради недоволно разбирање и доверба од пациентите, а
од друга страна тука е и недоволната заинтересираност на самите фармацевти за
подобра комуникација со пациентите и другите здравствени работници и за давање на
здравствени услуги.
Реалната слика за состојбата на професијата фармација, барем во нашата
држава, е дека фармацијата е повеќе маргинализирана отколку преценета професија,
за која состојба делумно се одговорни самите фармацевти, но од друга страна и
недоволната информираност на општеството за тежината и одговорноста на
фармацевтите, што придонело за развивање на бројни стереотипи кои е доста тешко
да се искоренат, а кои довеле до тоа фармацијата да не биде доволно признаена како
професија.
Но ваквата ситуација не смее да остане ваква. Ние, идните генерации на
фармацевти ја имаме таа можност да ја промениме стереотипната слика за
фармацијата како професија, со подобрување на интерперсоналната комуникација,
пружање фармацевтска грижа, односно давање на совети за подобрување на
колективното здравје, подобрување на здравствениот квалитет на животот, упатства за
правилно и рационално користење на лековите и практично покажувајќи колку
фармацевтите се важна алка во здравствениот систем, што на некој начин, животот на
секој пациент е зависен од нас, фармацевтите.
Фармацевтот е последниот коректор на сите можни претходни грешки и ова
никогаш не смее да се заборави.

14
Професијата фармација – маргинализирана или преценета?

Користена литература

1. „ФАРМАЦИЈАТА ВО КРИЗА: СЛУЧАЈОТ СО ФРАНЦУСКАТА ФАРМАЦИЈА“ - Пјер


Ајаш и Доминик Себ

2. „ЕВИДЕНТИРАЊЕ И ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА НА ФАРМАЦИЈАТА ВО АПТЕКИТЕ“


- Ники Бритен

3. ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА КЛИНИЧКИТЕ ИСПИТУВАЊА НА


ЛЕКОВИТЕ И СОДРЖИНАТА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА - Службен весник на РМ, бр.
29 од 27.02.2009 година

4.Закон за здравствена заштита, Службен весник на Република Македонија,


Пречистен текст

5. Закон за лекови и медицински помагала, Службен весник на Република


Македонија, Пречистен текст

6. Pharmacy orientation PPP211 Lec. 1 (Introduction to the pharmacy profession and


the future of the pharmacist) - Dr. Ahmed Mohsen Hamdan - 7th Sept 2014

7. Pharmacists need recognition as providers to enhance patient care -White CM -


2014 Feb; 48(2):268-73 (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24259647)

8. Is Pharmacy a Knowledge-Based Profession? - Jon Waterfield, MSc, Bpharm - Am J


Pharm Educ. 2010 Apr 12; 74(3): 50

9. The remuneration of pharmacy and pharmacy as a profession - Graham Calder,


MPhil, FRPharmS - Am J Pharm Educ. 2010 Apr 12; 74(3): 50.

10. Could a Robot Do a Pharmacist's Job? - Beth Lofgren, PharmD, BCPS – Pharmacy
Times SEPTEMBER 16, 2015

15

You might also like