You are on page 1of 5

КИНЕТИКИ

1. Да се напише до секоја равенка на кој кинетички модел се однесува:

КИНЕТИЧКИ МОДЕЛ РАВЕНКА


Кинетика од нулти ред – карактеристична за трансдермални системи
и осмотски системи, системи кај кои полимерот не е
водорастворлив; карактеристична за системи кај кои полимерот на Qt = Q0 + k0t
бабри, не е водорастворлив и е непорозен, каде не доаѓа до промена
на површината на системот;
Кинетика од прв ред – карактеристична за водорастворливи
супстанци во порозен матрикс; со тек на време брзината на
ослободување на API се намалува; полимерната мембрана или ln Qt = ln Q0 + k1t
матриксот претрпуваат промени на површината; примена на Noyes-
Whitney-ева равенка;
Higuchi-модел – карактеристичен за матрикс системите со
хидросолубилна API и некои трансдермални системи; не би требало
да егзистира дисолуција на активната супстанца се додека С (конц. на Qt = KHt ½
API во дисолуцискиот медиум не опадне под Сѕ).
Hixson-Crowell-модел – карактеристичен за матрикси коишто Q 1/3 – Qt 1/3 = kst
0
Q0 = почетна количина на активна
еродираат; геометријата на ФДФ НЕ СЕ МЕНУВА!!!!!!! Графикот на
супстанца;
Q0Q01/3 – Qt 1/3наспрема t ќе биде линеарен ако се уште не се
Qt – преостаната количина на активна
постигнати рамнотежни услови и ако големината на ФДФ се
супстанца по ослободување;
намалува со тек на време, ама геометријата не се менува!
ks – константа која го покажува односот
Површината на честичките е пропорционална со кубниот корен од
површина/волумен
нивниот волумен! (равенка);
Korsmeyer-Peppas модел – карактеристичен за полимери коишто Qt/Q∞ = Ktn
бабрат;

2 Да се направи споредба помеѓу Higuchi модел и Korsmeyer-peppas модел, да се наведе за


кои системи се применливи, кои полимери се користат и да се наведат разликите помеѓу
тие два модели

моделот на Higuchi е применлив кај системите (најчесто матрикс-системи) кои содржат


полимер кој не бабри, односно, не еродира и кај кои ослободувањето на активната супстанца се
одвива по пат на дифузија низ полимерниот матрикс. Овие системи можат исто така да содржат
хидрофобен полимер којшто ја ограничува брзината на ослободување на активната супстанца, а
во матриксот на хидрофобниот полимер да се наоѓа хидрофилен гел кој може да овозможи
формирање на пори преку кои активната супстанца може да дифундира. Моделот е применлив за
матрикс-системи, за трансдермални системи и слично.

За разлика од Higuchi-евиот модел кој е строго ограничен на системи кои содржат полимери кои
не еродираат и не бабрат и кај кои активната супстанца се ослободува по пат на дифузија,
моделот на Korsmayer-Peppas се однесува на системи коишто немаат точно дефиниран механизам
на ослободување на активната супстанца. Во равенката којашто го опишува моделот на Korsmayer-
Peppas (Mt/M∞ = ktn) имаме експонент n од чија вредност можеме да кажеме дали се работи за
Fick-oва дифузија или не-Fick-ов транспорт или некој друг механизам на ослободување на
активната супстанца.

3 Sporedi higuchi i krosmeyer peppas modeli, za koi sistemi vazat i koj polimeri se vkluceni i razliki
megju dvata modeli
- Хигучи равенките се користат за објаснување на ослободувањето на ЛС од матрикс кој не бабри и
кој не еродира (може да е порозен), и всушност претставува процес на униформна дифузија низ
соодветен матрикс.Системот може да претставува хидрофобен матрикс во кој е инкорпориран
хидрофилен лек, тогаш дифузијата низ матриксот не претставува единствен начин на
ослободување.Во овој случај ослободувањето главно настанува со процес на дифузија но низ
хидрофилните канали кои се формираат во текот на ослободувањето на ЛС од матриксот.

Овој модел може да се користи за трансдермални


системи, матрикс системи со растворлива ЛС и слично.

- Претставува едноставна равенка која може да служи за опишување на


ослободувањето од полимерни системи.При што, за да може да се карактеризира дали
ослободувањето следи фикова дифузија или не, имаме експонент n според кој ги
карактеризираме различните системи и механизми на ослободување.
Равенката може да се користи само за системи кај кои дифузискиот коефициент е до разумно
ниво концентрациски зависен, односно е независен од конц на ЛС.За да се примени оваа равенка
исто е неопходно ослободувањето да се случува еднодимензионално, односно односот меѓу
должината и ширината да изнесува најмалку 10.Воглавно се користи да се анализира
ослободувањето од фармацевтските полимерни системи со недоволно познат механизам на
ослободување, или постои можност да се вклучени повеќе механизми.
РАЗЛИКА: Хигучи ги зема во предвид само растворливите лс и ослободувањето се одвива од
површината кон јадрото, се користи за полимери-матрикс системи кои не бабрат и не еродираат,
за разлика од него кај Корсмајер се користи за сите системи и кои бабрат и кои имаат релаксација,
ги објаснува и сите други системи кои не се класифицираат во ниту еден друг модел.

4 Напиши која равенка за кој модел се однесува(дадени се овие пет равенки, треба да се
напише од кој модел се)

-На сликите да се видот на системот со модифицирано ослободување, кинетиките на


ослободување од тој систем и полимери кои се користат за изработка на тој систем.
(дадени се слики од слајдовите :
- претставува
дифузиски резервоар
систем, кој е составен од
нерастворливи полимери.
Полимерот е како мембрана
низ која дифундира
растворливата супстанција.
Во овие системи не се
инкорпорираат нерастворливи супстанции или слаби бази. Во првата слика ни е
претставен системот во време 0, односно на почетокот, а потоа ни е прикажан системот
во некое време, каде ни е прикажена дифузијата на супстанцијата низ мембраната.
Најверојатно имаме ослободување со кинетика од 0 ред, бидејќи имаме голема
количина на супстанција инкорпорирана во јадрото која константно се ослободува од
резервоарот, односно низ мембраната формулирана од нерастворливиот полимер.
Полимери кои се користат се: етилен винил ацетат, етил целулоза, силикони.

– Резервоар системите може да бидат со континуирани


или со микропорозни мембрани. На сликите е
претставена дифузијата на ЛС во системи без пори каде
се ослободува со дифузија и во системи со пори каде се
ослободува низ порите. Исто така следат кинетика од
нулти ред. Истите полимери од претходно се користат.
Порите се најчесто исполнети со вода или масло, во
зависност од природата на ЛС и на тој начин лесно се
ослободуваат.

– Претставува трансдермален систем и


доколку е резервоар систем тогаш
ослободувањето е од нулти ред. Првиот график
претставува дисолуциска крива односно
ослободена количина на лек супстанција во
единица време. А другиот график претставува
брзина на ослободување на лекот во текот на
времето, при што брзината е константна. Значи
станува збор за ослободување од 0 ред.
– еднокоморни осмотски пумпи и двокоморни осмотски пумпи. Двата системи се
обвиткани, обложени со семипермеабилна мембрана, пермеабилна за водата но
непермеабилна за ЛС и ексципиенсите, на пример целулоза ацетат. Водата навлегува
во системот поради разликите во осмотскиот притисок, покачувајќи го хидростатскиот
притисок во системот што го истиснува лекот во надворешната средина низ отворот на
осмотската пумпа. Кај еднокоморните водата навлегува поради разликите во
осмотскиот притисок во околната средина и во ФДФ. Генерираниот хидростатски
притисок во ФДФ го избуткува лекот надвор во околната средина преку еден или
повеќето отвори на семипермеабилната мембрана. Брзината на дифузија зависи од
димензиите на отворите кои најчесто се ласерски направени. Мембраната на овие
системи е ригидна и генерираниот притисок не се троши за проширување на
димензиите на системот, туку само за избуткување на лекот во околната средина.
Брзината на ослободување е константа се додека концентрацијата на ЛС се одржува
константна во внатрешноста на осмотската пумпа.
Двокоморниот систем има уште една внатрешна флексибилна мембрана. Во едниот
компартмент ЛС е со или без ексципиенси, а во другиот се присутни растворливите
ескципиенси. Двата се поделени со флексибилна мембрана. Со растварање на добро
растворливите ексципиенси, флексибилната мембрана врши константен притисок врз
растворот или суспензијата во компартментот на ЛС доведувајќи до константно
ослободување. Кинетика од 0 ред.

-
- На сликата е прикажано
како растворената АПИ
дифундира во
надворешниот слој,
односно во
надворешните синк
услови, а тоа всушност
го претставува
стагнантниот слој кој
има своја дебелина
означена со h. На
растојанија поголеми од
h, концентрацискиот
градиент е константен
воколку С>>Cs. Па
оттука, разликата на
концентрациите низ
дифузискиот слој е
константна и се
претставува со (Сѕ-С)/h. Но, доколку С<<Cs, тогаш дисолуцијата се одвива во синк
услови и без влијание на концентрацискиот градиент, при што С може да се изостави
од претходната равенка и затоа ја добиваме втората равенка.
А инаку, дисолуцијата на цврстите супстанции во растворувачот се одвиваат според 2
последователни процеси, и тоа:
а) растварање на ЛС на меѓуповршината цврсто/течно и формирање на стагнантен слој
околку честичката;
б) дифузија на растворената ЛС низ овој граничен слој кон течноста.

You might also like