You are on page 1of 3

Предмет Масажа

Наставник Тања Тодорова

Лекција 3

ПОДЕЛБА НА МАСАЖАТА
Постојат повеќе поделби на масажата.
Во зависност од средствата со кои се спроведува масажата, таа се дели на:
• мануелна масажа, која се состои од примена на механичка сила преку
рацете на масерот со специјални движења, фатови и меѓуфатови;
• подводна масажа, која претставува примена на воден млаз под при-
тисок во вода и се изведува во специјални кади;
• вибрациона масажа, кај која се масираат одредени делови од телото со
вибрации кои потекнуваат од електрични апарати - електромасажери;
• масажа со комбиниран притисок, која се изведува со специјални апа-
рати во кои се создава потпритисок и натпритисок во одредени ин-
тервали (васкулатори);
• пневмомасажа, која претставува начин на изведување масажа со
специјални уреди кои исфрлаат воздух под контролиран притисок, но исто
така и вендузи со чаша;
• ултразвучна,инфразвучна масажа, која настанува со примена на
ултразвук,инфразвук со специјални апарати;
• криомасажа, која претставува еден од начините на апликација на мраз и
студено во тераписки цели.
Според техниката на масажа т.е според фатовите(зафатите) и
меѓузафатите кои се применуваат при мануелна масажа разликуваме:
 Масажа со мазнење
 Масажа со триење
 Масажа со гмечење
 Масажа со тропкање
 Масажа со вибрации

Мануелна масажа-во зависност од намената се дели на

1
1.Медицинска масажа, се применува во лекување на различни
заболувања и повреди и може да биде класична и рефлексна.
Фатовите во класичната и рефлексната масажа се идентични, но постои
разлика во крајниот резултат кој се добива со масажата, како и со
начинот на дејствување врз организмот.
Класичната масажа најмногу дејствува на местата на непосредната
примена, додека рефлексната масажа дејствува далеку од местото на
примена.
Класичната масажа дејствува на крвните садови, кожата и мускулното
ткиво, додека рефлексната масажа дејствува и на внатрешните органи.
Мануелна лимфна дренажа претставува метода на избор во лекување на
лимфедем кој се јавува поради опструкција на лимфниот систем.
Рефлексна масажа
- масажа на нервни точки и масажа на рефлексните зони се применува
кај бројни нарушувања на организмот. Се масираат точки кои се болни на
притисок.
Хед покажал дека извесни зони т.н. Хедови зони се поосетливи и
поболни. Тие се наоѓаат на кожата на главата, лицето, трупот и
екстремитетите, а одговараат на некои внатрешни органи. Со примена на
масажа или на некоја друга физикална процедура во предел на Хедовите
зони доаѓа до извесно ублажување или подобрување на потешкотиите.

Масажата на рефлексните зони се состои во откривање на патолошките


промени во рефлексните зони и во примена на механичка сила преку
рацете на масерот во тие зони за индиректно да се влијае на заболениот
орган за нормализирање на неговите функции.
-Рефлексологија(рефлексомасажа) е многу применувана во денешно
време.
Основа на оваа масажа е во тоа сите органи и делови од телото да се
проектираат на дланките од шаките и на табаните од стапалата во точно
одредени делови.

2
Масажата се состои во ритмички притискања со јагодиците од средниот
прст потпомогнат со показалецот на одредена точка. Главна цел е
рефлексно влијание на внатрешниот орган.
-Aкупресура е стара кинеска техника. Се состои во притисок со прст на
избраните стандардни т.н. акуточки, преку кои се постигнува нивна
стимулација или инхибиција. Таа е замена за акупунктура, при која
наместо игли за стимулација или инхибиција на одбраните точки се
користат јагодиците од прстите.
Исто така, сите делови од телото се проектираат и на ушната школка, но на
неа се применува само акупунктура.
- Шијацу масажа, која се развила во Јапонија, основните фатови се
притискање и истегање, најчесто со прсти. Дејството е рефлексно и преку
акупунктурните точки.
2.Спортска масажа, се применува за зголемување на функционалните
способности на спортистите и намалување на заморот.
3.Козметичка масажа, се применува за негување на телото и за
зголемување на општата здравствена состојба.

You might also like