You are on page 1of 3

Предмет Масажа

Наставник Тања Тодорова

Прва лекција:

ВОВЕД, ДЕФИНИЦИЈА , ИСТОРИЈА НА МАСАЖА

Масажа е метода на лекување која се служи со


движења на рацете врз површината на телото.

Масерот со рацете создава механичка енергија која


систематизирано низ различни зафати и меѓузафати
(фатови и меѓуфатови) наоѓа примена и дејствува
терапевтски,т.е се користи во лекување на различни
заболувања и повреди, намалување на стрес и болка.

Потеклото на зборот масажа сè уште со сигурност не е


потврдено, но може да потекнува од грчкиот збор
масеин или масо, од латинскиот збор massare, кои
значат притискање или гмечење .

ИСТОРИЈAТ НA МAСAЖAТA

Масажата е една од најстарите методи на лекување која


се применува со илјадници години.

Се смета дека масажата е стара колку и човечкиот род.

1
Најстариот запис за масажа потекнува од Кина, од 2700
година пр.н.е. И други цивилизации како старите Индуси
( ајувердска медицина), старите Персијци, Еѓипќани,
Јапонци, Грци и Римјани низ историјата ја користеле во
лекување на различни заболувања и повреди.

Грчкиот лекар Хипократ ја опишувал масажата, нејзините


тераписки вредности, состојбите кај кои се применува и
состојбите кај кои не се применува.

Старите Грци ја применувале масажата пред и по


атлетските натпревари.

Римскиот лекар Гален оставил записи со подетална


класификација и опис на техниките во смисла на
квалитет (притисок и насока) и квантитет (колку често да
се применува). Тој ја препишувал масажата на
гладијаторите пред нивната борба во арените.

Во средниот век во Европа малку се споменувала


масажата, но таа била применувана од персискиот лекар
Aвицена.

2
Во Јапонија се применувала шијацу масажа, со
спојување на знаењата за манипулативни техники и
акупунктура.

Основач на модерната масажа и кинезитерапија е


Швеѓанецот Пер Хенрик Линг, кој го открил влијанието
на масажата врз циркулацијата на крвта и лимфата.

Исто така, познатиот психијатар Сигмунд Фројд се


интересирал за психолошкото дејство на масажата,
особено во лекувањето на хистерија.

Во западните земји таа масовно се применува во спортот.


Техниките на масажа сè уште се развиваат и се
збогатуваат.

Во денешно време, масажата станува сè попопуларна,


така што се применува во болниците, амбулантите за
физикална медицина и рехабилитација, природните
лекувалишта, бањите, но и во центри за здравје и
убавина.

You might also like