You are on page 1of 19

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

„ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“


СВЕТИ НИКОЛЕ – БИТОЛА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ФАКУЛТЕТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА
СТУДИСКА ПРОГРАМА: ОПШТА ПСИХОЛОГИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ХИПНОЗА

СТУДЕНТ: ДРАГАНА ГЕОРГИЕВСКА


БРОЈ НА ИНДЕКС: 1731057
МЕНТОР:ПРОФ.Д-Р

Свети Николе, 2021


АПСТРАКТ

Клучни зборови: хипноза, волја, хипнотизер


СОДРЖИНА

АПСТРАКТ.........................................................................................................................1

Клучни зборови:.............................................................................................................1

ВОВЕД..................................................................................................................................2

1 ХИПНОЗА........................................................................................................................3

1.1 ИСТОРИЈА НА ХИПНОЗА...............................................................................3

1.2 ПРЕТСТАВНИЦИ...............................................................................................5

2 ТЕХНИКИ НА ХИПНОЗА..............................................................................10

2.1 ТРАДИЦИОНАЛНА ХИПНОЗА....................................................................10

2.2 РЕГРЕСИВНА ХИПНОЗА...............................................................................11

3 ТЕРАПЕВТСКИ РЕЗУЛТАТИ........................................................................13

4 ФАКТИ ЗА ХИПНОЗАТА..................................................................................14

ЗАКЛУЧОК.......................................................................................................................16

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................16

ЛИСТА НА СЛИКИ

Слика 1. Да Винчиева скица за нивоа на ум.......................................................................4


Слика 2. Нишало............................................................................................................... 10

i
ВОВЕД

2
1. ХИПНОЗА

1.1 ИСТОРИЈА НА ХИПНОЗА

Историјата на хипнозата ја прати историјата на човечкиот род. Хипнозата е составен дел


од нашите животи, нешто како дишењето, со нас е од самото настанување и секој од нас
има хипнотичка способност. Многу стари култури ги имаат опишано своите обичаи и
активности кои потполно се поврзуваат со хипнозата. Старите Египќани, Грци, Викинзи,
Индијци и многу други, ги користеле обредите со мрморење, пеење и тропање како би
предизвикале некој вид на транс, односно длабока состојба на свеста. Овие и вакви
обичаи најчесто се поврзуваат со религиски лечења. Како пример за еден од првите описи
за хипноза често се наведуваат хиероглифи од времето на Рамезес XII, 3000 години пред
нашата ера, кои ја опишуваат процедурата која се случувала во “храмот на сонот”. Тие
записи го опишуваат процесот на давање на сугестија за оздравување на лицата кои
делуваат како да се заспани.

Посетите на “храмовите на сонот” се споменуваат и во атари индиски записи каде


духовните луѓе правеле процедури на мрморење и давање на сугестии на личност која
делува како да спие. Кај старите Грци исто така биле широко распространети “храмовите
на сонот”. Врз ознов на вакви историски запси, се наметнува заклучокот дека луѓето
вежбале влегување во состојба на транс од најрани времиња.

Пратејќи ја историјата на човештвото се гледа дека “религискиот транс” (транс = хипноза)


е повеќепати споменат и детално опишан како метод на лечење, како на поединци така и
на цела група луѓе. Тоа недвосмислено ни говори дека со лечење на умот, постоело и
практично се применувало од најрани времиња на човечката историја. Сите тие описи на
“религиско лечење со транс” скоро во целост се поклопуваат со современите описи на
хипнотички сеанси.

Но, без оглед на сите тие историски факти, хипнозата во оваа форма каква што е позната
денес почнува официјално да се споменува во 17 век. Затоа сега ќе споменеме некои
важни луѓе кои ни ја имаат приближено оваа современа хипноза.

За современата хипноза може да се каже дека се раѓа со теоријата и работата на


австрискиот доктор, Franz Anton Mesmer (1734 - 1815). Месмер ја креирал теоријата на
“анимален магнетизам” и развил специфичен начин на лекување кој му помогнал да

3
излечи голем број на луѓе. Неговата теорија и пристап, од тогаш се познати под името
“Масмеризам”.

Слика 1. Да Винчиева скица за нивоа на ум

Месмер верувал дека меѓу сите полиња на науката кои биле познати во тоа време, постои
уште едно поле кое тој го нарекол поле на животот или животна сила. Тој го деинирал
доброто здравје како слободен проток на животната сила низ илјада канали во нашето
тело. Аналогно на тоа, секоја болест настанува како резултат на обструкција на
слободниот проток на животната сила. Со надминување на овие препреки и повторното
воспоставување на слободниот проток се враќало и состојбата на здравјето. Кога болен
човек не можел да го направи тоа самостојно, тогаш бил неопходен контакт со
спроводник на “анималниот магнетизам” што било доволно како лек.

Со други зборови, Месмер верувал дека е тој природен спроводник на анималниот


магнетизам и дека со самото тоа може да се влијае на протокот на животната сила. Тој
своите пациенти ги лечел така што би седел пред своите пациенти, со своите колена
допирајќи ги нивните колена, држејќи ги палците на пациентите во своите раце при тоа
гледајќи ги во очи се додека они не ги затворат. После тоа правел “магнетни премини”,
преминувајќи со совоите раце од рамената низ рацете на пациентите. Пред него
вообичаена докторска пракса била таквите премини да се прават со магнети.

4
Месмеровата тероја дека постои невидлива сила или “анимален магнетизам” со која
хипнотизерот влијае на лицата со кои работи наскоро е напуштена, а на хипнозата
почнало да се гледа како на процес за кој е секој способен со соодветни инструкции. Со
други зборови, можно е да се стекне неопходно знаење и да се биде одличен хипнотизер
без било какви поседувања на никакви специјални моќи.

1.2 ПРЕТСТАВНИЦИ

Marquis de Puysegur (1751-1825). Уште еден доктор, бил ученик на Месмер, кој ја развил
теоријата дека свесната согласност на пациентот да ги прати и извршува сугестиите на
хипнотизерот е од исклучително значење. Со други зборови тој покажал дека дека
свесната одлука на лцето да прифати и изврши сугестија представува одлучувачки фактор
во процесот на лечење на умот

John Elliotson (1791-1868). Профеоср по хирургија на лондонскиот универзитет, познат


како пронаоѓач на стетоскопот. Постојат записи дека овој англиски доктор користел
исклучиво “Масмеризам” како анестезија при своите операции. Останало забележано дека
тој користејќи ја само таа форма на анестезија направил преку 1800 потполно безболни
операции. Ова е важно, затоа што во тоа време анестезијата била само мисловна именка.

James Esdaile (1808-1859). Уште еден англиски хирург кој користел “Масмеризам” како
анестезија за своите операции. Неговите медицински белешки покажуваат дека покрај тоа
што таквите операции биле потполно безболни, драстично се намалил бројот на фатални
постоперативни шокови и различни инфекции. Кај операциите кои тој ги извршувал
користејќи ваков вид на анестезија, се појавиле само кај 5% од пациентите, што е
феноменален резултат за тоа време во споредба со вообичаените 70%.

James Braid (1795-1860). Шкотски хирург кој работел во Манчестер. Тој методот дотогаш
познат ако “Масмеризам” го преименувал во “Хипноза”. Браид после набљудувањето на
демонстрирање на мастермизам, заклучил дека ги открил вистинските причини зошто
луѓето така лесно влегуваат во состојба на транс. По негово мислење тие причини немаат
никаква врска со некаква невидлива магнетна сила. Тој предложил чисто медицинска
основа за хипноза. По него причината за “Месморова состојба” (транс) е предизвикана од
фиксацијата и заморувањето на оптичкиот нерв, што предизвикувало спонтано затворање

5
на очите. Одтаму се провлекува денешната асоцијација со фокусирање на часовници кои
се нишаат, или во неговиот случај на сребрена табакера.

Во своето подоцнежно работење Браид констатирал дека самата фиксација на очите не е


доволна за предизвикување на транс, објаснувајќи дека покрај очите тоа што исто така
станува фиксирано е умот. Со други зборови, лицето кое е во хипноза неговиот ум се
фиксира и се усредоточува само на една идеа која му ја сугерира хипнотизерот. Тој
верувал дека трансот е предизвикан на овој начин дава одлични реезултати во
решавањето на здравствените проблеми кои не се од органско потекло.

Ambroise Auguste Liebeault (1823-1904). Француски доктор, кој користел хипноза во


лечењето на преку 12000 негови пациенти. Познат е по своето истражување во влијанието
на сугестивноста во излекувањето на болните. Користел исклучиво брза хипноза, за
реализација дека длабокиот транс не секогаш е неопходен за да се постигнат одлични
резултати во лечењето.

Hippolyte Bernheim (1837 - 1919). Професор на медицинскиот факултет во Нанси. Тој е


човекот кого го нарекуваат таткото на хипнозата на дваесетиот век, затоа што рекол:
“Сугестијата владее со процесот на хипноза”. Тој во својата работа покажал дека
хипнозата е процес неоспорно базиран на сугестијата.

Emile Coué (1857-1926). Француски психолог од Нанси, кој ја развил студијата


“психологија на сугестијата”, проучувајќи ги ефектите на сугестија на пациентите, како и
ефектите на автосугестијата. Во историјата останува запаметен по својата прочуена
автосугестија: “Секој ден во секој поглед сум се подобар и подобар”.

Покрај тоа, тој прв докажал дека имагинацијата е секогаш посилна од волјата: “Кога ќе се
соочат имагинацијата и силата на волјата, имагинацијата секогаш победува”. На пример:
Ако побарате од некого да премине преку даска долга два метра и ширина пола метар која
лежи на земја, тоа лице ќе го направи тоа без проблем. Меѓутоа ако му кажете на лицето
да застане на половина од даската, да затвори очи и да замисли дека таа даска е поставена
помеѓу две осмоспратници на педесет метри висина, лицето веднаш ќе почне да се ниша
како да ќе падне. Имагинацијата прави чуда, зарем не?

Clark Leonard Hull (1884-1952). Во светот преовладува мислење дека студиите на


модерната хипноза започнуваат со работа со овој професор по психологија на познатиот

6
американски универзитет Јејл. Неговото дело “Хипноза и Сугестивност” е ригорозна
студија на овој феномен, со користење на статистика и експериментална анализа.
Студијата на Хал недвосмислено докажува дека хипнозата нема апсолутно никаква врска
со спиењето. Во својата работа тој целосно ја демистифицира хипнозата и покажува дека
хипнозата е целосно природна способност својствена за секој човек.

Педесетите години на минатиот век хипнозата станува официјално признаена и


легализирана метода. Во 1950 година Британската медицинска асоцијација ја признава
хипнозата како терапевтска метода, а во 1958 Американската медицинска асоцијација
исто така ја одобрува и легализира под образложение дека со таа метода може да се
занимаваат и луѓе кои не се од медицинската струка, затоа што таа метода се базира
исклучиво на сугестијата и не се занимава со дијагнозата ниту со лечењето.

На крајот на оваа кратка историја за хипнозата, ќе ги разгледаме и споменеме работата на


двајцата највлијателни хипнотизери во досегашната историја на хипнозата: Dr. Milton
Erickson и Dave Elman.

Dr. Milton Erickson (1901-1980). Американски психијатар кој направил своевиден пресврт
во примената на хипнозата развивајќи благ, индиректен пристап кој и понатаму е многу
популарен меѓу повеќемина денешни терапевти. До крајот на својата кариера тој ja
совладал индиректната техника на хипноза до тој степен што едноставно водел разговори
со своите пациенти ставајќи ги во транс без никакво спомнување на зборот хипноза.
Секако, д-р Ериксон совршено добро знаел што зборува и како зборува, и токму тоа ја
предизвикувала хипнозата (трансот). Неговиот пристап и разбирањето на хипнозата во
процесот на создавање на позитивни промени, довело до развој на модерната терапија со
разговор односно НЛП.

Тој работејќи како психијатар, секојдневно применувал хипноза 60 години, од 1920 па до


својата смрт во 1980. Д-р Ериксон со својата работа појаснил многу примени на
хипнозата. Бидејќи неговиот метод на индиректна хипноза станал многу популарен, често
се занемарува фактот дека Ериксон бил исклучителен експерт за брза директна хипноза и
дека ја користел исто колку и индиректниот пристап. Останало забележано дека Ериксон
толку често користел брза индукција на “ракување” што на крајот од неговата кариера
веќе никој не смеел да се ракува со него. Многу од неговите изјави се цитирани како
дефиниции за хипноза – една од нив е следнава:

7
"Хипноза е посебна состојба на свест која се карактеризира со подготвеност за прифаќање
на нови идеи’’. - Milton Erickson

Две работи кои се вредни да се споменат од оваа кратка дефиниција. Тој нагласува дка
умот станува рецептивен за идеите што ги презентира хипнотизерот. Ова може да се
толкува со фактот дека лицето станува поподложно на сугестија или е поотворено кон
идеи кои му се презентираат кога е во хипноза.Акцентот кој Ериксон го става на
“свесноста” наместо на несвесноста, невниманието и непознавањето на нештото, е исто
така многу важен.

Тоа е целосно во согласност со неговиот став дека хипнозата ви овозможува да се соочите


со мистериозниот дел од сите нас, својот потсвесен ум или тоа што тој го нарекува
несвесен ум. Кога лицето е хипнотизирано, потсвеста превзема поголема одговорност
односно доаѓа напред. Потсвеста ги регулира сите телесни процеси, ги складира и
управува со сеќавањата, учи од секое искуство, со тоа и менталните модели и модели кои
што се појавуваат, и ни овозможуваат да функционираме.

Ериксон ја поретставува потсвеста како интуитивен и имагинативен дел на умот, кој може
да ги активира сите ваши потенцијали и веднаш да го промени начинот на кој
размислувате, чувствувате и реагирате. Спротивно на тоа свесниот дел на умот е многу
ограничен. Свеста е логична и линеарна во својот пристап кон решавање на проблемите.
Со свесниот ум имаме само овде и сега. Ериксон во својата работа не бил заинтересиран
да зборува за свесниот ум. Неговата цел секогаш му била дирктната комуникација со
потсвеста на пациентот.

На крајот ни останува уште еден, по многумина до сега најважен хипнотизер, кој је


одбележа историјата на современата хипноза.

Dave Elman (1900 - 1967). Кога имал осум години Дејв го видел својот татко потполно
избезумен од болки предизвикани од крајниот стадиум на рак. Еден семеен пријател,
инаку сценски хипнотизер, дошол да ги потсети кога слушнал за оваа ситуација. Влегол
во собата на неговиот татко и по кратко хипнотичко лекување, стенкањето и липањето
стивнале, а неподносливата болка се намалила. Малиот Дејв добил дозвола да го посети
својот татко и да си поигра со него. Тој никогаш не ја заборавил таа рана епизода, како ни
фактот дека олеснувањето на болката на неговиот татко ја донел хипнотизер откако
докторите рекле дека немаат вистински начин да му го олеснат страдањето. Дејв Елман

8
имал четириесет и девет години кога ја донел одлуката да ја промени својата професија и
да стане стручњак за подучување хипноза. Ја собрал цела дотогаш позната литература и
проучувајќи ги тие материјали кои ги тестирал и практично, развил свој “Дејв Елманов
курс по клиничка хипноза”. Иако Елман немал никакво формално медицинско
образование, тој ја ограничил својата обука само на лекари и стоматолози.

"Хипнозата е заобиколување на критичката карактеристика на свеста и воспоставување на


селективно размислување’’. – Дејв Елман

Оваа дефиниција на Елман е применета како формална дефиниција за хипноза во


американскиот закон. Неговата репутација како едукатор се ширела неверојатно брзо и
наскоро го направила најпознатиот и најуспешниот предавач за хипноза вао САД. Во
текот на следните седумнаесет години , тој обучил илјадници лекари во сите поголеми
градови во САД, во рамките на неговиот курс.

Без оглед на тоа дали некој верува во хипноза или не, дали проучувал материјали на таа
тема или не, сосема е сигурно дека кај секој од нас постои одредена лична идеја за тоа
што е хипноза и како таа функционира во пракса. Кај повеќето луѓе, овој став обично се
заснова на нешто што лицето го слушнало или видело во филмови или ТВ-емисии.

Штом еднаш започнете да ја проучувате хипнозата, вашите идеи и ставови за тоа што е
хипноза и како може да се користи, тотално ќе се променат и ќе бидат сосема различни од
мислењата на повеќето луѓе околу вас. Тоа е патот по кој секој од нас мора да помине,
бидејќи тоа е патот на откривање на ново знаење и лична еволуција.

2. ТЕХНИКИ НА ХИПНОЗА

2.1 ТРАДИЦИОНАЛНА ХИПНОЗА

Традиционална хипноза или хипнозата на директна сугестија е најчестата техника на


хипноза. Таа е позната по одличните резултати што ги дава при откажување од пушење,
гризење на ноктите и слични проблеми кои се само навика. Хипнозата на директна
сугестија се одвива со тоа што хипнотизерот го води клиентот низ процесот на ментална и
физичка релаксација до состојба на максимална релаксација со цел да се заобиколат

9
„Критичките карактеристики на свеста“. Кога ова ќе се постигне, хипнотизерот тогаш
изговара прецизно формулирани сугестии со цел да ги постигне потребните промени што
ги сака лицето. Ова е малку бавен и застарен начин, но сепак дава одлични резултати со
поблаги проблеми што можат да се отстранат.

Слика 2. Нишало

Иако традиционалната хипноза е многу ефикасна, понекогаш причините за проблемот се


наоѓаат многу подлабоко и се слоевито се сместени длабоко во човечката потсвест. Во тие
и такви случаи, прво мора да се откријат, дефинираат и емоционално да се испразнат
причините па дури тогаш може да се постигне позитивна промена. Кај ваквите проблеми
Регресивната хипноза дава фасцинантни резултати.

Додека терапевтот ги изговара тие зборови, пациентот е внатрешно поделен на два дела,
без да го сфаќа тоа како противречност. Еден дел е буден и во реалноста, а другиот дел
тоне сè повеќе во светот што го замислува терапевтот.

Изборот на вистинските зборови кај воведувањето во хипноза е исто така од секундарно


значење како и гласот на хипнотизерот. Во претходните времиња, додека тие сè уште биле
лица со неприкосновен авторитет, лекарите можеле да предизвикаат состојба на хипноза
дури и со наједноставната наредба „Сега заспиј!“

Кога ќе се достигне хипнотичката состојба, следува терапевтскиот дел од сесијата. Сега се


даваат одлучни сугестии на заспаната личност - а тоа се, во принцип, упатства да се

10
направи одредена работа, односно да се дозволи тоа да му се направи или да замисли
нешто многу интензивно за себе.

Срамежлив пациент, на пример, треба да се доживее во некоја секојдневна ситуација како


храбра и силна личност; на пушачот му се сугерира да чувствува одвратност од самиот
поглед на цигара; а астматичарот замислува дека може да дише без никакви потешкотии.
Но, што се случува ако терапевтот е спречен од која било причина повторно да го извлече
пациентот од хипнотичката состојба? Овој страв, кој секогаш се слуша одново и одново,
научниците го проучувале низ низа експерименти. Резултатот е: кога хипнотизерот би ја
напуштил собата, хипнотизираните луѓе сами се освестуваат - во просек по 17 минути.
Враќањето од состојбата на хипноза се одвива многу побрзо од воведувањето - што, во
скратена верзија, изгледа вака: „Сега ќе бројам наназад, од десет до една. Кај „еден“
повторно ќе бидете целосно будни. Ќе имате пријатни сеќавања од ова искуство и ќе се
чувствувате совршено добро и свежо “.

По будењето, многу пациенти сметаат дека воопшто не биле вистински хипнотизирани. А


времето поминато во состојба на хипноза честопати се чини кратко. На пример,
времетраењето на едночасовната хипнотичка сесија се проценува на дваесет минути.

2.2 РЕГРЕСИВНА ХИПНОЗА

За секој што сака да ги реши своите проблеми и да го подобри квалитетот на животот,


регресивната хипноза ќе биде фасцинантно откритие. Регресивната хипноза е подлабока
форма на хипноза која чудесно ги менува човечките судбини.

Причината за извонредните резултати лежи во фактот дека регресивната хипноза му дава


единствена можност на секое лице ментално да го премота филмот од неговиот живот и
да ги ослободи своите потиснати, натрупани чувства (кои секогаш се вистинската
причина за проблемот), таму каде што настанале ( минати ситуации) и на тој начин да ја
вратите вашата внатрешна хармонија. Со помош на регресивната хипноза, може да се
открие што се случило многу одамна и што е уште поважно, да го промени влијанието на
овие настани врз сегашниот живот. Се чини дека старата изрека „вистината ослободува“
никаде не е толу валидна како што е во регресивна хипноза.

Современата медицина, психологија и психијатрија пристапуваат кон решавање на секој


проблем од премисата на „Актуелното-свесното“, сега видлив симптом, и тие се

11
занимаваат само со тој симптом. Ова е интервентен пристап без длабоко впуштање во
откривање и неутрализирање на вистинската причина за овој тековен, видлив симптом.

Од друга страна пак, хипнозата има холистички пристап кон човекот и неговите
проблеми, па во согласност со тоа „видливата манифестација на некој проблем“ е само
почетниот чекор во откривањето на нејзината вистинска причина.

Науката докажала дека во процесот на развој на секоја личност, неговиот нервен систем
прво ја развива способноста да чувствува телесни сензации, а потоа се развиваат свесни
аналитички способности. Овие различни сензации што ги чувствува човекот во своето
тело, ги нарекуваме чувства. Сите наши животни искуства генерираат одредени чувства.
Генерираните чувства ги создаваат нашите ставови за ситуациите низ кои поминуваме.

Во сегашниот момент од нашите животи, секој од нас претставува збир на сите наши
минати искуства. Така, начинот на кој емотивно го доживуваме нашето минато, директно
влијае на дефинирањето на нашата сегашност. Кога, со помош на регресивната хипноза,
ќе се свртиме кон нашето внатрешно јас, дури тогаш ќе ги откриеме вистинските причини
за чувствата што ги чувствуваме сега, а се резултат на минатите искуства. Имаме шанса
да разбереме што е тоа во нас што ги придвижува нашите тековни програми на
однесување и размислување. Покрај овие две техники на хипноза, постојат и многу други
техники кои се специфични и ефикасни за одредени ментални проблеми кај пациентите.

3. ТЕРАПЕВТСКИ РЕЗУЛТАТИ

Што всушност се случило во телото на пациентот за време на хипнозата? До какви


телесни промени дошло во тој временски период?

Звучи зачудувачки, но тоа е вистина - не постои некоја посебна и единствена состојба на


хипноза. Во секој случај, бројни научни студии покажале дека нема јасно отстапување од
другите душевно-телесни состојби. Навистина, одредени промени во мозочните струи се
забележани за време на хипнотички транс, но тие во никој случај не се единствени. Без
разлика дали некој медитира, е хипнотизиран или се предава на некој друг вид
релаксација - тоа, објективно, не може да се утврди. Покрај тоа, не е можно да се измери
ниту колку длабоко едно лице потонало во хипнотичка состојба или, можеби, само
симулира. Затоа, никој не знае што точно се случува за време на хипнозата. И покрај

12
интензивните истражувања, постојат само теории. Но, ниедна од нив не може сеопфатно
да го објасни феноменот. Не е познато точно како функционира - но одредени резултати
не можат да се негираат. Еве три елоквентни примери:

• Психолози од Универзитетот во Тибинген во Германија пред 12 години докажале


дека хипнозата може да го отстрани стравот од полагање испити. Дваесет и двајца
студенти, кои се чувствувале блокирани одвнатре за време на еден испит, по третманот со
хипноза се опуштиле на следниот испит и успешно го положиле.

• Американскиот лекар Бернауер Њутн прибегнал кон хипноза за да им помогне на


пациентите заболени од рак. Како дополнување на вообичаениот медицински третман, тие
сликовито замислувале дека нивното тело се бори против туморот. Процентот на
преживеани бил забележително поголем од просекот.

• Д-р Дабни Џуин од Тјулејн во САД, во неколку наврати со помош на хипноза ги


ублажил изгорениците на пациентите. Еден од неговите пациенти заспал на отворен
простор и се пожалил дека претрпел сериозни изгореници на нозете од силното сонце. Во
хипнотички транс, тој требал да замисли како ги држи нозете наизменично во многу
студен планински поток. Резултатот бил дека само едната нога на пациентот беше
отечена, додека другата не. Водата на пациентот станала „премногу студена“ - и тој ја
прекинал терапијата.

И мигрената, стомачната нервоза, алергиското црвенило и тврдоглавите брадавици исто


така биле елиминирани со помош на хипноза. Тој список може да продолжи за којзнае
колку долго. Само прирачникот за хипноза на Ханс Кристијан Косак содржи 95 страници
со валидно документирани резултати од третманите со хипноза во медицината,
психотерапијата и стоматологијата. И покрај ова, повеќето лекари сè уште гледаат на
хипнозата како на сомнителен терапевтски инструмент. Скоро никогаш не се применува
во клиниките. Не е научно „докажлива“, па затоа се смета за несериозна.

4. ФАКТИ ЗА ХИПНОЗАТА

Иако феноменот на хипнотички транс не може да се објасни, сепак е можно да се разбере


зошто тој воопшто постои. Тајната на хипнозата лежи во оној кој си дозволува да биде
хипнотизиран.

13
Колку и да звучи парадоксално, хипнотизираните луѓе веруваат дека хипнотизерот
демонстрира одредена сопствена моќ над нив - а фактот дека токму верувањето и
поднесувањето на хипнозата му овозможуваат на хипнотизерот да добие моќ над нив.
Канадскиот психолог Николас П. Спанос ја изложил оваа ранлива точка на хипноза преку
голем број експерименти. Така, на пример, пред група испитаници изговорил низа
потценувачки забелешки за хипноза, по што подготвеноста на присутните да бидат
хипнотизирани значително опаднала. Но, кога тој го пофалил методот, процентот на
подготвени се зголеми соодветно.

Успехот и неуспехот на хипнозата, според тоа, лежи во рацете на „жртвите“. Затоа, никој
не може да биде хипнотизиран против неговата волја. Исто така, никогаш не може да се
користи хипноза за да го присилите да изврши злосторство. На вистина, во минатото
имало неколку индивидуални случаи во кои обвинетите тврделе дека биле поттикнати од
хипноза - но и тие не постапувале без свои намери. Тврдењето „Па, бев хипнотизиран“ е
добар изговор. Бидејќи, според широко распространетото верување, хипнозата
ослободува од сопствената одговорност. Ова е особено точно за необичните сцени видени
при демонстрација на хипнотички вештини на јавни сцени.

Типичен тек на една таква претстава би бил: Хипнотизаторот ги води волонтерите од


публиката да прават глупави работи на сцената. Мажите таму трчаат на четири нозе - и
лаат, и се чини дека сериозно веруваат дека се куче или некој див ѕвер. Една жена гризела
главица кромид со ужување, бидејќи хипнотизерот сугерирал дека станува збор за сочно
јаболко. Соработници во вакви програми не се тајни соучесници на изведувачот. Но,
тогаш, зошто се изложени пораките на набудувачите, зошто тие се согласуваат да бидат
исмејувани од јавноста?

Едно е сигурно. Оној кој не сака да се однесува на таков начин пред толпа луѓе, „ниту
еден хипнотизер на овој свет не може да го присили на тоа“, вели британскиот психијатар
д-р Каролин Шреу.

Поволните околности ја олеснуваат оваа тенденција: хипнотизерот е претставен како


славна личност; ставот на очекување е многу нагласен од сите присутни; другите, кои
исто така се на сцена, учествуваат во сето тоа - па како, тогаш, може некое лице да ја
одбие бараната улога и да се претвори во единствениот „расипувач на играта“? Пред да ги
изведе волонтерските соработници на сцената, хипнотизерот веќе ги избрал

14
најсоодветните кандидати на еден мал тест: од публиката се бара да ги свитка рацете, а
потоа им се дава хипнотичка наредба да не ги расклопуваат свитканите раце. Приближно
десет проценти од присутните се придржуваат до таа наредба, а од таа сугстибилна група,
хипнотизерот потоа ги избира своите кандидати. Тие луѓе се убедени дека ќе можат да ги
раздвојат преклопените раце само кога тоа ќе го побара од нив хипнотизерот.

Меѓутоа, при издавање на таква наредба, хипнозата воопшто не е во игра. Покрај тоа,
експериментите докажале дека во секоја поголема група, одреден процент од присутните
едноставно се покоруваат на предлозите на изведувачите, доколку тие се направат
доволно убедливи. Звучи неверојатно, но тоа е вистина. На пример, еден професор им
покажувал на студентите мало шише, чија содржина потоа ја истура врз парче памучна
волна. Во прашање е, им рекол, една многу важна, досега непозната хемиска супстанца.
„Колку и да ви изгледа силен и необичен нејзиниот мирис, сепак се надевам дека на никој
од вас нема да му биде премногу непријатен“. Потоа, професорот изјавува дека сака да
открие колку брзо ќе се шири мирисот низ училницата и ги замолил студентите да го
известат со соодветни гестови на рацете. По 15 секунди, неколку раце во првиот ред се
креваат, по 40 секунди, миризливиот бран стигна до крајот на училницата. Некои
студенти се жалат на гадење. Содржина на шишињата: обична вода. Нејзиниот мирис бил
измислен, но сугестијата била реална. Овој експеримент бил изведен на универзитетите во
Мајнц и Вајоминг - со ист резултат!

ЗАКЛУЧОК

Врз основа на сите факти, можеме да заклучиме дека постојат многу митови за хипнозата,
но хипнозата е потполно безбедна и хипнотерапевтите не можат да му направат ништо на
лице кое не сака, напротив, лице кое сака да реши некој проблем оди со свесно знаење до
хипнотерапевт (целокупната терапија изгледа како разговор, лицето е целосно свесно за
сè во секое време, може во секое време, ако сака, да запре дури и многумина мислат дека
хипнотерапијата не била успешна затоа што биле свесни цело време) и конечно го решава
неговиот проблем. Најчести случаи се откажување од пушење, намалување на стресот,
сексуална импотенција, депресија, фобии, намалување на телесната тежина, алергии...

15
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. https://www.hipnoza.org
2. http://www.wikipedia.org

16
A

You might also like