You are on page 1of 12

Проектна задача по предметот Современи

технологии - Современи технологии во медицината

ТЕМА: НАНОТЕХНОЛОГИЈА ВО МЕДИЦИНАТА


НАНОМЕДИЦИНА

Изработила: Ментор:

Бенин Бајрамоски Никола Коџоман

СОДРЖИНА:
Страница 3........................... Дефинирање на термините (А)

Страница 4..............................................Кратка Историја (Б)

1: Историја на медицината

Страница 5.......................2: Историја на нанотехнологијата

Страница 6.................... 3: Биологија во нанотехнологијата

Страница 6... Сретнување на овие науки- Наномедицината

Страница 7.......1) Лекување на канцер со нанотехнологија

Страница 8......................................2) Регенерација на ткива

Страница 9.......................................................3) Нанолекови

Страница 10..............................................................Заклучок

Страница 11..............................................................Графици

Страница 15....................................... Користена литература

НАНОМЕДИЦИНА- НАНОТЕХНОЛОГИЈА ВО
МЕДИЦИНАТА
2
А) Дефинирање на термините

- Нанотехнологија

Нанотехнологијата е разбирање и контрола на материјата во нано скала, во


димензии помеѓу приближно 1 и 100 наномаметри, каде уникатните феномени
овозможуваат нови апликации.

- Молекуларна дијагноза

Молекуларна дијагноза е процес на идентификување на болест преку проучување


на молекули, како протеини DNA и RNA, во ткиво или течност.

- Нано и медицина

Зборот “медицина” доаѓа од грчкиот збор што значи “да се грижи (за некого)”.
Зборот “грижи” исто го држи значењето за “да се мисли (длабоко)”.

Нано е префиксот признаен од SI за да означи 10^-9. Зборот “нано” доаѓа од


грчкиот збор за “џуџе” или од шпанскиот збор за “мало дете”.

- Медицина

Медицина е знаењето да се одржи и поправи здравјето.

- Здравје

Здравје е состојба во која организмот може да ги извршува работите без страв од


неуспех, неуспех или болка.

- Медицинска наука

Медицинска наука е аплицирањето на научни методи на живите организми со цел


подобрување на здравјето.

- Наномедицина

Наномедицина е област во науката која комбинира лекови со молекуларна дијагноза


цел да се стигнат специфични клетки и ткиво.

- Наука

3
Наука е потрага и примена на знаење и разбирање на природниот и општествениот свет
по систематска методологија базирана на докази.

- Нанобиотехнологија

Нанобиотехнологијата е дисциплина во која алатките од нанотехнологијата се


развиваат и се применуваат за проучување на биолошките феномени. На пример,
наночестичките можат да послужат како сонди, сензори или возила за испорака на
биомолекули во клеточни системи.

Б) Кратка историја

1. Историја на медицината

Иако голем дел од темелите на кои е градена модерната медицина произлегуваат од


стара Грција, стар Египет и Рим, медицината во тоа време била базирана врз верувања
дека боговите ги лекуваат болните, или магии извршени со помош на тревки, за кои се
верувало дека се лековити.

Во денешно време се смета дека медицината за првпат се појавила во древен Египет.


Од Египет, се раширила низ целиот антички свет. Но, корените на медицината можат
да се најдат во Месопотамија, каде имало медицински лекари дури во 4000 п.н.е.

Египјаните ја знаеле структурата на човечкото тело преку балсамирање на мртвите


тела. Тие уште тогаш знаеле дека мозокот и срцето се најважните органи.

Индијците, од друга страна, имаат записи на многу билки со кои ги лекувале своите
болни. Особено внимание обраќале на обемот, висината, тежината и обликот на
човечкото тело. Постојат записи од Индиски медицински лица во тоа време, нивните
верувања и рани лекови.

Антички Источна медицина потекнува од четвртиот век пред нашата ера, една од
првите трактати за болести се смета за "Хуанг Ди Nei Џинг", и Хуанг - е името на
основачот на кинески правец во медицината. На кинески, како Индијанците, се верува
дека човекот се состои од пет елементи, нерамнотежата на која води до разни болести,
што е многу детални и е кажано во "Nei Џинг", која во 8 век Ван Бин копирани.

Грците се обидувале да ги објаснат начините на кои работи медицината со


филозофија- случувањата во човечкото тело. Во Античка Грција почнала практиката на

4
обдукција. Имало и можности да се отворат медицински училишта во близина на
храмови.

Медицината се раширила и во Александрија, од каде Рим ја презел. Започнале и


посебни одреди на медицина како хирургија, трауматологија, стоматологија и
акушерство.

За татко на медицината се смета Хипократ (грчки. Ippokratis), антички грчки лекар во


17 генерација, кој живеел во 460 п.н.е и го означи почетокот на развојот на медицината
во антички Рим. Познатото медицинско верување, пред земање на функција-
Хипократовата заклетва, е негова замисла.

Додека стариот свет имал голем број на научници и медицински лица, тогаш сметани
за философи, медицината е во опад во Средниот Век кога во Европа луѓето ги сметаат
научниците за еретици и медицината за лоша. Овие суеверија ги спречувале луѓето да
се занимаваат со овие професии.

Многу доктори и научници работеле тајно и ограбувале гробници за да го испитуваат


човечкото тело, а особено за раст на хирургијта и операциите.

Сите овие работи придонесле денеска медицината пак да е во развиток. Се појавуваат


многу технологии користени во медицината за подобрување на здравјето на
пациентите, а една од овие е токму НАНОМЕДИЦИНА.

2. Историја на ненотехнологијата

Првпат нанотехнологијата, иако не под ова име е спомната од физичарот Ричард


Фејман, во неговиот говор наречен “Има многу место на дното” на состанок за
Американско Физичарско Општество во Калифорнискиот институт за технологија
одржан на 29 декември 1959 година. На овај состанок тој претставил начин на кој
научниците би можеле да контролираат и манипулираат индивидуални атоми и
молекули. Повеќе од една декада подоцна, професор Наорио Таричучи го составот
поимот “Нанотехнологија”. Модерната нанотехнологија почна во 1981 година кога се
појави можноста да се гледаат поединечни атоми, со помош на развој на микроскоп за
скенирање на тунели.

Иако модерната нанонаука и нанотехнологија се сосема нови, материјали со нано скала


се користеле со векови. Честички од злато и сребро со алтернативна големина

5
создадоа бои во витражните прозорци на средновековните цркви уште пред стотици
години. Тогашните уметници едноставно не знаеле дека процесот што го користеле за
да ги создадат тие прекрасни уметнички дела, всушност доведол до промени во
составот на материјалите со кои работеле.

Денешните научници и инженери наоѓаат широк спектар на начини намерно да


направат материјали во нано скала за да ги искористат предностите на нивните
зголемени својства како што се поголема јачина, помала тежина, зголемена контрола
на светлинскиот спектар и поголема хемиска реактивност од нивните колеги од
поголем обем.

Тешко е да се замисли колку мали се честичките со кои работи нанотехнологијата.


Еден нанометар претставува милијардити дел од метал (10^-9). Има 25,400,000
нанометри во еден инч (2,56цм). Во споредба, ако мермерот е нанометар, тогаш еден
метар ќе биде со големина на Земјата

3) Биологија во нанотехнологијата (бионанотехнологија)

Нанобиотехнологија е фузија на две од најактуелните науки во развој, нанотехнологија


и биотехнологија. Иако во моментов, малку се специфичните користења на оваа
технологија, научниците откриваат многу повеќе во иднина и се смета за наука која
ветува многу. Оваа наука се занимава со контролирање на молекулите на нано скала.
Оваа наука, покрај останатото, се смета дека ќе може да помогне при
дијагностицирањето на болести.

В) Сретнување на овие науки - НАНОМЕДИЦИНА

Целта на наномедицината е да користи наночестички за полесно да ги насочи лековите


во човечкото тело. Веќе има видови на вакви наночестички кои би можеле да се
користат. Човечкото тело, исто така има биолошки наночестички. Нив ги има во
плунката, урината, панкреасниот сок и случки. Има лаборатории кои веќе има обиди да
се изолираат и користат во наномедицината.

Наноматеријалите може да се применат во наномедицината за медицински цели во три


различни области: дијагноза (нанодијагноза), контролирана испорака на лекови
(нанотерапија) и регенеративна медицина. Се појавува нова област која комбинира

6
дијагностика и терапија наречена тераностика и е ветувачки пристап кој ги држи во
истиот систем и агенсот за дијагноза/слика и лекот.

Наночестичките (НП) можат да дадат многу фармакокинетички, ефикасни, безбедни и


таргетирани придобивки кога се вклучени во формулациите на лекови. Голем број од
нив моментално се тестираат, а некои и се пуштени во употреба. Сепак, тие имаат
многу препреки, како можно проблеми со токсичност и скептицизам кај некои
доктори. Затоа, треба да има реализам кога станува збор за некои лекови кои сè уште се
под тестови.

1) Лекување на канцер со нанотехнологија

Голем фокус од наномедицината е лекувањето на канцер. На секои 5 секунди, некој


умира од канцер. Наномедицината се надева да го смени ова.

Во обични услови, голем дел од лековите кои се даваат за лечење на туморот се


исфрлени надвор од човечкото тело пред воопшто да можат да го стигнат туморот.
Иако лековите се достапни, немаат начин да го стигнат местото кое треба да го лечат, и
ова е проблем кој може да се елиминира со користењето на наночестички.
Наномедицината сака да користи наночестички за да им даде време на лековите да
стигнат во туморот без човечкото тело да може да ги исфли надвор. Наночестичките би
биле опремата која им треба на лековите за да стигнат до туморот. Телото не би ги
исфрлило наночестичките затоа што тие се премногу мали. Тие ќе продолжат да се
движат низ крвта, што им дава време да го пронајдат туморот и да стигнат до него. Но,
ова не е единствениот начин на кој што тие помагаат при борбата до канцер.

Има некои лекови, кои се многу битни, но сензитивни и ензимите од човечкото тело го
уништуваат. Наночестичките можат да го заштитат од ова. Има и некои наночестички
кои можат да се зафатат за туморот, точно на него, давајќи ѝм време на лековите.

Ова се само некои од начините на кои наночестичките се корисни. Денес има околу
десет одобрени видови на наночестички за пациенти со канцер.

Овие начини биле докажани да работат во многу експерименти по научниот начин, ама
се јавил нов проблем: црниот дроб. Црниот дроб ги забележува и ги елиминира
наночестичките, затоа што ги гледа како надворешни и непознати. Стратегија за ова е
да се прекинат имуните клетки во црниот дроб за некое време. После истражувања,
научниците нашле стар лек за маларија кој покажал дека може да го направи ова.

7
Друга стратегија е да се користат наночестички кои веќе ги имаме во нашето тело за
оваа цел. Така, црниот дроб нема да ги гледа како надворешни и да ги спречува. За
жал, потребни се 12 години за целосна подготовка на ова.

2) Регенерација на ткива

Има можност нанотехнологијата да биде користена во регенерација на повредени ткива


користејќи соодветни техники базирани на наноматеријали и фактори на раст. Ова
може да замени третмани кои се користат сега, како трансплантација на органи.
Наночестички како што се графен, јаглеродни наноцевки, молибден дисулфид и
волфрам дисулфид се користат како зајакнувачки агенси за да се изработуваат
механички силни биоразградливи полимерни нанокомпозити за инженерски апликации
на коскеното ткиво. Додавањето на овие наночестички во полимерната матрица при
ниски концентрации (~ 0,2% тежина) доведува до значителни подобрувања во
компресивните и свиткувачките механички својства на полимерните нанокомпозити.

3) Нанолекови

Има многу придобивки за користење на наночестички во лековите, некои кои се


наведени на почетокот од овој дел и многу други. Иако помеѓу луѓето и некои
медицински лица има скептицизам околу овие лекови, Администрацијата за лекови и
храна има одобрено некои од нив, сметајќи дека може да бидат корисни, сè додека се
помеѓу 0 и 100 нанометри.

Наночестичките можат да ги сменат биохемиските, електронските, магнетните и


оптичките својства на лековите, кои потоа можат да се аплицираат за лековити цели.
НП што се користат во формулациите за нанолекови вклучуваат липозоми, полимери,
мицели, нанокристали, метали/метални оксиди и други неоргански материјали и
протеини, иако истражувањето се спроведува со други видови НП, како што се
јаглеродни наноцевки.

Поради ефикасна испорака и потенцијални имунолошки регулаторни својства,


употребата на НП адјуванси може да ја зголеми ефикасноста на вакцините.

Користењето на овие честички, може и да биде побезбедно. Некои од најрано


одобрените честички за медицинска употреба биле употребени без база на фактот што
ја намалувате токсичноста. Зголемената акумулација на лекови во заболеното ткиво

8
обезбедена со наноформулации може да овозможи намалување на ефективната доза на
лекот, намалувајќи ги несаканите ефекти.

Нови нанолекови се тестираат секоја година, но најголем дел од нив се


наноформулации од веќе одобрени лекови во употреба. Бројот на нанолекови кои
добија одобрување за истражување на нови лекови (ИНД) од ФДА за да се подложат на
клинички испитувања, постојано се зголемува од 2007 година. Годините од 2013 до
2015 година имаа најголем број наноформулации што влегоа во клинички испитувања;
ова сугерира зголемување на достапноста на нано-лекови одобрени од ФДУ во иднина.

Моментално, најмногу се тестираат лекови за канцер и антимикробни лекови. Но, се


изградуваат и за автоимуни состојби, анестезија, метаболички нарушувања,
офталмолошки состојби, невролошки и психијатриски заболувања и други. Најголем
дел од нив не се одобрени, поради тоа што е одлучено дека нивната цел може да биде
постигната со други, одобрени лекови, поради тоа што не покажале големо
подобрување во однос на други лекови во ефикасност и намалување на токсичноста. И,
покрај ова, има наноформулирани верзии на постоечки лекови кои се подложени на
клинички развој покажаа ветувачки резултати во однос на подобрената ефикасност и,
според тоа, се чини дека ќе добијат регулаторно одобрување.

9
ЗАКЛУЧОК

Според моменталните истражувања, лошите страни на наномедицината се тоа што таа


е многу комплицирана, треба многу истражувања и треба време да за истата да се
развие, (погоре во оваа статија наведив дека за некои од овие лекови треба дури 12
години). Ова ја прави неа многу недостапна во овој момент, особено за пациентите кои
не се во држави со пристапно здравство. Има и некои спекулации за токсичноста на
наночестичките и како човечкото тело би реагирало на нив. Како во лекувањето на
канцер со нанотехнологија, човековиот организам дава многу препреки, односно ги
одбива истите тие честички.

10
11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5720487/#!po=22.9592
https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https://sciencecouncil.org/about-
science/our-definition-of-science/
&ved=2ahUKEwitytO72YDzAhXYhf0HHRFIAYUQFnoECA0QBQ&usg=AOvVaw393Zjd
bodV2rdeEXbz5yR-
https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https://mk.atomiyme.com/
%25D0%25B8%25D1%2581%25D1%2582%25D0%25BE
%25D1%2580%25D0%25B8%25D1%2598%25D0%25B0-%25D0%25BD%25D0%25B0-
%25D0%25BC
%25D0%25B5%25D0%25B4%25D0%25B8%25D1%2586%25D0%25B8%25D0%25BD
%25D0%25B0%25D1%2582%25D0%25B0-%25D0%25BE%25D0%25B4/
&ved=2ahUKEwiUosbc24DzAhXeg_0HHRS0BVsQFnoECBQQAQ&usg=AOvVaw1rctOB
KweGNmnkjSXEFjL-&cshid=1631700641411
https://mk.birmiss.com/%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA
%D0%B8-%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA
%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B0-
%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B8
https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https://www.nano.gov/nanotech-
101/what/definition&ved=2ahUKEwijt-
Hs0oHzAhX7hf0HHaG_Cx0QFnoECF8QBQ&usg=AOvVaw0Bvuh-rBXbOmXdAagb9kld
https://www.frontiersin.org/articles/10.3389/fchem.2018.00360/full
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3601907/
https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S1742706113002675?via%3Dihub
“Medical nanotechnology and nanomedicine” by Harry F. Tibals. Првично објавена на 24
септември 2010.

12

You might also like