You are on page 1of 17

Физикална терапија и рехабилитација кај

пациенти со лумбална спондилоза

доц. др-Валентина Коевска


 ЛУМБАЛНА СПОНДИЛОЗА
Причини за лумбална болка

 Како најчести причини за лумбална болка се јавуваат:


 Малигнитет
 Инфекција
 Скршеница
 Spondylitis ankylosans и други воспалителни нарушувања
• Возраст
• Долготрајно седење бо направилна положба
• Прекумерена тежина
• Неправилно подигање товар
• Генетика
 Клиничко испитување
Анамнеза

Постара лумбална болка (поранешна појава на симптомите,


поранешни испитувања, терапија и боледување)
Сегашна лумбална болка (појавата, природата и интензитетот
на тегобите, испитувањата, терапијата и нејзината ефикасност)
Други заболувања (операции, други болести како дијабетот,
алергиите, тековната терапија со некои лекови)
Социјална анамнеза (семејство, едукација, работа)
Животен стил (физички вежби, пушење, пиење, диета).
Акутен лумбален болен синдром со траење <6 недели
Субакутен лумбален болен синдром со траење 6 – 12 недели
Хроничен лумбален болен синдром >12 недели
ТРЕТМАН НА АКУТНА ФАЗА
 Физикална терапија
 криотерапија
 DD (дијадинамски струи)
 IF (интерферентни струи)
 TENS
 површинска масажа
 вежби на дишење - мобилизација на граден кош
 статички контракции за зајакнување на мускулатура на долните екстремитети
(превенција на тромбоза и атрофија на екстензорите)
Третман на Лумбална болка –субакутна и
хронична фаза
 Цели на кинезитерапија

 зголемување на подвижноста на рбетниот столб


 зајакнување на абдоминалната мускулатура
 зајакнување на паравертебралната мускулатура
 зајакнување на глутеалната мускулатура
 истегнување на скратените мускули на сакралниот дел

 Предност се дава на статичките контракции (на почеток 2-3s, потоа 5-6s, се до 10s)
ЕЛЕКТРОТЕРАПИЈА
Криотерапија
Галванска струја
Дијадинамски струи
Интерферентни струи
Магнетотерапија
Ултразвук
Галванска струја- галванската струја е еднонасочна, константна струја која не ги
менува насоката, јачината и напонот.
Нејзиното дејство: екцимоторно- ја зголемува
надразливоста и спроводливоста во нервите и мускулите. Аналгетско дејство, ресорптивно
дејство.

Дијадинамски струи – ДД се еднонасочни нискофрекфентни имплусни


полусинусоидни облик. Дејство-вазодилатација, симпатиколитично, спазмолитичко дејство,
аналгетско, миостимулативно дејство.
 Терапија со ултразвук се состои од примена на ултразвучна енергија во
лекувањето.
• Дејство- антивоспалително, спазмолитично, фибринолитично, аналгетско,
стимулира на создавање на калус.

 Интерферентни струи - ИФ се среднофрекфентни амплитудно модулирани струи


со синусоидална форма кој настануваат ендогено со интерференција на две самостојни
струјни кола кој се разликуваат по интензитет, форма и фрекфенција 1-100 Hz.
• Дејство – Аналгетско- предизвикува активна хиперемија, надразнувачко дејство – го подобрува
метаболизмот, предизвукува создавање на калус, симпатиколитично дејство.
КИНЕЗИТЕРАПИЈА
• ВЕЖБА 1: Пациентот лежи на
под, со нозете свиткани во колена.
Десната нога останува свиткана
во коленото а левата нога полека
ја подигнува држејќи ги двете
раце под коленото.Истата вежба ја
повторува и со другата нога. Ова
вежба е добра за истегнување на
нозете и кичмата.
• ВЕЖБА 2: Пациентот лежи на
грб, нозете се флектирани во
колената. Левата нога ја подига
флектирано, а десната нога ја
испружува. Полека со рацете го
повлекува левото колено кон
градите. Истата вежба се
повторува и со другата нога.
• ВЕЖБА 3: Пациентот лежи на
под. Го свиткува едното колено
полека, истовремено ги ротира
на едната страна, а горниот дел
на спротивната страна. Истата
вежба се повторува и со другата
нога.
• ВЕЖБА 4: Пациентот лежи на грб
и ги свиткува двете нозе во
колената. Левата нога ја пренесува
преку десната, а десната ја
подигнува према градите држејќи
ги рацете под коленото.
• ВЕЖБА 5: Пациентот прави исчекор со левата нога.
Десната нога полека ја спушта со коленото на подот,
и се истегнува ногата нанадвор, потпирајќи се
повеќе на левата нога. ‘Рбетот треба да биде секогаш
исправен
• ВЕЖБА 6: Пациентот легнува на
десната страна. Десната нога ја
исправува или благо ја свиткувa во
коленото. Левата нога се фаќа со левата
рака и што повеќе ја свиткува наназад.
• ВЕЖБА 7: Пациентот завзема
исправен став со рацете над
главата. Полека се спушта на
задниот дел на столот, и го
исправува ‘рбетот.
• ВЕЖБА 8: Пациентот завзема исправен став, со
нозете раширени во висина на колковите. Ја
испружува левата рака и се истегнува кон десната
страна. Истата вежба се повторува и со другата страна.

You might also like