You are on page 1of 8

ТЕМА: МАСАЖА НА ОДДЕЛНИ ДЕЛОВИ ОД

ТЕЛОТО
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО МАСАЖА
МАСАЖА НА ГЛАВА

 Положбата на пациентот може да биде седечка или


лежечка. За масажа на скалп треба да биде седечка
или лежечка на стомак. Терапевтот треба да стои зад
лицето при седечка положба или над главата кога е во
лежечка положба.
 Масажата на глава се дели на масажа на лице и
масажа на скалп. Масажата се изведува во насoka на
на текот на лимфата и венската крв. При масажа не
смее да се применува силен притисок на деликатните
регии на лицето. Масажата На почетокот трае 5 мин, а
подоцна 10 мин.
 Техники за масирање

За скалп: мазнење, триење, гмечење, тропкање и


вибрации.
За лице: мазнење, триење, гмечење, тропкање и вибрации
МАСАЖА НА ВРАТ
 На предната страна на вратот се наоѓаат анатомски структури
осетливи на масажа: штитна жлезда (не се масира), грклан,
подвилична коска, големите крвни садови на бочните страни од
вратот (a.carotis communis), n.vagus и др. На овие регии не се
применува јак притисок. На бочните страни од вратот доминира
m.sternocleidomastoideus, a на задната страна од вратот m.trapezius.
 **Не се масираат инфилтрати или осетливи делови, воспалена
кожа, свежа лузна, отворена рана, свежа фрактура, не се врши
масажа над јазли.
 Положба на пациентот:
 -седечка-со лактите потпрени на масата пред него, а главата
потпрена на шаките
 -лежечка на стомак-со перниче на горниот дел на градниот кош,
стомак и потколеници
 -лежечка на грб-со перниче под вратот, слабинскиот дел на рбетот и
под колената.
 Лежечката положба на грб е поволна за третман на предна и бочна
страна на врат, а лежечка на стомак за третман на задна страна на
врат.
 Техники: мазнење, триење, гмечење, тропкање.
МАСАЖА НА ГРБ

 Со масажа на грбот можат да се намалат болните


состојби на грбот. Грбот е голема површина за
третман на која можат да се применат сите масажни
техники( мазнење, триење, гмечење, тропкање).
 -Пациентот лежи на стомак, главата е свртена на
страна, може да биде врз двете раце или надолу ако
на масата има отвор на горниот крај. Доколку не
може пациентот да лежи на стомак, масажата се
изведува така што пациентот е свртен на страна, или
пациентот да е во седечка положба, но тогаш
мускулите не се целосно релаксирани.
 При масажа на грб никогаш не се прават движења врз
рбетот.
МАСАЖА НА СТОМАК

 Масажата на стомак опфаќа: масажа на абдоминален ѕид и масажа на


абдоминални органи. Го подобрува варењето кај опстипација и надуеност,
спречува создавање на атхезии и цикатрикси.
 Времетраење:
-кај возрасни 10-20 мин
-кај деца 3-5 мин
 *Не смее да се масира при воспаление на било кој орган во абдоменот.
 Правила за масажа на стомак:
*пациентот не смее да зборува и да се смее
*цревата и мочниот меур треба да бидат празни
*во насока на движење на дебело црево
*неколку часа после оброк
*не на свежи лузни по зараснати лузни
*масажа на дебело црево- кружни движења околу папок во насока на стрелките
на часовникот или четириаголно насока на движење на дебело црево
*завршуваме со рацете на папокот каде што сме почнале
*внатрешни органи црева празни.. насока од папок во стрелки на часовник
МАСАЖА НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ

 Долните екстремитети се масираат на два дела: прво задната


површина на нозете, а потоа предниот дел. Првичната
почетна положба на пациентот е легнат на стомак. Под
стапалата му се поставува подлога, цилиндрично масажно
перниче. Со тоа се постигнува лека флексија во колената и
лека плантарна флексија во глуждовите – положба при која
се дава можност масираните мускули да се релаксираат.
 Масажата е поделена на повеќе делови:

Масажа на стапалото; масажа во областа на скочниот зглоб;


масажа на потколеница; масажа во зоната на коленото; масажа
на надколеница; масажа во зоната на колкот; масажа на
предниот дел од стапалото; масажа на предниот дел на глуждот;
масажа на предната страна на потколеницата; масажа на
предната страна на коленото.
МАСАЖА НА ГОРНИ ЕКСТРЕМИТЕТИ

 Во масажа на горните екстремитети се вклучува:


масажа на прстите и дланките, на рачните
зглобови, подлактници, на лактите, надлактиците
и рамениците. Пациентот најчесто седи но може и
да лежи. Кога пациентот седи раката на пациентот
се поставува на маса или на перница поставена во
скутот на масерот.
 Масажата е поделена на повеќе сегменти:

Масажа на прстите и дланките; масажа на рачниот


зглоб; масажа на подлактница; масажа на лактот;
масажа на надлактица; масажа во областа на рамото.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

Изработил: Филип Трпчев III-1 фзт

You might also like