You are on page 1of 11

Масажна техника

Мазнење
Мазнење
Мазнење претставува ритмичко, Видови мазнење
рамномерно, бавно, непрекинато Постојат повеќе видови мазнење:
површинско движење на рацете по
 Рамно површинско мазнење
кожата на пациентот.
 Рамно длабнинско мазнење
Мазнењето се врши со јагодиците
 Опфатно мазнење
на прстите и дланките.
 Мазнење во вид на лепеза
Секоја масажа започнува и
 Кружно мазнење
завршува со мазнење. Таа секогаш
се изведува од периферијата кон  Мазнење со палци

центарот, во насока на текот на  Чешлање


крвта и лимфата.  Мачкино мазнење
 Гребнесто мазнење

2
Рамно површинско
мазнење
При рамното површинско мазнење се применува
благ притисок. Прстите се движат нежно по
површината на кожата. Често е опфатена поголема
површина од телото или цел екстремитет. Целта на
ова мазнење е организмот да се подготви за
останатите и погруби фатови.
Рамно длабнинско мазнење
При оваа техника се користи поголем притисок.
Рацете се движат бавно и се цврсто прилегнати
на кожата. Поради поголемиот интензитет,
масажата има поголемо дејство на лимфната и
венската циркулација и го опфаќа и поткожното
ткиво.
Опфатно мазнење
Се прави со дланката и прстите заедно, при што
регијата се опфаќа помеѓу палецот и останатите
прсти и дланката е во вид на клешта. Тоа е
подлабоко мазнење и се одвивва во насока од
периферијата кон центарот. Во зависност од тоа
дали се прави со лизгање или со прекини, се дели
на прекинато и непрекинато.
Мазнење во вид на
лепеза
При оваа техника рацете на почетокот се поставуват на
средината на сегментот, прстите се поставени напред и
заедно лизгаат нагоре за на крајот на сегментот да се
разделат и да се рашират кон лево и кон десно како
лепеза. Притисокот се намалува кога рацете минат низ
страничите делови од сегментот. Потоа рацете
продолжуваат надолу, се приближуваат и се враќаат во
првобитната положба и се започнува нов круг.
Лизгањето е рамномерно и благо и кожата не смее да се
повлекува со рацете.
Кружно мазнење
При оваа техника, двете шаки се поставуват
паралелно на растоијание од околу 15см на една
страна од телото. Рацете заедно и нежно лизгаат
по кружна патека. Се изведуваат кружни нежни
лизгања со шаките наизменично по иста патека,
правејќи затворени кругови.
Мазнење со палците
Оваа техника се применува на помали површини од
телото. Палците се поставени еден покрај друг, фатот
почнува со едниот палец кој цврсто притиска на едната
срана на површината одејќи нагоре и на својата страна,
потоа истото го повтара и другиот палец на својата
страна.
Чешлање
Мазнење кое се изведува со дорзалната страна на
прстите, свиткани во тупаница кои потоа се
испружуваат и притоа се втиснуваат во кожата во
вид на тап чешел.
Гребнесто мазнење и
Мачкино мазнење
Гребнесто мазнење е техника при која се користи една или двете
раце. Се изведува со шака свиткана во тупаница при што се
коритат истакнатите делови од малите зглобови на прстите.
Мачкино мазнење се изведува со многу лесни движења на едната
рака надолу низ телото кои едвај ја допираат кожата. Со
начинот на изведба има смирувачко дејство. Кога првата рака
ќе го достигне крајот на сегментот, другата рака се спушта по
истиот пат.
Ви благодарам за
вниманието 
Изработка: Елена Бинева

11

You might also like