You are on page 1of 8

Основни

техники на мануелна Михаела Филиповска II-ФЗТ1


масажа СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов"
Мазнење
• Мазнењето претставува ритмично, рамномерно,
бавно, непрекинато површинско движење на
рацете по кожата на третираниот во вид на лиз-
гање и благо притискање, а се изведува без
поголем притисок." Мазнењето е најчесто
применувана техника во секоја фаза на масажата.
Секоја масажа на која било регија започнува и
завршува со мазнење, а тоа се вметнува и меѓу
различни фатови за да се олесни пре- минот од
еден фат во друг.
• Мазнењето се врши со дланките, јагодиците на
палецот и неколку прсти или сите прсти. Тоа
секогаш се изведува од периферијата (КРАЈНИТЕ
делови на телото) кон центарот (срцето), во
насока на текот на крвта и лимфата
Триењето
• Триењето се применува по мазнење на
одредена регија. Тоа се врши со јагодицата
на еден или на неколку прсти или дланка, со
една или со двете раце. При триење со
палецот останатите прсти служат како
потпора, а кога масажата се прави со
јагодиците од прстите, палецот служи како
потпора.
• Се изведува со побавен ритам од мазнењето
и се повторува помал број пати за да не
дојде до оштетување на ткивата. Масажата
може да се одвива: надолжно и напречно во
однос на сегментот кој се масира, - спирално
на поголеми површини и - кружно во предел
на зглобовите.
Гмечење
• Гмечењето е најсложена масажна техника со
која се опфаќаат му- скулните групи, како и
одделни мускули. Тоа се применува по
триењето. Може да се примени на сите регии
со исклучок на лицето, а особено е ефикасно
за големи мускулни групи на горните и
долните екстремитети.
Техника
• Гмечењето се применува при масажа на
мускулите и може да се врши со една или со
двете раце, при што мускулите се опфаќаат
помеѓу пале- цот и останатите прсти и се
гмечат. Тоа се изведува во различни насоки
(напречно, надолжно, кружно)
Тропкање
• Тропкање е вид на масажа која се изведува со низа отсечни
удари што следуваат еден по друг, а се изведуваат
наизменично со едната и со другата рака.
• Тие можат да бидат изведени со: 7 - улнарната страна на
малиот прст: 2 - улнарната страна на шаката: - шака свиткана
во тупаница: - дланка на испружена рака. а) Сецкање е
тропкање кое се изведува со улнарната страна на шаката и
на прстите (со составени прсти тврдо сецкање или со
раширени прсти - меко сецкање), со рабовите само на
малите прсти што е мно- гу поблаго. 2 б) Плескање е
тропкање со воларна или дорзална страна на шака, при што
прстите може да се испружени или благо флектирани во вид
на конус. односно се создава воздушно перниче помеѓу
дланката и површината која се масира. в) Потчукување, се
изведува со јагодиците на прстите, со лесно свиткан прст
Вибраци
• Вибрации се масажна техника која се состои
од брзи, ситни, рам номерни.
високоосцилирачки потреси кои се
изведуваат со еден или со неколку прсти или
со цела дланка, во зависност од површината
која се Масира.
• Техника Вибрации можат да се изведуваат со
една или со двете раце. Тоа се движења на
треперење на прстите или на дланките, при
што не се корис- ти силата на мускулите туку
телесната тежина на масерот, со мала сила.
Тие се изведуваат надолжно или напречно
При вибрација се изведуваат од 8 до 11
движења во секунда.
Физиолошко дејство

• Подобрување на циркулацијата на лимфата и крвта


• Се намалува болката, т.е има аналгетстко дејство
• Се намалува напнатоста на мускулите
• Забрзување на метаболизмот
• Подобрување на исхрана на кожата
• Подобрување на фукнцијата на потни и лојни жлезди
• Ресорпција на оток.
Индикации Контраиндикации

• Лузни • Улкуси
• Хроничен гастрит • Синдром на проширени вени
• Несоница • Бенки
• Чунка по ампутација • Псоријаза
• Бронхијална астма
• Флеботромбоз

You might also like