You are on page 1of 9

Здравствена нега на болни со

васкуларни пореметувања на
Централниот Нервен Систем

Изработено од страна на:


Давид Младеновски 4-7
Интродукција
-Здравствена нега на пациенти со васкуларни нарушувања на ЦНС
претставува иста процедура како кај коматозен болен. Тука се вбројуваат
голем број на физички и психолошки обврски/надгледувања кои што
сестрата мора да ги извршува со пациентот на секој дневна база за негово
активно лекување/нега како и понатамошна рехабилитација.
Сестринската нега со овие пациенти може да се подели во три основни
групи:
I- Примарна (температура,пулс,крвен притисок)
II-Специјализирана (дигестивниот и уринарниот систем)
III-Нега при рехабилитација на пациентот
Примарна Нега
• Првобитно на секој коматозен нега веднаш мора да се дава нега која го
одржува во живот, поточно се прати количество на течностите и
електролити кои што се внесуваат и губат преку серумот и урината за
да се добие потребен баланс кај пациентот. При нега на болен со
церебро васкуларен инсулт понатаму се вбројува и пратење на витални
функции, аспирација на секрет од носната и усната шуплина заедно со
нивна редовна хигиена и хигиена на телото, облеката и постелнината
на пациентот.
• За нега за спречување на декубитус, положба на телото се менува во
зависност од мерките кое се преземаат за одржување на циркулација
на мозочното ткиво.
Специјализирана Нега
• Уринарниот систем
Поради имобилизираната состојба на пациентот, елиминација на урината
се контролира со поставен уринарен катетер каде истовремено се мери и
дневната диуреза и перисталтика на цревата.
Често, ЦВИ се попратени и со пречки во севкупното мокрење( уринарна
инконтиненција) и затоа болните комплетно зависат од сестрите при
извршување на елиминационите потреби,. При ваква нега, се прави
тренинг на vesika urinariae за да пациентот добие стимулација да уринира
секои два часа и затоа му се доставува сад за уринирање додека преку
ноќ на секои 4-6 часа и затоа на пациентот му се објаснува колку всушност
е битно свесното контролирање на мокрењето во овие периоди.
При успех на еден ваков интервал, постепено се зголемува времето на
празнење на мочниот меур се до успешен постигнат интервал од 4-6 часа .
• Дигестивниот Систем
Тука при исхрана на пациенти кој се лекува од ЦВИ, потребно е сестрата да
покаже голем количество на трпение и разбирање при нега на вакви пациенти
од имобилизиран тип. Се дава иситнета храна која се става на не парализирана
страна и сер охрабрува болниот постојано да голта. Во седечка положба
болниот се поставува со глава лесно наведната нанапред и се спречува одење
многу назад за да не дојде до аспирирање на храната во респираторните
патишта и се спроведува тоалета на усната шуплина 3 пати дневно.

-Дефекација кај пациенти со ЦВИ се карактеризираат со чести опстипации


поради млитавост на абдоминалната структура и севкупна физичка не
активност на болниот, затоа при нега-се даваат лаксантни средства, користење
на повеќе течности и празнење на цревата во ист временски интервал.
Истовремено, сестрата посоветува дека дефекацијата не треба да биде
извршена со многу напон, бидејќи тоа може да ја испровоцира хеморагијата
или да доведе до руптура на анеуризмата.
Нега при рехабилитација
• Колку време болниот треба да остане во кревет зависи од причината на ЦВИ, доколку
во прашање е церебрална тромбоза, со активна рехабилитација се започнува веднаш
штом болниот излезе од коматозна состојба. Доколку нега се дава на пациент со
церебрална хеморагија, активна терапија се дава при проценка дека опасноста од
повторно крварење е помината, или ризиците за повторно крварење се на минимум.
-Се почнува со пасивни вежби со цел да се негираат ефектите на мускулната слабост и
атрофија на мускулите заедно со контрактури на зглобовите на екстремитетите. Овие
пасивни вежби исто ја потенцираат циркулацијата и помагаат во воспоставување на
невромускулни активности. Активни вежби ги реализира физиотерапевтот, а сестрата
психолошки ги храбри и стимулира болните. При подобрување на состојбата, важно е
медицинската сестра да го едуцира болниот понатамошни превентивни мерки за појава
на ЦВИ како и негови компликации. Болните веднаш при приметување на било какви
симптоми треба да побара лекарска помош заедно со редовна контрола на
хипертензијата, користење терапија за срцеви заболувања притоа и пушење, слаба
физичка активност и неправилна исхрана се исто така фактори кои влијаат врз појава на
Церебро-Васкуларен Инсулт.

You might also like