You are on page 1of 4

Физиолошко дејство на општа имерзиона хидротерапија

 Термичко дејство

Општите бањи предизвикуваат вазодилатација или вазоконстрикција на крвните садови, во


зависност од видот и интензитетот на терапијата, како и нејзиното времетраење. Тие не
предизвикуваат само локално дејство т.н. кожно-васкуларна реакција, туку има и системско
дејство на кардиоваскуларниот и останатите системи, вклучувајќи и промени на виталните знаци
(температура, крвен притисок, пулс и респирација). Овие реакции можат да бидат многу поголеми
отколку при примена на други површински топлински процедури, бидејќи можноста за губиток на
температурата на телото вронето во вода е многу помала.

При примена на општи бањи со температура од 37 до 39ºС секогаш настанува активна хиперемија
на периферија, крвниот притисок се намалува, пулсот станува забрзан, срцевата работа лесно се
зголемува.

Ако се применуваат општи бањи, од 40ºС или повеќе, настанува краткотрајна вазодилатација,
дијастолниот притисок се зголемува, пулсот станува забрзан, минутниот волумен се зголемува. Со
појава на активна хиперемија, дијастолниот притисок се намалува. Систолниот притисок се
зголемува поради зголемување на работата на срцето, пулсот станува забрзан, минутниот
волумен се зголемува, а ударниот намалува. Овие процедури во значителна мера го оптоваруваат
кардиоваскуларниот систем.

Студените хидротераписки процедури во првата фаза предизвикуваат вазоконстрикција


дијастолниот притисок се зголемува, пулсот станува побавен. Во следната фаза настанува
вазодилатација - крвниот притисок се намалува до нормалните вредности, пулсот станува
забавен, дијастолата е продолжена, а срцевата работа олеснета.

Со имерзиски процедури топлината може да се пренесе до подлабоките ткива отколку при други
површински топлотни процедури, така што може поделотворно да се лекуваат, особено да се
истегаат нееластични ткива како тетиви и зглобни капсули.

При примена на општи бањи треба да се земе предвид температурата и влажноста на самата
просторија. Важно е просторијата да биде добро проветрена. Се препорачува температурата во
просторијата да биде пониска од температурата на водата.

 Механичко дејство

Механичкото дејство се предизвикува со активно движење и со вода која се движи, односно


меша. Механичката дразба на невровегетативниот нервен систем преку рецептори на површината
на кожата доведува до вазодилатација, аналгетско и седативно дејство.
 Хемиско дејство

Тие дејства потекнуваат од соли растворливи во вода, ароматични масла, растворени гасови или
хемиски супстанци имаат тераписко дејство.

Хидротераписките процедури можат да се поделат на:

1. Хидротермички процедури се: бањи, Хауфеови бањи, контрастни бањи, полевање, влажно
завиткување, триење со фротирна крпа (влажна крпа, сунѓер, има тонизирачки ефект).

2.Хидрокинетички процедури се: подводна масажа, бисерна бања, туширање,


хидрокинезитерапија.

3. Хидрохемиски процедури: бањи со ароматични додатоци, гасови, минерали и комбинирано.

4. Хидроелектрични процедури.

Видови на хидротераписки процедури

1. Хидротермички процедури
а. Бањи се хидротераписки процедури кои се применуваат во кади. Тие можат да бидат: општи,
полубањи и локални бани.

- При општа бања пациентот е во полулегната положба, при што целото тело е во вода, освен
главата.

- Кај полубањи болниот седи во када, така што само долниот дел од телото е во вода. Тие можат
да се комбинираат со полевање и триење на оние делови од телото кои не се во вода.

- Локалните бањи се изведуваат во мали кадички, наменети за горните и долните екстремитети.

Според температурата, бањите можат да бидат: топли, жешки, индиферентни, млаки, свежи и
студени. Најчесто се применуваат топли бањи со температура од 37 до 38ºС. Жешките бањи имаа
силно термичко дејство и многу го оптоваруваат организмот, особено кардиоваскуларниот систем.

6. Посебен вид на локални бањи се контрастни бани.

Контрастни бањи (наизменични локални бањи), се состојат од наизменична примена на топла и


студена вода. Обично се користат две кадички, така што во едната има топла, а во другата студена
вода. Топлата вода е со температура од 39 до 40ºС, а студената вода е со температура од 15 до
23ºС. Болниот го става екстремитетот или екстремитетите во топла вода (рака до лактот, нога до
колено) во траење од 0,5 до 2 минути, а потоа во студена вода од 15 до 30 секунди. Во една
сеанса температурата се менува www 45 You sent Физикална медицина и рехабилитација 4 до 5
пати. Секогаш треба да се почне со топла, а да се заврши со студена вода

На тој начин се постигнува дразнење на локалните крвни садови (вазодилатација и


вазоконстрикција) и се подобрува циркулацијата на крвта. Може да дојде до подобрување на
циркулацијата и во другиот контралатерален нелекуван екстремитет поради crossover-феноменот.
Еден вид на контрастна бања за долните екстремитети е т.н. ,,патека за прошетка".

По завршениот третман екстремитетите треба да се истријат и пациентот да се одмори 10-15


минути во релаксирана положба.

Контрастните бањи се применуваат кај посттрауматски состојби. спортски повреди, циркулаторни


промени на долните екстремитети, отоци и др.

в. Полевање кое може да биде локално или општо.

г. Триење.

д. Влажното завиткување.

2.Хидрокинетички процедури
Хидрокинетичките процедури претставуваат примена на механички ефекти на водата во
тераписки цели и во нив спаѓа подводна масажа, тушеви и хидрокинезитерапија.

а. Хабардова када или хидротанк претставува специјална када во форма на трилисна детелина или
пеперутка, која е погодна за општа хидротерапија, Индивидуална хидро-кинезитерапија и
подводна масажа. Според големината тој овозможува вронување на целото тело, со можност за
добар приод на терапевтот до пациентот од стра. Соодветен е за лекување на целото тело, за
хидрокинезитерапија на неподвижни и тешко подвижни болни. Погоден е за пациенти кои треба
да вежбаат во растоварена положба, кај невролошки болни, по оперативни интервенции, кај
артрити, изгореници. болни со потешкотии на 'рбет и др. Тој може да има и вграден апарат за
подводна масажа. Температурата на водата е од 32 до 38ºС, траењето на вежбите во вода е 20
минути. Подводна масажа (туш-масажа) претставува примена на воден млаз под притисок во
вода. Таа ја користи механичката енергија на водата. Претставува комбинирана примена на туш и
бања.

6. Бисерни бањи се бањи во кои се додава воздух. Овие бањи имаат 6 БИО изразено седативно и
релаксантно дејство.

в. Тушеви кои имаат изразено механичко дејство.


г. Базените се користат, пред сè, за хидрокинезитерапија (вежби во вода). Тие можат да бидат со
различна големина и форма, а длабочината може да биде различна, од 80 до 140 cm и повеќе.
Потребно е да биде поврзан со систем за постојано циркулирање и прочистување на водата, како
и обезбедена хемиска и микробиолошка исправност на водата. You sent Физикална медицина и
рехабилитација На рабовите од базенот се наоѓаат држачи на кои пациентите можат да се држат
при изведување на хидрокинезитерапија. Во базенот може да има паралелни држачи, вронети
столици и сл. Пожелно е да постојат и дополнителни реквизити, како што се појаси, наслони,
топки и др. Терапиското дејство во базенот се постигнува со комбинација на физичките својства на
водата со тераписки вежби. Потисокот се користи како помош при вежбите, за давање отпор и ако
треба за подобрување на силата, или, пак, за растоварување на зглобовите давајќи им потпора. Во
општите дејства кои настануваат при лекување во базен спаѓаат: подобрување на циркулацијата,
релаксација, повторно воспоставување на подвижност, јакнење на мускулите, обезбедување на
вежби одење со помало оптоварување на зглобовите, и подобрување на психичката и емотивната
состојба. Температурата на водата може да биде помеѓу 32 и 38ºС, но најчесто е индиферентна до
млака, особено ако се применува интензивна хидрокинезитерапија.

 Индикации за хидрокинезитерапија: посттрауматски состојби, млитави парези и


парализи, спастични парези и парализи, миопатии, артрози на периферните зглобови,
лумбални дископатии, ревматоиден артрит, анкилозантен спондилит, периартрит на рамо,
алгодистрофии, сколиози и други деформитети на 'рбет, конгенитална луксација на колкот,
состојби по имплантирана ендопротеза и др.

 Контраиндикации за хидрокинезитерапија: заразни заболувања, фебрил-ни состојби,


срцеви заболувања, особено во состојба на декомпензација, изразена артериска
хипертензија, состојби по цереброваскуларен инсулт, бронхијална астма со чести напади,
епилепсија, изразена дебилност, инфицирана кожна рана, инконтиненција, акутен
тромбофлебит, инсулинозависен дијабет, изразена нерегулирана хипертензија.

3. Хидрохемиски процедури

Покрај обичната вода, кај која се постигнуваат ефекти со термичка и механичка дразба, во водата
можат да се додаваат одредени хемиски, биолошки активни материи кои го зголемуваат
биолошкото дејство врз организмот. Хидрохемиските процедури се користат најчесто во форма на
бањи, кои во зависност од составот на водата можат да бидат ароматични, гасовити, минерални и
комбинирани. Во бањите се користи обична, минерална или морска вода, а можат да се додадат и
разни хемиски и други состојки.

You might also like