You are on page 1of 3

УЛОГАТА НА КРИОТЕРАПИЈАТА ВО РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

Криотерапија претставува намалување на локалната температура на дел од телото под дејство


на студенило во тераписки цели, додека намалувањето на општата телесна температура се
нарекува хипотермија.

Криотерапија претставува локална примена на мраз, на температура од 0 до 4ºС во лекување


на одредени повреди и заболувања.

Физиолошко и тераписко дејство

Дејството на студените агенси на кожата доведува до намалување на температурата на кожата


која претставува дразба за рецепторите за студ. Локално на местото на дејствување на
студенилото доаѓа до вазо констрикција, која е проследена со бледило на кожата и чувство на
студенило. Таа настанува поради дразба на симпатичкиот нервен систем. Доаѓа до забавување
на крвотокот и намалувње на екстравазацијата. Потребата за кислород и неговата
потрошувачка се намалува, а се намалува и метаболизмот во клетките. По краткотрајната
вазоконстрикција (обично 10-тина минути), доколку студенилото се применува кратко време,
настанува секундарна вазодилатација. Оваа вазодилатација трае 15 минути.

Се јавува пријатно чувство на топлина. Кај лица со атеросклероза, со дијабет или Рејноов
синдром, под дејство на студенило може да дојде до парадоксална реакција на крвните
садови. Се јавува вазоконстрикција, а изостанува секундарна вазодилатација, така што доколку
дразбата од студенилото трае подолго, може да дојде до оштетување на ткивата.
Криотерапијата главно дејствува антиедематозно, аналгетски и спазмолитички.

При лекување на свежи повреди вазоконстрикцијата и зголемената вискозност на крвта ја


забавуваат циркулацијата, така што се намалува ексудацијата и крварењето и се спречува
појава на оток и хематом. Кај акутни повреди се применува заедно со мирување, компресија и
елевација (RICE - rest, ice, compression, elevation) за намалуввање на оток и крварење.
Криоаналгезијата настанува на повеќе начини. Се намалува развојот на оток и инфламација,
апликацијата на мраз го намалува ослободувањето на супстанции кои иницираат болка, а
потоа со намалување на кондукцијата на рецепторите и нервните влакна се намалува бројот и
брзината на болните импулси. При локална апликација на студ, доаѓа до промена на тонусот
на мускулите. Криотерапијата доведува до намалување на мускулниот спастицитет.

Начин на апликација

Криотерапијата може да ја примени терапевтот или самиот пациент. Криотерапијата може да


се примени ва масажа со мраз, пакувања со мраз, имерзија и компреси.

1. Масажа со мраз (криомасажа). Се изведува со мраз кој е претходно добиен со замрзнување


на вода во пластични чаши. Терапевтот со рацете со заштитни ракавици го зема мразот и со
бавни кружни движења лесно притиска во одредена регија. Болниот во почетокот чувствува
студенило, а потоа жарење и болка, така што процедурата се прекинува. Апликацијата трае 3-
10 минути во зависност од регијата која се третира.
2. Пакувања со мраз. Парченца мраз или многу студена вода со коцкички мраз можат да се
стават во пластична кеса и со крпа да се постават и фиксираат на одредена регија од телото. Се
применува до 20 минути, а по извесно време процедурата може да се повтори.

3. Потопување (имерзија). Се изведува со потопување на екстремитети, најчесто шака или


стапало во многу студена вода со температура од 13 до 18ºС во која пливаат коцкички мраз.
Потопувањето трае неколку секунди до половина минута, со пауза од околу пола минута
помеѓу потопувањата кои се изведуваат наизменично 5-8 пати. Во некои случаи може да се
примени и студена вода со температура од 10-12ºС директно од чешма во траење од 5 до 10
минути, при што соодветниот дел од екстремитетот се поставува под млаз од вода. Ова се
повторува повеќе пати со паузи, за кое време се изведуваат активни вежби. Оваа процедура
особено се препорачува кај пациенти со спастична мускулатура. Студена вода во вид на општи
бањи, со температура од околу 20-22°С во траење од 10 до 15 минути, се користи кај пациенти
со мултипла склероза, бидејќи доведува до намалување на спастичноста што ги олеснува
вежбите. Оваа процедура може да се примени и во домашни услови.

4. Компресите се прават со фротирска крпа која претходно била потопена во солена вода,
исцедена, превиткана, ставена во полиетиленска кеса и оставена во фрижидер за длабоко
замрзнување. Се аплицира на одредена регија, во траење од 2 до 3 минути, а потоа се
менуваат со друга во тек на 20 минути. Потојат и фабрички подготвени кеси, исполнети со
желатинска маса на хидриран силикат т.н. ,,хемиски облоги", кои се замрзнуваат во посебни
замрзнувачи и се користат за криотерапија. Траењето на криооблогите е од 5 до 15 минути,
што зависи од регијата која се третира, количината на масно ткиво, од субјективното чувство на
болниот и од локалниот наод на кожата.

5. Лесно испарливи течности. Најчесто се користи флуори-метан. Евапорацијата на лесно


испарливите течности (spray), со кои се прска одреден дел од кожата, служи за намалување на
температурата на кожата, односно нејзино ладење. Ова најчесто се применува кај повреди на
меки ткива, особено во спортската медицина. Се нанесува на кожа во кратки серии од по 5
секунди, од 50 cm растојание и под агол од 30º, при што настанува брзо разладување кое не
трае долго. При апликација очите треба да бидат заштитени. При предозирана криотерапија
може да дојде до прекумерно разладување, некроза на клетките и смрзнатини, така што не би
требало кожата локално да се разлади под 5-10 степени.

Индикации и контраиндикации

Индикации: намалување на акутна болка, акутни контузии, дисторзии, луксации (треба да се


даде веднаш и доволно долго), спортски повреди, акутни воспаленија, алгодистрофичен
синдром во првата фаза, епикондилит, акутен периартрит на рамо, ревматоиден артрит во
прва фаза, артрит во акутна фаза, акутни мијалгии и невралгии, хематоми, спастична
мускулатура поради оштетување на централниот моторен неврон, воведна процедура во
кинезитерапија, фибромиалгија, цервикален и лумбален синдром, артрози во фаза на
декомпензација, каузалгии, фантомски болки, акутен и хроничен едем и лимфедем, акутни
изгореници за намалување на болката и создавање меури.

Контраиндикации: анамнеза за смрзнатини на местото кое треба да биде лекувано, Рејноов


синдром, облитерирачки ендартеритис, нарушување на сензибилитетот за термички дразби,
намалена толеранција на студ, алергија на студенило, криоглобулинемија. Кај артериска
хипертензија треба да се избегнува имерзија во ладна вода. Возраст над 70 години е
релативна контраиндикација, како и хиперсензитивни подрачја (околу очите, аксила,
внатрешна страна на колено). Не се препорачува во предел на повреда на периферен нерв во
период на негова регенерација, како и во предел на отворени рани.

You might also like