You are on page 1of 13

ПРВА ПОМОШ ПРИ

СМРЗНАТИНИ
Доцент др. Јасмин Циривири
ВОВЕД
• Хипотермија и смрзнатини се резултат на експозиција на
организмот на ниски температури
• Хипотермијата настанува кај лица со нормален терморегулаторен
систем кои се изложени на ниски атмосферски температури
• Смрзнатините се чести лезии кои се резултат на екстремно ниски
температури или контакт со екстремно ладни предмети
• Смрзнатините настануваат кога температурата на ткивото паѓа
под 0 степени или кога протокот на крв е спречен како резултат на
ниската температура
ВОВЕД
• Кај полесните случаи симптомите вклучуваат реакции од
воспалителен карактер на кожата кои се придружени со блага
болка
• Потешките случаи вклучуваат и оштетувања на ткивата без појава
на болка или со чувство на топлина и трнење кои резултираат со
плускавци
• При смрзнатини најчесто се зафатени прстите на дланките и
стапалата, ушите и носот поради тоа што немаат големи мускулни
групи кои ќе призведат топлина како и поради периферната
вазоконстрикција која настанува како резултат на хипотермијата
ДАВАЊЕ ПРВА ПОМОШ ПРИ
СМРЗНАТИНИ
• Првиот чекор претставува поместување на повредениот на некоја
потопла локација (доколку пости можност)
• Потоа нежно се отстрануваат облеката и накитот околу
засегнатата регија кои можат да го спречат нормалното течење на
крвта
• Афектираните регии се прекриваат со парче лесна ткаенина или
стерилна газа доколку има услови со цел да се упие влагата која е
настаната и да се спречи на прилепување на прстите
• Транспорт на повредениот во најблиската установа
ДАВАЊЕ ПРВА ПОМОШ ПРИ
СМРЗНАТИНИ
• Важно е да се запамти дека е контраиндицирано било какво
загревање на афектираните регии на местото на несреќата
• Она што треба да се направи е да се спречи дополнително
ладење на повредениот
• Контраиндицирано е и триењето и апликацијата на сува топлина
• Контраиндицирано е и давањето алкохол за конзумација
ХИПОТЕРМИЈА
• Хипотермија е состојба при која телесната температура паѓа под
33 степени
• Најголем ризик имаат оние кои лежат неподвижни, со ниска
гликемија и оние кои претрпеле друг вид на повреда затоа што
немаат можност да генерираат топлина или да ја напуштат
екстремно ладната околина
ДАВАЊЕ ПРВА ПОМОШ ПРИ
ХИПОТЕРМИЈА
• Отстранување на влажната облека
• Покривање на повредениот со повеќе слоеви на прекривки
• Покривање на главата на повредениот е од витално значење
• Контактот тело со тело може да овозможи постепено загревање
на повредениот
• Давање на топли и зашеќерени напитоци може да ја подобри
општата состојба на повредениот (доколку не е без свест)
• Треба да се избегне екстремно и брзо загревање на повредениот
ПРВА ПОМОШ ПРИ
ДАВЕЊЕ
ВОВЕД
• Во првиот момент на тонење на телото под вода кај давеникот се
јавуваат паника и обид за самоспасување
• Во втората фаза доаѓа до тонење на телото
• Давење може да биде суво или влажно
• Промените во организмот при давење во вода зависат дали се
работи за давње во слатка или во солена вода
ДАВЕЊЕ ВО СЛАТКА ВОДА
• Слатката вода е хипотонична во одност на телесните течност
• Навлезената вода во алвеолите се повлекува кон васкуларното
корито
• Тоа доведува до хиперволемија и хемодилуција на крвта со
намалување на срцевата работа
ДАВЕЊЕ ВО СОЛЕНА ВОДА
• Солената вода е неколку пати поосмоларна во однос на крвта
• Навлезената течност во белите дробови привлекува вода од
васкуларното корито кон белите дробови
• Настанува пореметување на раземната на гасови и појава на
белодробен едем со асфиксија поради присутната количина
течност во белите дробови
• Во циркулацијата се јавува акутна хиповолемија со
хемоконцентрација и намалување на срцевата работа
ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ ПРИ
ДАВЕЊЕ
• При обид за спасување на жртвата треба да се дојде до неа што е
можно побрзо
• Давеникот треба да се сврти на страна се додека не се дојде до
тврда подлога на која може да се продолжи со реанимација
• Потоа треба да се пристапи со брза евалуација и вештачко
дишење со цел да се превенираат последиците од хипоксијата
• Следниот чекор е проверка на знаците за циркулација и
започнување со евентуалната компресија врз градите
• Сите жрвти на давење е неопходно да се хоспитализираат

You might also like