You are on page 1of 9

Хигиено-диететски режим кај респираторни заболувања

 Изработил : Весна Накова


Хигиено-диететскиот режим кај
респираторните заболувања опфаќа :
 - мирување, одмарање
 - пиење на топли напитоци ( чаеви, супи)
 -зголемен внес на витамини
 -избегнување престој на ладно
 -избегнување престој во зачадени простории
 -внесување на поголема количина на течности ...
 -  Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство!
 - Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат!
 - Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи!
 - Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе,
особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни –
кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура!
 - Практикување на здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и
одмор, здрава храна,
Доколку станува збор за емфизем на бели дробови или пневмонија, корисни се
вежби за дишење : дијафрагмално дишење и поставување на болниот во
дренажна (квинкеова положба).

 Длабокото дијафрагмално дишење има 4 различни фази:


 – опуштање нс дијафрагмата и длабоко вдишување
– вдишувањето се насочува од најдолниот дел на белите дробови;
– задржување на здивот 3-10 секунди, не повеќе;
– бавно издишување
 Правилното дијафрагмално дишење, е процес каде што при вдишување,
дијафрагмата се спушта во абдоминалната празнина, проширувајќи го долниот дел од
белите дробови и овозможувајќи влечење на воздухот длабоко во пространата комора
на долниот раб на белите дробови . Во издишување стомачниот ѕид се вовлекуваа и
дијафрагмата се крева нагоре. Воздухот се турка силно.
Фаулерова положба
Дренажна – квинкеова положба

 Квинкеова или дренажна положба заземаат болните со белодробни заболувања за


да се отстрани насобраниот секрет од дишните патишта. При оваа положба, болниот
се поставува во коса положба, со главата и трупот надолу со цел да се олесни
дренирањето.
Исхрана за време на респираторни болести

 - лесно сварлива,
 - високопротеинска,
 - калорична,
 - збогатена со витамини,
 - зголемен внес на овошје,
 - магнезиум
 - избегнување на внес на млеко и млечни производи
Чистење и проветрување на болничката
соба
 Неколку пати во текот на денот
 Влажно чистење по пат на пребришување
 Користење на дезинфекциони средтства
 Одржување на чистотата на плувалниците

You might also like