You are on page 1of 9

Тема: Аспирација постапка и ризици

Скопје, 2023
Вовед
Аспирација е постапка со која од дишните патишта се отстранува
секрет кај болни кој неможат самостојно да го отстранат. Оваа
постапка најчесто се употребува кај трахеотомирани пациенти или пак
кај коматозни состојби. Во неврологијата е индицирана кај болни каде
што е оневозможено искашлувањето поради пореметување на
рефлексот за кашлање, исто така и кај коматозни болни.
Целата постапка е непријатна
за болниот па доколку истиот
е свесен, медицинската сестра
задолжително треба психички
да го подготви.
Припремата на болниот е во
објаснувањето дека важноста
на оваа постапка е од голема
полза за неговата здравствена
состојба, исто така и
олеснување на дишењето.
Болниот треба да се смести во
висока Фаулерова положба,
или да е свртен на страна.
Медицинската сестра теба пред да започне со
аспирацијата, задолжително мора да ја провери
исправноста на аспираторот.
Откако ќе го подготви болниот започнува со подготвување
на потребниот материјал за изведување на аспирацијата.
Потребен материјал
за аспирација
 Исправен и чист аспиратор
 Стерилен аспирационен
катетар
 Стерилни ракавици
 Стерилни гази
 Раствор на 0,9% NaCl или
aqua redestilata
 Шприц и игла
 Бубрежно легенче
 Компреза за заштита на
пациентот
Аспирациона постапка
 Миење на рацете
 Вклучување на аспираторот
 Навлекување на ракавици
 Отварање на аспирациониот
катетар, приклучување на
аспираторот и ставање во
раствор на 0,9% NaCl.
 Со натопениот катетер се
влегува во трахеата
 Се аспирира содржината со
вртење на катетарот, сето тоа да
трае не подолго од 5 до 10
секунди
 Доколку е густ секрет може да
се внесе 2-5ml 0,9% NaCl во
трахеата со цел да се разреди
 За време на аспирацијата се
гледа реакцијата на болниот
 Помеѓу аспирациите, во
трахеата се дава воздух со
помош на АМБУ.
 Кога ќе се заврши со
аспирацијата пациентот се
сместува во леглото
 Цревото од аспираторот се
испира
 Се раскрева материјалот
 Се вадат ракавиците и се
мијат рацете
 Завршената аспирација се
запишува во листата.
Со аспирацијата доаѓаат и посебни ризици кои сестрата
треба да ги познава и да ги избегнува.
Доколку не се прави редовно аспирација на наталожен
секрет, доведува до гушење кај болниот.
Исто така при правењето на аспирацијата мора сестрата да
работи асептично да внимава да не го загрози пациентот,
за да не дојде до дополнителна бактериска инфекција.
Заклучок

Аспирацијата на дишните патишта како вештина на


сестринскара пракса бара знаење и исклучителна стручност,
со цел правина процена од потребата за аспирација и
навремено откривање и спречување на компликации од
истата. Квалитетно направена аспирација осигурува
позитивен исход кај здравствената состојба на болниот.

You might also like