You are on page 1of 3

Заклучок

Превенција од болничките инфекциии кај новороденчињата, а и кај останатите пациенти


е клучна ставка во модерната здравствена грижа. Слично на тоа секоја медицинска сестра,
односно, медицински техничар кој работи на места каде се лечат оние најмали и
најзагрозени, мораат да бидат посебно едуцирани и мораат да го разберат значењето за
настанување и пренесување на болничките инфекции. Во секојдневната работа мораат да
ги спроведат сите упатства за спречување на настанување на болнички инфекции што ги
условува начинот на работа на највисоко можно ниво, а тоа доведува до брзо и успешно
лечење на децата и ги намалува болничките трошоци. На тоа се надоврзува заклучокот
дека превенцијата од болничките инфекции е поевтина варијанта од лечењето. Покрај
прегледот на резултатите здравствениот тим мора критички да се однесува спрема својата
работа, да менува стратегии кои не се покажале неефикасни, да се имплементира
поромена во праксата, континуирано да се евалуира својата работа и да се бележат
стапките на болничките инфекции кај новородените. Многу вештини, знаење и тимска
работа ке придонесат намалување и спречување на болнилките инфекции на
одделенијата каде што се лекуваат новороденчињата.
Катетеризација на мочниот меур во детска возраст

Катетеризација на мочниот меур се изведува со цел добивање урина во стерилни услови,


без контаминација за обработка и анализа на урината. Процедурата овозможува
релативно лесен и навремен пристап до урината, особено кај мало дете кое не може да се
испразни кога има портеба, или пак е потребна стерилна урина за уринокултура. Кај
децата може да се јави страв од повреда на гениталниот систем или пак дека ќе се изгуби
невиноста на ќерката со катетеризацијата на мочниот меур па затоа сите пациенти
заслужуваат кратко но внимателно објаснување за најважната анатомија и детали за
процедурата.

Изведување на постпка кај машки деца

Катетеризацијата се изведува еднолуменски катетер со прав лумен. Кај обрежани


пациенти лекарот го држи пенисот користејќи ја недоминатата рака и го чисти глансот и
уретралниот отвор со памук натопен во повидон-јод кои се држи со пинцети и
медицински клешти. Доминантата рака треба да биде стерилна кја необрежениот
пациент,препуциумот нежно се повлекува доколку може, за чистење и визуелизација на
отворт. Држењето на катетерот во вид на јамка ке помогне да се намали загадувањето на
блискиот дел до катетерот преку ненамерен контакт со нестерлините делови. Лекарот го
вметнува врвот на подмачканиот катетер во надворешниот отвор на уретрата и го движи
напред додека горниот дел го држи на 90 степени од телото со примена на нежно
влечење на пенисот. Врвот на катетерот може да наиде на некој вид на отпор на ниво на
простатичната уретра поради контракција на надорешниот сфинктер на мочниот меур.
Свинктерот е нјаопуштен за време да вдишување и исто така, може да се зголеми кај
повозарсно дете кое соработува, преку плантарна флексија на прстите на стапалата за да
се избегне создавање на трауматична фистула, катетерот никогаш не треба да биде туркан
насилно. Поместувањето на катетерот нанапред додека не се добие урина значи влез во
мочниот меур и тогаш урината се собира во стерилизиран сад.

Изведување на постапка кај женски деца

Освен лоцирањето на женскиот уретрален отвор, катетеризацијата е на женскиот пациент


е често е полесна од оној кај машкот. Доколку вагината е ненамерно катетеризирана, да
се остави катетерот на место може да служи како значајно обележе за време на
понатамошните обиди за лоцирање на уретрата женското дете се поставува во лежачка
положба. Перинеумот се подготвува со систематско чистење, користејќи памучно топче и
антисептик од предниот до задниот дел. За време на процедурата, лабиите се држат
разделени додека се вемтнува врвот на потмачканиот катетер се додека не се добие
урина.

You might also like