You are on page 1of 6

СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Проектна задача за

Презервативи

Изработила: Стручен наставник:


Анастасија Стојаноска IV3 мс. Елена Димитриевска
СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Содржина

Што
претстав
ува
презерва
тив?

Какви
видови
презерва
тиви
има?

Како се
употребу
ваат
презерва
тивите?
Како се
чуваат
презерва
тивите и
каде се
купуваат
?
СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Што претставуваат презервативи?

Презервативите или кондоми се контрацептивни средства.


Кондомите не само што заштитуваат од оплодување на
јајце клетката/ бременост, тие заштитуваат и од
сексуално преносливи болести. Презервативите се
направени од гума-латекс и се премачкани со средство за
подмачкување-лубрикант. Презервативите или кондомите
се најраспространети, погодни и сигурни средства за
контрацепција.
СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Какви видови презервативи има?

Има неколку видови на презервативи:


Машки презервативи-се
најчесто користени и се
најдостапни. Тие ги
користат мажите. Ги
има во различни
големини и боја.

Женски презервативи или вагинална дијафрагма-не се


толку често користени поради тоа што не се
достапни во сите земји. Ги користат жените.

Уште пред 19 век биле користени за заштита од несакана бременост. Во


минатото тие немале латекс, па затоа тие користеле разни методи за да
ги изработат. Повеќе се користело црева од некои животни и слично. А
издржливоста на кондомот ја тестирале така што го дуеле како балон.
СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Како се употребуваат презервативите?

Сите кои употребуваат кондоми треба да знаат


правилно да ги аплицираат. Машките презервативи се
аплицираат на еректиран пенис и воздухот се истиснува.
Горниот испакнат дел на презервативот го собира
ејакулатот. По користењето презервативот се фрла во
канта за отпадоци. Вагиналните дијафрагми имаат
форма на капа и на горниот дел имаат цврст обрач, и тие
се направени од латекс. Овие
презервативи се
поставуваат така што овиј
поцврст обрач го покрива
грлото на матката, за
ејакулатот да не може да
невлезе. Овие дијафрагми се
поставуваат 15 минути пред
половиот однос и на
внатрешниот дел се
аплицира и некои вид на
хемиска контрацепција во вид
на гел, за да бидеме
посигурни. А се отстранува 8
часа по коитус. Може повеќе
пати да се користи.
СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Како се чуваат презервативите и каде се


купуваат?

Презервативите најубаво е да се купат од аптека, бидејќи


се чуваат на затемнето место и точно одредена
температура. Не треба да се купува од трафиките бидејќи
се поставени на сонце и сончева светлина постојано со што
се уништува латексот и тој полесно може да се скине, Па
затоа презервативите не треба да се чуваат во џебови,
најубаво во паричник.

You might also like