You are on page 1of 13

СУГС,, Георги Димтров”-Скопје

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ТЕХНОЛОГОИЈА НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР


ТЕМА: СОВРЕМЕНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДУШЕЦИ
БЕЗ ФЕДЕРИ

Ментор: Тања Ананиева


Изработила: Ева Јанковска

1
Содржина:
1. Вовед
2. Избор на душеци
3. Латекс душеци
4. Душеци од полиуретанска пена
5. Специјални анатомски душеци
6. Ортопедски душеци
7. Димензии на душеци
8. Заклучок
9. Користена литература

2
Вовед
Спиењето е исклучително важен дел од нашиот живот. Поради тоа што
претставува природен начин за одмор на нашето тело од секојдневните напори.
Квалитетот на спиењето зависи од изборот на душекот и подлогата на која е
поставен.

Квалитетниот избор на душеци и подлогата ќе овозможи прозрачност на


вашето легло и правилен распоред на тежината на телото, односно идеална
анатомска положба и опуштеност на мускулите во текот на ноќта.

Душекот е голема правоаголна подлога за подршка на лежечка личност.


Дизајниран е да се користи како кревет, или рамка како дел од креветот.
Зборот душек потекнува од арапскиот збор “matrah,, што значи нешто
фрлено долу, или место каде што е нешто фрлено. За време на крстоносните
војни Европејците го прифатиле арапскиот начин на спиење на душеци на подот.
На почетокот душеците се полнеле со различни природни материјали, како
слама, пердуви или коњска коса. Во првата половина на 20 век, типичниот душек
што се продавал имал внатрешно јадро и памучна вата или фибер. Модерните
душеци обично содржат внатрешно јадро направено од материјали како што се
латекс, viscoelastic или други флексибилни полиуретански пени.

3
1. Избор на душек
Пред да го купите вашиот душек, задолжително пробајте го, односно
легнете на грб на него и останете неколку минути во лежечка положба, а потоа
свртете се странично или на стомак. Доколку почувствувате дека душекот брзо се
прилагодува на положбата на вашето тело, сте го пронашле вистинскиот душек.
Душекот не треба да се лула, тресе ниту пак да вибрира кога се превртувате или
седнувате на него.

Душекот пожелно е да биде 20 cm подолг од вашата висина, а стандардната


ширина на душекот за едно лице е 90 или 100 cm. При изборот на душекот, треба
да се има предвид и подлогата на која ќе биде поставен. Доколку подлогата под
душекот е тврда, купете помек душек и обратно. Подлогата во форма на летвички
претставува најдобра потпора која овозможува пропуштање на воздух и долго
траење.

Доколку избирате душек за дете, квалитетен цврст душек од латекс или


полиуретанска пена е соодветен избор. При изборот на душек за брачен кревет,
двајцата партнери мора да бидат задоволни со душекот. Доколку не успеете да
најдете таков можете да земете два различни. Доколку станува збор за
квалитетни душеци тие подеднакво добро ќе стојат еден до друг и нема да
создаваат вдлабнување во средината.

Сл.1 Душек за брачен кревет

Сл.2 Душек за детски кревет

4
2. Латекс душеци
Латекс душеците се изработуваат од природен латекс добиен од дрвото
каучук, или од вештачки латекс познат и под името хидролатекс или студена пена.
Со разлика што природниот латекс е поеластичен од вештачкиот.

Латексот се изработува во калапи, а отворите, каналите и количеството на


внесен воздух ја определува тврдоста и прозрачноста (пропустливост на воздух).
Латекс душеците се покажале како исклучително квалитетни и здрави.
Големата еластичност, моменталната прилагодливост на обликот на телото,
пријатното чувство на удобност и трајното задржување на обликот се нивни
главни карактеристики.

Сл.3 Латекс душек

Сл.4 Внатрешност на латекс душек

5
3. Душеци од полиуретанска пена
Душеците од полиуретанска пена имаат слични својства како душеците од
латекс. Со тоа што се полесни и попрозрачни од нив.
Мемори пена е материјал на база на полиуретан и е развиен во
лабораториите на Американската вселенска агенција НАСА.
Кога е вградена во душеците, има својство да реагира на топлина, односно
под влијание на телесната температура “омекнува” и постепено се прилагодува на
положбата и тежината на телото. Ова нејзино својство овозможува
растоварувањето од притисокот да биде потполно.
Душеците со мемори пена претставуваат вистинско решение за чувството
на трнење и болна вкочанетост кои се јавуваат поради слаба површинска
циркулација.

Сл.5 Душек од полиуретанска пена

Сл.6 Внатрешност на душек од полиуретанска пена

6
4. Специјални анатомски душеци
Специјалните анатомски душеци се прават во комбинација од повеќе
материјали и слоеви. Во зависност од тоа на кој дел од телото треба да се
прилагоди душекот.
Повеќето различни зони на удобност и различните степени на потпора
овозможуваат душекот да овозможи секакво потребно прилагодување кон телото.
Овие душеци се исклучително долговечни и најчесто се клинички испитани.

Сл.7 Специјален анатомски душек

Сл.8 Внатрешност на специјален анатомски душек

7
5. Ортопедски душеци
Технологијата на производство на ортопедски душеци без пружини вклучува
употреба на две главни компоненти: капак и волуметриски филер. Во овој случај,
филер може да вклучува или еден материјал или неколку сосема различни.

5.1 Популарни полнила за ортопедски душеци

1. Латекс филер. Оваа структура обезбедува одлична само-вентилација на латекс


душеците. Супериорноста на латексот е и во неговата издржливост и
хипоалергичност. Покрај тоа, тој е отпорен на влага и неверојатно еластичен,
хигиенски и ергономски. Друга директна предност на латексот во однос на другите
полнила: тој е во состојба да го дистрибуира товарот во неколку зони. Тоа е она
што му овозможува на душекот совршено да ги следи контурите на телото,
рамномерно да го распределува надворешниот притисок. Како резултат на тоа,
циркулацијата на крвта не е нарушена за време на одмор, а мускулите се во
опуштена состојба.

Сл.9 Ортопедски душек со латекс филер

2. Волна. Овој филер е одлична опција за создавање деми-сезонски душеци.


Плетената волнена ткаенина е природен производ направен од овча волна. Не
подлежи на бојадисување и други дополнителни третмани, еколошки е и
хигиенски. Волна за полнење често се нанесува само на едната страна од
душекот, што ви овозможува да се загреете за време на студената сезона.

Сл.10 Ортопедски душек со волна

8
3. Кокос. Кокосот кокос е хипоалергенски природен материјал со првокласни
бактерицидни својства. Овој материјал не гние поради неговата отпорност на
влага. Во исто време, кокосот совршено продира во воздухот и топлината, а исто
така останува еластичен долго време.Кокосот може да се користи во ортопедски
душеци во неколку варијации: без импрегнација, во форма на цела кокосова
ткаенина, во форма од чинија од кокосов орев обработена со латекс. Платното е
помек и податлив материјал по своите својства. И кокосовата плоча е помалку
обемно, но поцврсто полнење, кое се состои од парни латекс кокосови влакна,
притиснати на посебен начин.

Сл.11 Ортопедски душек од кокос

4. Спунбонд. Овој материјал е полипропиленско синтетичко влакно, густо и


неткаено. Неговите главни својства и во исто време предности се способноста за
одбивање на влага, долг работен век и способност да се измазнуваат негативните
влијанија од околината..

Сл.12 Ортопедски душек од Спунбонд

5. Мемори пена. Овој филер е способен да го „запомни“ обликот на човечкото тело,


е еколошки и хипоалергичен.

Сл.13 Ортопедски душек од мемори пена

9
6. Димензии на душеци
6.1 Детските душеци ги имаат следните големини:

 за новороденчиња: ширина - од 50 до 60 см, должина - од 100 до 120 см;


 за мало дете: ширина - од 70 до 80 см, должина - од 140 до 190 см;
 за адолесценти: ширина од 80 до 120 см, должина - од 185 до 190 см.

6.2 Душеците за возрасни се поделени на:

 сингл: ширина 80-90 см, должина - од 190 до 200 см;


 еден и пол: ширина 120-140 см, должина - од 190 до 200 см;
 двојно: ширина 160-200 см, должина - од 190 до 200 см.

Сл.14 Душек за новороденчиња

Сл.15 Сингл душек

Сл.16 Двоен душек

10
Заклучок
Заклучивме дека соодветниот душек за подобрување на квалитетот на
спиењето има многу подобар ефект врз нашиот живот. Постојат многу видови на
брендови на пазарот, за да изберете добар душек не зависи од брендот на истиот,
туку и според сопствените потреби да го изберете типот на душекот.
Употребата на различни производствени современи материјали за душеци
има различни предности и недостатоци. Малите специјални разлики во типовите
на душеци и неговите предности и недостатоци, препорачливо е да се разгледаат.
Спиењето на квалитетен душек, во голема мера може да ви помогне во
ублажувањето на вашите проблеми и да ве потсети како е да се чувствувате
одморени. Душеците имаат голема улога во добивањето на добар и здрав сон.
Неколку важни работи на кои треба да посветиме внимание се типот на
душекот каде што постојат повеќе типови, подлогата која е поставена под
душекот и ја апсорбира неговата тежина и притисок и влијае на правилната
функција на душекот, тврдоста на душекот која не мора секогаш да значи дека
потврд душек значи и подобар душек, удобноста на душекот што ќе ја испробате
доколку имате таква прилика и крајно трајноста на душекот која зависи од
квалитетот на материјалите од кој е изработен.

11
Користена литература:
 https://en.wikipedia.org/wiki/Mattress
 https://www.google.com/search?q=
%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%BA&rlz=1C1GCEA_enMK900MK90
0&oq=
%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%BA&aqs=chrome..69i57j46i19i512j0
i19i512l2j46i19i512j0i19i512l5.5399j0j15&sourceid=chrome&ie=UTF-8
 https://www.google.com/search?q=
%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%BA&rlz=1C1GCEA_enMK900MK90
0&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwjxm5-
ByKH9AhVFOHoKHdgtAIwQ_AUoAXoECAEQAw&biw=1517&bih=694&dpr=0.9
 https://www.google.com/search?q=%D0%BB
%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81+
%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B5%D1%86%D0%B8&tbm=isch&ved=2ahUK
Ewji89Tsy6H9AhXSgv0HHZt0BecQ2-cCegQIABAA&oq=%D0%BB
%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81+
%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B5%D1%86%D0%B8&gs_lcp=CgNpbWcQAz
oHCAAQgAQQGDoECAAQAzoECAAQHjoHCAAQgAQQEzoICAAQCBAeEBM6
BggAEB4QE1DdBVi3c2CSd2gDcAB4A4ABoQGIAZgXkgEEMC4yNZgBAKABAa
oBC2d3cy13aXotaW1nsAEAwAEB&sclient=img&ei=4BbyY-KDJ9KF9u8Pm-
mVuA4&bih=694&biw=1517&rlz=1C1GCEA_enMK900MK900
 https://travelerscoffee.ru/mk/currants/kakoi-ortopedicheskii-matras-vybrat-vybor-
matrasa-dlya-dvuspalnoi-krovati/
 https://magniflex.com.mk/materijali
 https://rt82.ru/mk/fire/kakoi-matras-vybrat-pruzhinnyi-ili-bespruzhinnyi-vybiraem/
 http://www.andropromet.com.mk/proizvod/3791/dushek-spa/
 https://jugoexport.mk/b/2/izbor-na-dushek
 https://www.google.com/search?q=%D1%81%D0%BE
%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8+%D0%BC
%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB
%D0%B8+%D0%BD%D0%B0+
%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BA
%D0%B0+%D0%BD%D0%B0+
%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B5%D1%86%D0%B8+
%D0%B1%D0%B5%D0%B7+
%D1%84%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B8&rlz=1C1GCEA_enMK
900MK900&ei=-AryY4L_G_yMxc8Pwt-
qCA&start=10&sa=N&ved=2ahUKEwiC25a_wKH9AhV8RvEDHcKvCgEQ8tMDe
gQIIhAE&biw=1517&bih=694&dpr=0.9

12
13

You might also like