You are on page 1of 8

ОПРАШУВАЊЕ ИЗРАБОТИЛА:СТЕФАНИЈА

ТРАЈКО IXБ
ОПРАШУВАЊЕ Е ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПОЛЕНОТ ОД ИСТИОТ
ИЛИ ДРУГ ЦВЕТ НА УСТЕНЦЕТО НА ТОЛЧНИКОТ .
ПРЕНЕСУВАЊЕТОНА ПОЛЕНОТ МОЖЕ ДА БИДЕ СО ВЕТЕР,
(КАКО КАЈ ЖИТНИТЕ РАСТЕНИЈА) СО ВОДА КАКО КАЈ
ВОДНИТЕ РАСТЕНИЈА, СО ПТИЦИ, А НАЈМНОГУ СО
ИНСЕКТИ. РАСТЕНИЈАТА МОЖАТ ДА БИДАТ ОПРАШЕНИ И
ОД ЧОВЕКОТ. ПОСТОЈАТ ЦВЕТНИ РАСТЕНИЈА КОИ СЕ
ОПРАШУВААТ СО ПОМОШ НА ЛИЛЈАЦИ ВО ТЕКОТ НА
НОЌТА
ВИДОВИ
ОПРАСХУВАЊЕ
ПОСТОЈАТ ДВА ТИПА НА ОПРАШУВАЊЕ:
САМООПРАШУВАЊЕ И ТУЃО ИЛИ ВКРСТЕНО
ОПРАШУВАЊЕ
САМОСТОЈНО
ОПРАШУВАЊЕ

• Кога поленот од прашницата паѓа врз


лепливото устенце на плодникот од ист
цвет станува збор за самоопрашување.
ВКРСТЕНО ОПРАШУВАЊЕ

• Кога поленот доаѓа од друго растение станува збор за


вкрстено опрашување.
• Што е тоа што ги привлекува опрашувачите?
•-венечни ливчиња со живи бои,
•-јак мирис,
•-содржат некта
•-имаат леплив полен .
ОПРАШУВААТ СО ВЕТАР

• Растенијата кои се опрашуваат со ветар имаат неугледни цветови без препознатливи елементи на
цветот и немаат мирис . Нив тоа и не им е потребно .Тоа што им е потребно е што полесно да
испадне нивниот полен надвор од цветот за да биде достапен на ветерот и да биде разнесен до
другите цветови. Затоа цветовите на ваквите растенија се така распоредени да може поленот од
нив целосно да се распростри со помош на ветар. Цветовите кои се опрашуваат со ветер
создаваат големи количини полен
ОПЛОДУВАЊЕ КАЈ РАСТЕНИЈАТА
• По опрашувањето кај растенијата, поленот со машките гамети кои ги содржи се наоѓа на устенцето (жигот) на плодникот, во кој
женската гамета е сместена во семеновиот зачеток. Бидејќи поленот е на извесно растојание од јајце клетката, тој никне и образува
поленова цевка, која издолжувајќи се надолу низ столбчето, навлегува во семеновиот зачеток. Притоа се образува ембрионална
торбичка во која се наоѓа јајце клетката. Врвот на поленовата цевка, во која се наоѓаат секогаш две машки гамети, навлегува во
ембрионалната торбичка преку микропилата. Една од двете машки гамети се спојува со јајце клетката и дава зигот, кој ќе се развие
во ембрион на ново растение. Другата гамета се фузионира со диплоидното централно јадро на ембрионалната торбичка, при што
се образува ендоспермот, односно ткивото од кое ќе се исхранува ембрионот.
ПРОМЕНИ ПО
ОПЛОДУВАЊЕТО
• Оплодувањето поттикнува и други промени: интегументот
(надворешниот дел на семеновиот зачеток)
образува семена обвивка (Testa) околу ембрионот и
ендоспермот; венечните ливчиња од цветот отпаѓаат,
жигот и столбчето свенуваат, а ѕидот на плодникот
(наречен перикарп) образува слој кој го
опкружува семето (нуцелус). Перикарпот и семето заедно
го чинат плодот. Треба да се спомне и дека кај некои
виодови растенија може да се јави појава на апомиксија.
При ваква појава, семето се образува без оплодување,
меѓутоа формирањето на ендоспермот и развитокот на
плодот се одвива како кај другите видови.

You might also like