You are on page 1of 1

Бактерии

Бактериите се едни од најситните организми кои ја населуваат Земјата. Имаат специфична градба
• Широко се распостранети бидејќи можат да се исхрануваат на повеќе начини и можат да жевеат
во средина со кислород и без кислород. • Се размножуваат брзо и едноставно, присутни се во
човекот, животните и растенијата. Бактериите ги има во разни форми, но најчесто застапени се:

• Стапчести (бацили)

• Топчести (коки)

Спирални Преодни форми: • Кокобацили

• Вибриони Бактериите некогаш се групирани во форми:

• Диплококи • Тетракоки • Стрептококи • Стафилококи

Бактериската клетка е изградена од цитоплазма, обвиена со клеочна обвивка над која се формира
цврст клеточен ѕид. Во цитоплазмата има нуклеинска киселина во вид на кружен хромозом со кој
ја носи главната генетска информација. Немаат органели, имаат плазмиди и епизоми, мали
кружени молеку од јадрена киселина, кои можат независно да се умножуваа.

Некои бактерии при неповолни услови да формираат спори. Во ваква состојба можат да опстанат и
по стотици години. Кога условите ќе се подобрат, спората пука и бактеријата продолжува да
живее.

Бактериите при оптимални услови се размножуваат со голема брзина.За многу кусо време можат
да се создадат милиони бактерии. За среќа условите на животната средина го забавуваат
размножувањето.

Болести предизвикани од бактерии : Антракс (Bacillus anthracis)

Бруцелоза ( Brucella genus)

Колера (Vibrio cholerae)

Дифтерија (Corynebacterium diphtheriae)

Туберкулоза (Mycobacterium tuberculosis)

Инфекции на уринален тракт (најчесто E.Coli) • И ДРУГИ.

You might also like