You are on page 1of 14

ЦАРСТВО НА ГАБИ

1.Едноклеточни и многуклеточни еукариоти


2.Талусот – телото на габите може да биде:
А)амебовиден (гола протоплазматична маса со голем број јадра- плазмодиум)
Б) цевчест (кај нижите габи)
Г) кончест и разгранет (кај вишите габи)
Конците се наречени ХИФИ, а телото на габите е МИЦЕЛИУМ (сплет од хифи)

3.Клеточниот ѕид е изграден од ХИТИН


4.Складирана резервна материја е ГЛИКОГЕН
5.Немаат ткива и органи
6.Нивнзтз клетка НЕ СОДРЖИ ПИГМЕНТИ ЗА ФОТОСИНТЕЗА

7.Размножување –
Безполово на 3 начини :
- вегетативно (со кинење на делови)
- пупење
-спори (специјализирани клетки за безполово размножување
Полово:
-со гамети

8.Поголем број виши габи формираат ПЛОДНИ ТЕЛА –ПЕЧУРКИ


ПЕЧУРКА Е НОСАЧ на спорангиите со спорите
9. Живеат главно на копно (мал број во вода)

10. Значење
А) за природата: Разградувачи на органски материи во природата
Б) за човекот : храна, лекови(пеницилин),добивање алкохол(квасни габи),
Прехрамбена индустрија (леб и пецива, млечни производи)

11.Предизвикувачи на болести (МИКОЗИ): кај раст,животни,човек


12.Класификација:
- Лигави габи (Myxomycetes)
- Нижи габи (Phycomycetes) Plazmospora viticola,Mucor mucedo
- Столпчести габи (Basidiomycetes)-печурки, рѓи, гламни
- Торбести габи (Ascomycetes)-хитин, имаат аскус-топчеста творба со спори
Квасни габи,лебен квасец,пеницилин

II.Лишаи
Симбиоза помеѓу габите и едноклеточните алги
- Габата со хифите прима вода
- Алгата врши фотосинтеза

Форма на талусот
Корест, Листест, Грмушест
Боја на талусот: Жолта, Кафена,Сива,Бела и Црна
Исхрана :Автотрофно
Значење во природата: исхрана за животните
Значење за човекот: исхрана, бои, лекови, етерични масла и аероиндикатори
(проценка на степенот на загаденост на воздухот)

ЛЕКЦИЈА: ЦАРСТВО НА ГАБИ

Екосистемите би доживеале колапс без габите кои ги разградуваат умрените


организми, паднатите лисја изметот и другите органски материи.
Габите ги рециклираат животно важните хемиски елементи (враќајќи ги назад)
во средината (природата) во облик во кој другите организми можат да ги
искористат.
Освен важната еколошка улога,габите со векови се користени одстрана
на човекот.Се користат во исхрана (шампињони,буковки,тартуфи) се
култивираат култивираатиодгледуваат за производство на лекови
(антибиотици),се користат за производство на леб, добивање млечни
производи,ферментација на пиво и вино.
Габите се еукариоти и повеќето се повеќеклеточни. Габите порано се
сметале за растенија. Молекуларните студии покажуваат дека габите и
животните најверојатно потекнуваат од заеднички предок. Со други зборови,
печурките се веројатно во многу поблиско сродство со вас, одошто со кое било
растение.Тие денес сегрупираниво посебно царство (Fungi).Ова царство опфаќа
габи со микроскопски димензии, џиновски печурки и лишаи.
Габите немаат хлорофил(за разлика од алгите)ниту помошни
пигменти.Се исхрануваат хетеротрофно – со готова органска материја која ја
примаат по пат на апсорпција од околниот медиум.
Како резервна материја складираат гликоген
Многу видови габи се хранат со мртви организми, со органски материи
што се распаѓаат или со живи организми.
Габите кои користат готови органски материи- од мртвите тела на
растенијата и животните се сапрофити.(биоредуценти).Оние кои користат
готови органски материи од живи домаќини – се паразити (некои од нив се
предизвикувачи на тешки заболувања на животните и човекот.-микози)

Како се исхрануваат габите?

Габите ја“дигестираат“ храната надвор од нивното тело –секретирајќи моќни


дигестивни ензими во околината = храната. Овие ензими ги разградуваат
комплексните молекули до помали органски компоненти- до облик во кој
габите можат да ги апсорбираат и искористат.

Градба

Некои габи се едноклеточни и микроскопски организми (пр.квасните габи)


Но,постојат далеку поголем број на многуклеточни представници.
Телото на габите се нарекува ТАЛУС и тој може да биде:
Амебовиден - (гола протоплазматична маса со голем број јадра)
Цевчест (кај нижите габи) без прегради
Кончест и разгранат (кај вишите габи)
Конците се наречени ХИФИ. Фунгалната хифа се состои од цевчеста клетка (со
јадро,цитоплазма и клеточни органели) обвиткана со клеточна мембрана и
клеточен ѕид. Клеточниот ѕид кај габите се разликува од целулозниот клеточен
ѕид кај растенијата.
Клеточниот ѕид кај габите е граден од сложен шеќер ХИТИН (од кој е граден и надворешниот
скелет кај инсектите и други членконоги).
Фунгалните хифи во облик на испреплетени конци се викаат МИЦЕЛИУМ-
Мицелиумот настанува со апикален раст на хифите кои се разгрануваат дифузно во
сите правци.

Тој го опкружува и се инфилтрира (вметнува) во материјалот(супстратот) на кој


се храни.Фунгалниот мицелиум расте неверојатно брзо.(со разгранување и
зголемување на должината на хифите,а со тоа и на апсорптивната површина)
10cm3 од органски супстрат –може да содржи до 1km хифи.Габите се
неподвижни организми (не можат да трчаат, да летаат или да пливаат во потрага
по храна.Но, нивниот мицелиум го компензира овој недостаток на мобилност
(неподвижност) со разгранување и ширење на хифите на нови територии.
Во 2000 година научниците откриле мицелиум на една габа во во Орегон кој бил 5,5
km во дијаметар и се протегал низ 2200 ари шума.Оваа габа е најмалку 2400 години
стара и има стотици тони тежина – што ја квалификува како еден од
најстарите и најголемите организми на земјата.
Кај повеќето габи, хифите се поделени со прегради = (септуми).Постојат и габи
со несептирани хифи Кај нив хифите се континуирана цитоплазматска маса со
стотици и илјадници јадра.

Некои габи имаат специјализирани хифи кои им овозможуваат да се хранат на


живи организми.Од околу 100000 познати видови, 30% живеат како паразити
(највеќе на растенија).предизвикувајќи сериозни агрокултурни загуби.
Животните се далеку поотпорни на габи.Само околу 50 видови на габи
паразитираат на човекот и на животните.Тие се предизвикувачи на белодробни
инфекции, полови болести, инфекции на кожа (посебно на стапала). Познати
под општ термин МИКОЗИ.

Габите се размножуваат безполово: со спори, со пупење и вегетативно – со


кинење на делови од хифите. Постојат и представници кои се размножуваат
полово.
Поголем број виши габи формираат ПЛОДНИ ТЕЛА. –сплетови од хифи
наречени ПЕЧУРКИ.
ПЕЧУРКА Е НОСАЧ на спорангиите со спорите
Мицелиумот се развива во подлогата или на нејзината површина,а плодните
тела се издигнуваат над неа. Плодните тела се разликуваат според формата,
големината, бојата и некои други својства.
Габите по своите особини се наоѓаат на премин меѓу растенија и животни.
Бидејќи на прв поглед габите повеќе личат на растенија одошто на животни ,
тие со векови биле класифицирани во царството растенија. Современите
генетски и ултраструктурни анализи покажале дека габите се далеку посродни
со животните. Тие денес се класифицирани како посебно царство. Еве некои
представници

Класификација:
- Лигави габи (Myxomycetes)
- Нижи габи (Phycomycetes) Plazmospora viticola,Mucor mucedo
- Столпчести габи (Basidiomycetes)-печурки, рѓи, гламни
- Торбести габи (Ascomycetes)-хитин, имаат аскус-топчеста творба со спори
Квасни габи,лебен квасец,пеницилин

1.ЛИГАВИ ГАБИ (Myxomycetes)

• Хетеротрофни организми (сапрофити или паразити)


• Живеат на ѓубришта, земјиште богато со растителен материјал кој
гние и се распаѓа.
• Нивното вегетативно тело не е градено од ХИФИ
• Изградени се од гола протоплазматична маса – плазмодиа (со голем
број јадра)
• Имаат способност за фагоцитоза ,т.е способност да внесуваат цврсти
честички и хранливи материи
• Димензиите на плазмодиите можат да бидат микроскопски
• Но има и представници чии плазмодии имаат дијаметар десетина cm
2.НИЖИ ГАБИ –(Phycomycetes)
представник : Mucor mucedo (црна мувла)
Се развива на леб, сирење,овошје, ѓубре,во почва. Мицелиумот е цевчест
белузлав,со несегментирани хифи Од него се издигнуваат вертикални хифи-
кои на врвот носат спорангиуми.Кога спорангиумот ќе распука –од него се
ослободуваат голем број спори. Живеат во водна средина, на влажни почви и
во сувоземни услови
Во оваа класа има и паразитски форми :Phycomycetes - Plazmospora,
предизвикува заболување –пламеница. Напаѓа листови винова лоза, но и други
култури.( тутун,сончоглед, зелка)

Кога спората на пламеница падне на листот, таа во присуство на влага


рти и развива мицелиум чии хифи низ отворите на листот (стомите)
продираат во листот и ги цицаат хранливите материи и го сушат
Затоа се прскаат со сулфур!!!!
3.СТОЛПЧЕСТИ ГАБИ –(Basidiomycetes): Печурки, рѓи и гламни

Најпознати столпчести габи се тие кои произведуваат -печурки


печурка- носач на спорангии со спори

Cantharellus cibarius, лисичарка


Печурките живеат
САПРОФИТСКИ,на изгниени
стебла,кора од дрва, во ливади
и пасишта.Формираат големи,
лесно забележливи плодни тела
со форма на чадорче и дршка.
Речиси кај сите мицелиумот е
повеќегодишен(презимуваат во
почва или на дрво и секоја
Најотровна печурка, смртоносно
година формираат плодни
количество е околу 20 грама сирови
тела). Agaricus arvensis, шампињон
печурки. Сушењето и термичката
обработка невлијаат на отровноста.
Знаците на труење (повраќање и
малаксалост ) се јавуваат 7-8 часа по
Конзумирањето.Смртност до 50% од
Затруените.

Amanita phalloides-зелена пупавка

Amanita muscaria, муварка


Boletus edulis, вргањ

Pleurotus ostreatus, буковка Lentinus edodes, šitaki

Рѓи-Uredinomycetes-паразити
-огромни штети на жита
образуваат два вида спори и менуваат два вида домаќина,

Гламни-Ustilaginales :Ustilago tritici -паразити


Паразити кои формираат цврсти
спори отпорни на надворешни
влијанија.Од спорите се развива
мицелиум на цветниот дел на
житатаи брзо се проширува во
црна прашлива маса Од класот
на житата, остануваат голи
вретена или класја со црна
правлива маса

Ustillago maydis

Claviceps purpurea –ржена гламница, (паразитира) се формира


во класот на на ржта. Имаат Sklerocija (lat. sclerotium,тврд) –
тврда творба од збиени сплетови на хифи –содржи

алкалоиди :лизергинска киселина (LSD) Габичното


заболување предизвикано од Claviceps purpurea
не ги инфицира луѓето директно,туку ги напаѓа житарките
кои кога ќе се сомелат и дојдат во брашно предизвикуваат

4.ТОРБЕСТИ ГАБИ :Ascomycetes


Имаат топчеста творба со спори-АСКУС (спорангиум)

Род Saccharomyces sp.


немаат развиен мицелиум
• Квасните габи (топчести или јајчести) – (ЕДНОКЛЕТОЧНИ,
ЕДНОЈАДРЕНИ) се размножуваат со пупење
• Обично младите клетки остануваат заедно и формираат НИЗИ

S. еllipsoideus -Вински квасец S. Сerevisiae Пекарски квасец

Тука спаѓаат родовите Penicillium и Aspergillus


Со разгранет мицелиум

• Тие се сапрофити на лебот,сирењето, лимонот


• Имаат разгранет мицелиум од септирани хифи
• Клеточен ѕид од ХИТИН

Aspergillus sp.
Penicillium expansum

Penicillium sp., на врвот се разгранува


И носи низови од спори –конидии

*****************************************************************

Tuber melanosporum, Tuber spp. (Ascomycotina) tartufi,

Кралската печурка (ТАРТУФ) е исклучително ретка и тешко се наоѓа што е една од


причините зошто е и толку скапа. Килограм од оваа габа чини од 1000-5000 евра. Големите
примероци се продаваат на аукции.(примерок од 1,2 килограм продден е за 95000 долари)
Многумина се обиделе да ја култивираат и одгледаат вештачки, но, до денес никому не му
успеало. Некогаш за нивно користење се користеле свињи, денес се “исфрлени“ од
бизнисот, секористат специјално дресирани кучиња.

ПРИМЕНА
1. ГАБИТЕ СЕ РАЗЛОЖУВАЧИ

2. ГАБИ КАКО ХРАНА- СОДРЖАТ ПРОТЕИНИ, ЕСЕНЦИЈАЛНИ


АМИНО КИСЕЛИНИ, ПОЛИСАХАРИДИ, ВИТАМИНИ,
МИНЕРАЛИ И ГОЛЕМИ КОЛИЧЕСТВА ФОСФОР

3. СЕКУНДАРНИ МЕТАБОЛИТИ НА ГАБИТЕ


АНТИБИОТИЦИ – супстанци токсични за микроорганизмите
(Penicillium notatum - penicilin)

Микотоксини – супстанци токсични за луѓето

4. Индустриска ферментација

a. Алкохолна ферментација – производство на етил алкохол


(род:Saccharomyces);
Сирења ферментирани со некои видови Penicillium roquefortii
– сирење rokfort, gorgonzola, P.camembertii – камембер

5. Индустриско производство на габи


Agaricus bisporus (Basidiomycotina) шампињони
Pleurotus ostreatus (Basidiomycotina)буковки

ЛИШАИ

Еволуцијата не е само потекло и адаптација на поедини видови. И врските и


вземните односи меѓу видовите исто така се продукт на еволуцијата.
Симбиоза е термин кој се користи за да се опише еколошка поврзаност меѓу
организми од различни видови кои се во директен физички контакт.
Паразитизам е облик на симбиоза вокој едниот учесник (паразитот) живее на
сметка и на штета на домаќинот. Мутуализам е симбиоза од која бенефит
(корист)имаат двата учесници кои ја градат.(пр.азотофиксатори)
Лишаите се симбионтски асоцијации на габи и алги и пример како два
вида можат да бидат толку кооперативни – дури и да формираат нова животна
форма.Лишаите не се мовови ниту какви било видови растенија ,ниту
самостојни организми. Лишаите се симбионтски асоцијации на милиони ситни
алги фатени во мрежа од фунгални хифи.
Фотосинтетските организми алгите ги хранат габите.Фунгалниот
мицелиум за возврат обезбедува погодно живеалиште за алгата – помагајќи и во
апсорпцијата и задржувањето на вода и минерални материи.Мутуалистичкото
здружување на овие партнери е толку комплетно што лишаите денес се
именуваат како посебен вид и индивидуални организми.

• Габата со своите хифи – прима вода и минерални материи, а алгата


врши фотосинтеза и обезбедува органски материи -На таков начин

можат да опстанат во многу неповолни услови :на високи планини


суви карпи, кора од дрвја, во арктички подрачја

Според формата на талусот на лишаите може да е


Корест, Листест, Грмушест, а по боја :жолт, кафен,сив,бел и црн

Корест лишај Листест лишај Грмушест лишај

• Лишаите исклучително бавно раснат, во споредба со било кое друго


растение.Причина за ова е слаб интензитет на фотосинтеза
• Фотосинтезата е во врска со количеството вода во талусот, што е во
директна врска со условите во надворешната средина.Тие многу брзо од
состојба на заситеност со вода минуваат во сува состојба и обратно,
што за последица има смена на периоди во кои се врши фотосинтеза со
периоди кога е стопирана, или исклучително слаба.
• Лишаите живеат многу долго,па за некои арктички видови се смета дека
се стари и над илјада години

ПРИМЕНА

• Одлични индикатори на загаденост на воздухот од индустријата,


бидејќи немаат способност за излачување на апсорбираните материи
–туку ги натрупуваат во телото. Кога количеството штетни материи
ќе стане токсично, тие одумираат – па затоа присуството на лишаи
во некој предел зборува за незагаденост на воздухот во истиот.

• Тие се пионерски видови во населување на голи карпи и почви, кои


ги менуваат збогатуваат со хумус- создавајќи подлога што допрва ќе
ја населат растенијата.

• Се развиваат на почви сиромашни со минерални материи (тундри –


на север) на кои нема други растенија, па затоа се храна за
животните кои таму живеат.
• На Исланд има видови лишаи богати со скроб од кои се прави леб (за
исхрана на луѓе). Cetraria islandica ili Lecantora esculenta

• Од некои видови се изолирани антибиотици


• Во минатото се користеле за боење на свила и волна
• Некои видови содржат мирисни материи Evernia prunastri ,во минатото
се користеле за добивање парфеми

You might also like