You are on page 1of 10

РАЗМНОЖУВАЊЕ

КАЈ РАСТЕНИЈАТА
Изработено од Марија Китановска
Како се одвива процесот на полово
размножување кај растенијата?
До полово размножување доаѓа кога две специјализирани клетки кои се и физиолошко различни се соединуваат и од
нив се создава нов организам. Тие клетки се полови клетки или гамети. Процесот на соединување на гаметите се вика
оплодување, а клетката што се добива се вика зигот.
Телесните клетки на секој организам имаат константен и специфичен хромозомски број за дадениот организам, а во
зрелите плодови клетки, хромозомскиот број е секогаш редуциран на полобина. Редукцијата се остварува со
специфична мејотска делба на јадрото, при гаметогенезата што се одвива во посебни органи.
Кај растенијата, женските гамети (јајце-клетки) се образуваат во архегониум. Тие, бидејќи содржат резервни материи се
поголеми и не се подвижни. Гаметите што се формираат во антеридиумите (машки органи), најчесто се мали и
подвижни (спермиуми).
Со соединувањето на двете хаплоидни гамети при процесот на оплодување се добива диплоиден број на хромозоми во
јадрото на зиготот. Овај процес се вика оплодување или копулација.
Кај некои едноклеточни организми, клетките кои се соединуваат не се разликуваат по надворешниот изглед од обичните
вегетативни клетки. Кај други има образување полови клетки кои морфолошки се разликуваат од вегетативните но не се
разликуваат меѓусебно. Тие се изогамети а процесот на оплодување е изогамија. Изогамијата се смета за претходник на
анизогамијата.
Анизогамија е процес во кој двете гамети се разликуваат и морфолошки и физиолошки. Обично едните се микрогамети а
другите макрогамети.
Натамошното диференцирање на гаметите до женски и машки доведува до оогамија.
За одредени нижи организми, на пример кончестите зелени алги, карактеристичен е процес на рамножување наречен
конјугација.
Притоа се остварува заемна размена на генетички материјал меѓу две привремено доближани и сврзани со
цитоплазматичен ост единки.
Како се изградени генеративните органи?
1. Цвет.
Цветот е генеративен орган за скриеносемените растенија. Со него може да се врши и полово и бесполово размножување.
По содзавањето на спорите и гаметите и по оплодувањето од него се образуваат семето и плодот.Тој е видоизменет
изданок со ограничено растење и се образува од врвното стеблено меристемско ткиво.
Цветот е обично прикрепен за стеблото со цветна дршка, а доколку ја нема, цветовите се приседнати. Таа завршува со
многу скусен проширен дел на кој се поредени цветните елементи и е наречен цветна ложа.
Кај повеќето скриеносемени растенија, делови на цветот се поделени на заштитни и репродуктивни.
Заштитните листови се неплодни и се нарекуваат околуцветник. Тој може да биде перијант или сложен и перигон или
прост.
Перијантот е изграден од два вида ливчиња кои се разликуваат. Првиот круг е чашка со чашкини ливчиња кои се најчесто
зелени и нивната функција е заштитна. По отворањето на цветот можат да се задржат до образувањето на плодовите или
да паднат. Вториот круг го сочинуваат венечните ливчиња кои е поголеми и впечатливо обоени.
Ливчињата од двата круга кај перигонот се еднакви по облик големина и боја. Може да се слични на венечните и таквиот
перигон се вика венчевиден. Ако е изграден од зелено обоени ситни ливчиња тогаш е чашковиден перигон.
Во репродуктивните елементи на цветот спаѓаат прашниците и плодните листови на плодникот.
Прашниците се специјализирани листови кои носат миксроспори. Еден прашник е составен од прашнички конец и
проширен дел, антера.
Плодникот зазема централно место во цветот и е образуван од плодни листови. Има базален проширен дел, издолжен
средишен и проширен дел на врвот. Во базалниот дел се наоѓа плодницата (или јајчникот), во средишниот е столбчето и
на врвот е устенцето.
Устенцето е горен дел на плодникот каде се наоѓа специјално ткиво кое го помага никнењето на поленовото зрно. Може да
биде обраснато со куци или долги влакна. Обично е поставено на врвот на столпчето меќутоа кај некои растенија може да
се најде директно налегнато врз плодницата.
Столпчето е средниот и стерилен дел на плодникот и ја поврзува плодницата со устенцето.
Плодница (или јајчник) е проширениот дел на плодникот каде се образуваат и развиваат семените зачетоци. На напречен
пресек во неа се забележува централна празнина која е или целосна или преградена на повеќе гнезда.
Во гнездото на плодницата се формира семенов зачеток.
2. Семе.
По завршеното оплодување од семениот зачеток се образува семе.
Зрелото семе е составено од семена обвивка, ембрион и помалку или повеќе развиен ендосперм.
Семената обвивка главно се образува од едниот игумент или од двата. Таа го штити ембрионот и ендоспермот од повреди
и надворешни неповолни влијанија.
Местото каде семето било прикрепено за дршката е познато ако папок или хилум. Во негова близина се наоѓа мало
отворче наречено микропиларно отворче бидејќи се образува од микропилата на семениот зачеток.
Под семеницата се наоѓа ембрионот, а кај некои и хранливото ткиво-ендосперм.
Ембрионот кај повеќе скриеносемени растенија е составен од ембрионално коренче, ембрионално стебло, ембрионални
листови и ембрионална пупка.
3. Плод.
Под плод се подразбира преобразен плодник во кој се сместени семките. Односно, плодот е орган кој по оплодувањето се
развива од плодникот и другите цветни елементи.
Плодот е составен од ѕид и внатрешна празнина во која се наоѓаат семињата. Ѕидот на плодовите е најчесто претставен
од ѕидот на плодницата и се нарекува перикарп. Во перикарпот се разликуваат три слоја: надворешен (егзокарп), среден
(мезокарп) и внатрешен (ендокарп).
Егзокарпот е претставен од надворешниот епидермис на перикарпот. Тој е тенок и кожест.
Ендокарпот е исто така тенок и кожест но понекогаш може да биде дебел, кожест или дрвосан.
Мезокарпот е најдобро развиен слој на перикарпот.
Во внатрешната празнина се сместени семињата кои се најчесто прилепени на работ на сраснувањето на карпелите кои го
образуваат плодникот.
Процеси на опрашување и оплодување

Опрашување.
Пренесување на поленовите зрна од прашниците до устенцето на плодникот се вика опрашување. Кај голосемените
растенија поленовите зрна директно се пренесуваат до семеновите зачетоци.
Независно од тоа како е пренесен поленот, има два вида на опрашување, самоопрашување и туѓо опрашување (или
вкрстено опрашување).
Самоопрашувањето може да биде типично самоопрашување ако поленот од прашниците паѓа на устенцето од плодникот
во истиот цвет.
Кај еднодомните растенија постои соседно самоопрашување. Самоопрашувањето може да се оствари само ако
созревањето на прашниците и плодникот е во ист временски интервал.
Кај туѓото (вкрстено) опрашување поленот од еден цвет над едно растение го опрашува устенцето на плодникот од цвет
на друго растение. Ова е уште познато и како ксеногамија.
До туѓр опрашување може да дојде кога има морфолошко и физиолошко несовпаѓање, уште познато како хетеростилија.
Тоа се обично цветови со куси прашници и високи плодници или обратно.
Друго приспособување на двополовите цветови за туѓо опрашување е дихогамијата, односно појава кога прашниците и
плодниците не созреваат истовремено.
Поленот може да се пренесе преку: анемофилија (со помош на ветрот), зоофилија (со помош на инсекти, птици и други
животни) и хидрофилија (со помош на вода).
Оплодување. Опрашување
Оплодувањето доаѓа после опрашувањето. Откако поленовот зрно ќе се
најде на устенцето на плодникот за кусо време почнува да никне на тој
начин што внатрешната обвивка излегува низ отворите на
надворешната обвивка и постепено формира поленова цевка. Таа цевка
брзо расте и навлегува низ столпчето до плодницата на плодникот.
На врвот од поленовата цевка се наоѓаат две спермални јадра.
Поленовата цевка преку микропилата навлегува во семеновиот зачеток
каде се наоѓа женскиот гаметофит.
Откако поленовата цевка ќе навлезе во ембрионалната торбичка, ги
ослободува двете спермални јадра и доаѓа до двојно оплодување.
Едното спермално јадро ја оплодува јајце-клетката и се добива
диплоидна клетка која се нарекува зигот. Другото спермално јадро се
соединува со централната клетка при шт се добива триплоидна клетка.
Со оплодувањето завршува гаметофитната генерација затоа што од
зиготот со голем број делби ќе се оформи ембрион, а од него во
Оплодување
поембрионалниот развој се добива спорофит, односно, цело растение.
Од оплодената централна клетка се образува ендоспермот кој го храни
ембрионот во текот на неговиот развиток.
Разликата меѓу полово и бесполово размножување.
Половото размножување се одвива во специјални органи со полови клетки или гамети,
додека бесполовото размножување не се служи со полови клетки, туку може да се изврши
со пупење, спори и вегетативно со вегетативни органи.
На пример, во бесполовото размножување еден организам потекнува од една или група
телесни клетки на еден родителски организам, додека кај половото размножување, нов
организам се добива со спојување на две различни половои клетки.

You might also like