You are on page 1of 3

Зоологија

I. Едноклеточни животни (Protozoa)

1.Камшикари

*Иако зоолозите ги сместуваат во групата на животни заради флагелумот кој го поседуваат,


ботаничарите ги сметаат за алги заради хлорофилот кој го содржат.

А. Еуглена

Едноклеточен организам кој живее во површински води. Имаат долгнавеста форма, со еден
зашилен и еден затапен крај, која се одржува со еластична мембрана –пеликула, која ја обвиткува
плазма мембраната. Еластичноста овозможува протопластот да врши контракции кои ќе
овозможат движење на клетката кон напред, познато како еугленовидно движење. Активното
движење на еуглената се овозможува со флагелумот кој излегува од затапениот дел, кој уште се
нарекува антериорен (преден) дел заради насоката на движење. Флагелумот ја влече еуглената
низ водата со камшиковидни движења. На предниот дел има отвор што води кон кратко цевче,
како хранопровод, и резервоар во вид на мала топчеста везикула. Во резервоарот се отвараат
контрактилни вакуоли, а флагелумот е прикачен во резервоарот и излегува низ отворот. Во
близина на местото на прикачување на флагелумот има црвено очно петно. Еуглената плива кон
дневното светло, но избегнува директно изложување на сончеви зраци, што укажува на
поврзаност на очното петно кое е сензитивно на светло со движењето. Еуглената има едно добро
дефинирано јадро. Во цитоплазмата содржи хлоропласти и во присуство на сончева светлина
може да произведува енергија, но се покажало дека може да опстане и без светло доколку во
водата има органски материи. Се размножува со проста лонгитудиначлна делба. Јадрото се дели
прво, а делабата на клетката започнува натериорно, така што стариот флагелум целосно ќе
припадне на едната клетка, а втората ќе “израсне” нов. Во некои услови еуглената може да стане
сферична и на формира гелатинозна обвивка околу себе, формирајќи циста и повторно да се
елонгира кога ќе се создадат поповолни услови.

Б. Волвокс

Целосно формирана колонија на Волвокс се состои од неколку илјади индивидуални клетки кои
формираат сфера, која личи на мала зелена топка со големина до 1 милиметар. Најголем број од
индивидуалните клетки се вегетативни и имаат по два флагелуми кои се насочени кон надвор,
очно петно (стигма), контрактилна вакуола, хлоропласти и јадро. Индивидуални клетки на
колонијата имаат меѓусебна физиолошка комуникација, преку нишки од протоплазма кои
поминуваат низ желатинозниот матрикс. Ротацискот движење на колонијата го овозможуваат
флагелумите кои се движат позитивно фотофтропно. Кога колонијата ќе достигне одредена
големина, некои од клетките ги губат флагелумите, се зголемуваат и навлегуваат кон
внатрешноста на колонијата каде што продуцираат нови колонии преку асексуална репродукција,
овие нови колонии се ослободуваат кога колонијата-мајка ќе изумре. По одреден период на
асексуална репродукција, некои од клетките на колонијата се развиваат во колонии. Дел од нив
стануваат големи сферични јајце клетки, додека други формираат дисковидни флагелирани
спермаозоиди. Фертиларизацијата се одвива во колонијата, а зиготите развиваат клеточни
ѕидови. Вака заштитени остануваат во колонијата до смрт и дезинтеграција. Кога ќе наидат на
поволни услови се развиваат во колонии. (ПРОВЕРИ КАКО И ЗОШТО ИЗУМИРА СТАРАТА
КОЛОНИЈА)

2. Амеби

Живеат во слатководни бари на мртви лисја. Имаат само плазма мембрана без клеточен ѕид или
друга обвивка. Делот веднаш под клеточната мембрана нема гранули во цитоплазмата и се
нарекува ектоплазма, која се рзликува од гранулираната ендоплазма. Се движи со формирање на
псеудоподии. (ОВДЕ ДА СЕ ДОПОЛНИ СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДВИЖЕЊЕТО-ЦИТОСКЕЛЕТ,
НАМЕСТО СОЛ ГЕЛ ТЕОРИЈА). Во протоплазмата има јадро, а храната се внесува во хранителна
вакуола во која се внесуваат и ензими кои се формираат во цитоплазмата (?????ПРОВЕРИ ДАЛИ
ИМА ЛИЗОЗОМИ). Респирацијата и екскрецијата се одвиваат по пат на дифузија преку клеточната
мембрана, а е помогната од контрактилна вакуола која исфрла дел од водата. Репродукцијата е со
проста делба.

3. Трепкари (Цилиати)

A.Парамециум

Парамециумот е издолжено животно кои живее во стагнантни води. Слично на еуглената има
пеликула и релативно фиксна форма на телото, но се движи со полош на цилии, а не камшиче.
Движењето на цилиите потсеќа на веслање на брод. НАдворешниот негранулиран дел на
цитоплазмата ектоплазма, го обвиткува внатрешниот дел ендоплазма. Во ектоплазмата има
вретеновидни телца трихоцисти. Кога парамециоумот се иритира, трихоцистите исфрлаат долги
тенки влакна (како игли) во водата. На едната страна има орална вдлабнатина која продолжува во
уста и “хранопровод”. Парамециумот главно се храни со бактерии кои се обвиткуваат со
хранителни вакуоли, слично со амебата, но парамециумите се пребирливи со храната. Доколку
повеќе различни бактерии се присутни во околината ќе се храната со сојот кој го преферираат.
Хранителната вакуола се движи низ клетката и се ресорбираат материи. Недигестираниот
материјал се исфрла од место на парамециумот наречено анус (секогаш на исто место). На двата
краја на животното има контрактилни вакуоли во кои се насочени радијални канали од
цитоплазмата. Движењето низ водата е спирално, а кога ќе дојде до препрека цилиите го
менуваат правецот ан биење (ВИДИ ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ). Јадрото е составено од два дела
макронуклеус – кој е вклучен во метаболизмот на животното, и микронуклеус кој главно учествува
во репродукцијата. Репродукцијата може да биде со проста делба (напречно во регионот на
оралната вдлабнатина). Освен тоа тие може да влезат и во сексуална репродукција-коњугација,
преку формирање на протоплазматски мостови. Прво микронуклеусот на секој од парамециумите
се дели 2 пати (до 4 микронуклеуси). Три дегенерираат и останува само еден кој повторно се дели
на еден поголем-женски и еден помал-машки микронуклеус. Потоа преку протоплазматски
мостови се разменуваат машките микронуклеуси.
II. Многуклеточни животни (Metazoa)

1. Хидрозоа
А.Хидра

You might also like