You are on page 1of 3

1.

Интерфаза
Клеточниот циклус е важен процес во животот на секоја клетка. Поделен е на 2 дела и тоа:
-интерфаза
-делба на клетката (се дели на: делба на јадрото, делба на цитоплазмата)

Интерфаза или подготвителна фаза е важен дел од клеточниот циклус каде што клетката се
подготвува за делба. Во оваа фаза се вршат низа сложени процеси за делење на клетката па за тоа
интерфазата е поделена на три периоди:
-предсинтетички период (G1) е период каде што настанува клеточното растење тоа е најдолг
период од интерфазата и во него се врши синтеза на РНА, протеини и други потребни материи за
клетката.
-синтетички период (S) во него се врши синтеза на ДНА и репликација на хромозомите.
-постсинтетички (G2) овде синтезата на РНА продолжува и се создава големо количество на АТП
(енергија) потребно зад делба на клетката.

2.Делба на клетката
Делбата на клетката започнува после интерфазата, таа опфаќа 2 процеси и тоа:
-делба на јадрото (кариокинеза)
-делба на цитоплазмата (цитокинеза)

Делба на јадрото (кариокинеза)


Кариокинезата во зависност дали настанува во телесната клетка или половата клетка може да
биде митоза и мејоза.

Митоза (делба на телесната клетка)


Таа е карактеристичен процас за сите телесни клетки а најзината биолошка задача е рамномерно
распоредување на наследниот материјал од мајката клетка на ќерките клетки. Тоа е динамичен и
непрекинлив процес составен е од повеќе фази и тоа:
-профаза
-метафаза
-анафаза
-телофаза

Профаза
Профазата е првата фаза од митозата овде доаѓа до зголемување на јадрото и хромозомите
почнуваат да се спирализираат. Заради сложеноста може да биде рана и касна профаза.
Во раната профаза хромозомите се во вид на конци, тенки издолжени расфрлани низ целото
јадро.
Во касната профаза почнуваат хромозомите да се спирализираат и добиваат компактна структура,
на крајот јадрената мембрана и јадренцето исчезнуваат и се појавуваат нишките од делбеното
вретено.
Метафаза
Метафазата е следната фаза каде што хромозомите се крајно стерилизирани, најкуси, најдобро
видливи и убаво се разликуваат. Секој хромозом е изграден од две хроматиди.
Хромозомите се распоредуваат на екваторијалната рамнина и се поврзуваат со нишките од
делбеното вретено. Тие нишки се изградени од микротубули и можат да бидат поларни
(ги поврзуваат половите) и хромозомски (ги поврзуваат хромозомите).

Анафаза
Во неа хромозомите се делат надолжно и хроматидите се единечни и идентични.
Секоја хроматида се движи кон спротивниот пол и оваа фаза може да биде рана и касна. Во неа се
троши поголемо количество на АТП (енергија).

Телофаза
Во телофазата хромозомите се на спротивните полови од делбеното вретено. Тоа е крајната фаза
од митозата. Овде почнува да се регенерира или создава јадрена мембрана и јадренцето и се
добиваат 2 нови јадра.

Делба на цитоплазмата (цитокинеза)


После телофазата започнува делбата на цитоплазмата. Кај животинските клетки цитокиназата е
едноставна се спојуваат мембраните од двете страни и се добиваат 2 нови клетки.
Кај растенијата прво се создава една структура во форма на буре, таканаречена фрапиопласт, кои
заедно со ендоплазматичниот ретикулум и голџиевиот систем создава клеточна плоча која
поминува покасно во ламела и се создава клеточен ѕид.

Мејоза (редукциона делба)


Мејозата е карактеристична за половите клетки односно за спорогенезата(кај растенијата) и
гаметогенезата (кај животните). Во мејозата се создаваат спори и гамети, од едно диплоидно
јадро, четири хаплоидни јадра и хромозомите имаат по една хроматида. Ако отсуствува мејозата
бројот на хромозомите се зголемува од генерација на генерација. При мејоза се врши размена на
генетскиот материјал од двата родители.
Мејозата е составена од две делби:
-Мејоза 1
-Мејоза 2
И двете делби ги содржат истите фази како и митозата.

Профаза 1 е најдолгата фаза и е доста сложена. Во неа се одвиваат многу важни процеси па за тоа
е поделена на неколку стадиуми и тоа на: лептотен, зиготен, пахитен, диплотен, диакинеза.

Лептотен е почетниот стадиум на профаза 1, хромозомите се видливи и во формана конци или


нишки. Почнувааат да се спирализираат и се наречени хромомери.
Во оваа фаза/стадиум хромозомите се придвижуваат и го бараат својот хомолог.
Зиготен е стадиум каде што хромозомите се конјугираат (спојуваат) и создаваат биваленти
(хомологни хромозоми). Бројот на бивалентите во едно јадро е еднаков на хаплоидниот број на
хромозоми.
Пахитен е стадиум во кој доаѓа до размена на сегментите од хомологните громозоми и овој
процес се нарекува (crossing over) тука се случува рекомбинацијата на родителските особини.
Диплотен е стадиум во кој хомологните хромозоми почнуваат да се оддалечуваат и одделуваат но
не потполно. Местата каде се поврзуваат се наречени хијазми и тука се врши (crossing over).
Диа кинезата е последнио стадиум и хромозомите овде се покуси и бројот на хијазмите се
намалува, овој процес е наречен терминализација.
На крајот од профаза 1 се губи јадрената мембрана, исчезнува јадренцето и се појавува делбеното
вретено.

Метафаза 1 – хромозомите се подредуваат на екваторијалната рамнина исто како кај митозата, а


секој хромозом е изграден од две хроматиди. Што значи еден бивалент ќе има четири хроматиди.
Анафаза 1 – хромозомите почнуваат да се движат кон спротивниот пол од делбеното вретено и е
извршема првата редукциона делба.
Телофаза 1 – процес во кој се добиваат 2 јадра со хаплоиден број на хромозоми но со по две
хроматиди.

Мејоза 2 настанува после завршувањето на Мејоза 1 и таа е составена од истите фази но на крај се
добиваат четири јаплоидни јадра но со по една хроматида.
Кај машките единки во живот остануваат сите четири гамети, а кај женските само една а трите
умираат.
Мејозата е важен процес за продолжување на видот и за одржување на константен број
хромозоми.

You might also like