Оплодување

You might also like

You are on page 1of 2

Тема 9.

2 Полово размножување кај цветни растенија


Час 14 Оплодување
Наставната содржина се наоѓа на страна 20 во учебникот по Биологија

Цел: Го разбира половото размножување кај растенијата што цветат, вклучувајќи


опрашување, оплодување, создавање на семето и расејување

Што се случува кога поленот ќе стигне до устенцето на толчникот?

Откако ќе настане опрашување поленот стигнува до устенцето на толчникот.Знаеме дека во


поленот се наоѓа јадро кое ја претставува машката гамета

Поленовото зрно откако ќе падне на устенцето од плодникот започнува да никне и образува


поленова цевка. Поленовата цевка брзо расте и се издолжува и продира низ столбчето на
плодникот стигнувајќи до плодницата и навлегувајќи во семеновиот зачеток.
Преку поленовата цевка машката гамета доаѓа до семеновиот зачеток каде се соединува со
женската гамета (јајце клетката)

Оплодување е спојување на јадрото на машката гамета со јадрото на женската гамета.


Тогаш се образува нова клетка-зигот.
Корисни линкови:

https://www.youtube.com/watch?v=dgFY7WUTASQ&t=74s

За дома: Да се нацрта постапката на оплодување од страна 20 во учебникот

You might also like