You are on page 1of 20

Гамети

За да обстане човековиот вид на планетата Земја


потребно е да се размножува(репродукција).Преку
процесот на размножување родителите ги
пренесуваат наследните особини на своето
потомство.Размножувањето се врши со помош на
процес на оплодување.Во тој процес учествуваат
машки полови жлезди семеници (тестиси),женски
полови жлезди (јајчници) и помошни органи (канали)
низ кој се пренесуваат половите клетки за да се спојат.
Оплодување
За да се создаде еден човечки организам потребно е
да настане процес на
оплодување.Оплодување(фертилизација)е процес на
спојување на женската јајце клетка и машкиот
сперматозоит.Овие два специјални видови клетки
служат за размножување(репродукција) и се
нарекуваат гамети.
Јајце клетка
Јајце клетка е женска полова клетка или женска гамета.Таа
се состои од:јадро(Вецикула гермината)кое содржи 23
хромозони,клеточна мембрана(Зона
пеллуцида),јадренце(Мацула герминатива).Околу јајце
клетка има слој од фоликуларни клетки наречен корона
радиата.Создавање на јајце клетките се одвива во
специјални јајчни фоликули во јајчникот и тој процес се
нарекува оогенеза.Секој фоликул се состои од една јајце
клетка опкружена со голем број фоликуларни клетки.Јајце
клетките се поголеми од многу други клетки затоа што
складираат повеќе храна во нивната цитоплазма.
Оогенеза
Оогенеза е процесот на создавање на јајце
клетките(ооцити).Тој се одвива во
јајчниците(овариуми).Во текот на оогенезата јајчните
фоликули минуваат низ неколку развојни
фази:примарен фоликул,секундарен
фоликул,терциерен фоликул,жолто тело и бело тело.
Сперматозоид
Сперматозоидите се машки полови клетки(машки
гамети).Тие се помали од многу други клетки бидејќи
имаат мало количество на цитоплазма,но,имаат долги
опашки за да можат да се движат.Сперматозоидот е
составен од:глава(која содржи јадро(содржи 23
хромозони) и акрозом),врат(кој содржи две
центриоли),среден дел(во кој се сместени митохондии
што содржат енергија за движење на
сперматозоидот)и опашка(која овозможува движење)
Сперматогенеза
Сперматогенеза е процес на создавање и созревање
на машките полови клетки(гамети)-сперматозоиди.Тој
се одвива во семените каналчиња на
тестисите.Сперматозоидите се создаваат од клетките
на герминативниот епител што ги обложува ѕидовите
на каналчињата.
Зигот
Клетката што се создава при процесот на оплодување
се нарекува зигот.Од зиготот настанува нов
организам.Зиготот има 46 хромозони(23 јајце
клетката,и 23 сперматозоидот)
Хромозоми
Хромозомите се основни носители на наследните
својства кај живите.Тие долги и кончести структури кој
се сместени во јадрата во секоја клетка.Изградени се
од генетски материјал кој одредува како ќе се оформи
клетката.Составни елементи на хромозоните
се:хроматиди,хромонеми,хромомери,центромер(при
марно стенсување),сателит(секундарно
стеснување),теломери и матрица.Секоја клетка од
човечкото тело со исклучок на гаметите има 46
хромозоми.Гаметите имаат по 23 хромозони.
Благодарам за вниманието
Изработил:Марко Колевски 9-3 одд.

You might also like