You are on page 1of 2

Час 12 Поленови зрна

Наставната содржина се наоѓа на страна 18 во учебникот по Биологија

Цел: Го разбира половото размножување кај растенијата што цветат, вклучувајќи


опрашување, оплодување, создавање на семето и расејување

Да се потсетиме?
Какви органи се цветовите?
Како се нарекуваат половите клетки?

Половото размножување се одвива со помош на гаметите(половите клетки).


Кај човекот машките гамети се сперматозоидите, кои пливаат (се движат за да ја пронајдат
јајце-клетката)

Половите клетки се наоѓаат во цветот.Машките гамети се клеточни јадра кои се наоѓаат во


поленовите зрна ,кои се формираат во прашничките кеси на прашникот.
Женските полови клетки(гамети)се јајце клетките кои се наоѓаат во семеновите зачетоци во
плодницата.

Поленовите зрна кај различните растенија се различни по надворешен изглед, но градбата им


е иста. Тие се изградени од надворешна обвивка егзина , внатрешна обвивка интина во која
се наоѓаат клеточните јадра. На егзината имаат бројни отвори- пори.

Во зависност од видот на поленот, обвивката може да биде мазна, набрана, ишарана или
покриена со боцки и куки. „Значи, поленот на секој вид е исто толку сигурен за
идентификација како отпечатокот на прстот кај луѓето“

Поленови зрна од различни растенија

Домашна работа:
Да се истражи употребата на поленовите зрна во форензичката наука

You might also like