You are on page 1of 1

Растење на семиња

Семето е обвиткано со обвивка наречена кожеста обвивка. Оваа обвивка на семето му служи за
заштиа од надворешни влијанија, со што семето може да остане со години. Под оваа обвивка се
наоѓаат месести семени ливчиња наречени котиледони, кои се богати со хранливи материи. Во
аголот се наоѓа никулец кој е изграден од пупка на никулец (има облик на ливчиња) и коренче на
никулец (облик на црвче). Од пупка на никулецот во иднина ќе се развијат идните ливчиња,
местото од никулецот помеѓу пупката на никулецот и коренот на никулецот ќе се развие
стеблото, ,а од коренот на никулецот ќе се развие коренот на растението. За семето да никне
потребни се : топрлина, светлина, вода, минерални материи, воздух и вода. Во првата фаза од
никнење на семето од кожестата обвивка излегува коренчето на никулецот. Во втората фаза од
коренот на никулецот се појавуваат првите коренови влакненца, а излегува и пупка на никулецот.
Во третата фаза пупката на никулецот излегува над почвата. Во четвртата фаза веќе се формирани
првите ливчиња, кореновите влакна се добро развиени и растението создава хранливи материи
преку процесот на фотосинтеза, котиледоните ливчиња се сушат.

You might also like