You are on page 1of 10

КОРЕН

Изработил: Никола Китански


Професор: Бојан Симовски
Предмет: Ботаника
КОРЕН

Коренот го прикрепува растението за почвата и прима од неа


вода и минералии материи, а не ретко се јавува и како депо
за одредени резервни хранливи материи. Се равива од
радикулата на ембрионот и формира коренов систем,
претставен од главен корен и странични коренчина, кои
настануваат ендогено од главниот. Подземниот начин на
живот и константните животни услови во почвата условуваат
поедноставна анатомска градба на коренот, во однос на таа
на стеблото.
ДЕЛОВИ НА КОРЕНОТ
Обично корењето имаат две важни,
добро дефинирани зони: врвот или
вегетативниот конус и зона со
коренови влакненца. Врвот е зоната
на растење што се наоѓа на врвот на
коренот. Многу е краток (околу 5 мм),
зашто инаку коренот лесно би се
извиткувал при растењето поради
отпорот од почвата. Освен тоа, тој е
заштитен со еден вид обвивка
наречена калиптра или капа која му
овозможува да навлегува во земјата.
Зоната со коренови влакненца е
најмладиот дел на коренот; почнува
неколку милиметри од калиптрата и
има коренови влакненца
ВРВ НА КОРЕН
КОРЕНОВИ ВЛАКНЕНЦА
Кореновите влакненца ја зголемуваат
апсорпционата површина на коренот,
овозможувајќи на тој начин апсорпција
на вода и минерали од почвата. Но,
тие живеат само неколку денови, и
затоа покриваат само мал дел од
коренот. Најстарите се сушат и
отпаѓаат, а нив ги заменуваат нови кои
се создаваат близу до врвот. Тие се
нарекуваат и апсорпциони влакненца
затоа што низ нивната тенка
мембрана во корењето влегува водата
и растворените супстанции што ќе
бидат однесени до спроводните
снопчиња кои ќе ги пренесат до
листовите на растението
ГРАДБА НА КОРЕН

Koрените, во најголем дел, се


составени од кора, пред се од
аренхимско ткиво. Најдебелите во
голема мера личат на -анките на
дрвенестите растенија, но
најмалите се покриени амо со
кореновиот епидермис или
ризодермис, од чии петки
излегуваат кореновите влакненца.
Внатрешноста на оренот се состои
од еден централен цилиндар низ
кој Оминуваат спроводните
снопчиња на ксилемот и флоемот
ДЕЛОВИ НА
КОРЕН

● Ксилем
● Флоем
● Централен цилиндар
● Паренхим
● Кора
● Коренови влакненца
● Ризодернис
ВИДОВИ НА КОРЕН
Кога од еден главен корен што се
развива во длабочината ќе излезат
секундарни корени, помалку развиени,
имаме осков корен. Кога во еден коренов
систем не се разликува главниот корен
од споредните, тогаш се развива жилест
корен. Има и специјализирани корење во
кои се складираат хранливите материи,
како што се репкастите корени на
репката, вретенестиот на морковот, како
и надземни корени со различни намени
(потпора, дишење итн.)
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Основен атлас по ботаника
-просветно дело (ATLAS
BASICO DE BOTANICA)

Практикум по Ботаника
Ви благодарам
за вниманието

You might also like