You are on page 1of 9

Испуштање на

вода од
растенијата
Данчо Наумов II-4
Транспирација
Транспирација е испарување на водата
кај растенијата, најголем дел кај листовите,
но исто така и кај стеблото, цветот, коренот.
Најпрво растенијата ја
примаат водата заедно со минералните
соли преку коренот, потоа тие со помош на
кореновиот притисок се искачуваат по
стеблото. Тие се искачуваат низ
спроводните цевчиња (ксилемот) и одат сè
до листот каде што преку стомите кои се
наоѓаат на задната страна од листот се
исфрла водата. Минералните соли На листопадните растенија им паѓаат
остануваат во растението за да ги изградат
листовите поради тоа што земјата е влажна
клеточните структури. Преголема
транспирација е штетна за растението и тие можат да изгубат големо количество
поради тоа што тоа може да умре. BEST FORна Youвода преку транспирацијата.
O R G A N I C S C O M PA N Y
2
BEST FOR You 3
O R G A N I C S C O M PA N Y
Транспирација

Транспирација е процес на оддавање на водата во


вид на водена пареа. Од преголема транспирација
растенијата ги затвараат стомите , со тоа што
растението почнува да се суши и да венее . Стомите
имаат функција на размена на гасови и го регулираат
оддавањето на водената пареа , а тоа е
транспирацијата . Кај голем број на растенија
стомите се отвараат за изгреј сонце , а се затвараат за
време на зајди сонце . Услови од кој зависи
отварањето и затварањето на стомите се : сончева
светлина , вода , јаглерод диоксид и топлинска
енергија . Како заштита од преголема
транспирација , растенијата : ги затвараат стомите,
листови во вид на игличка ( пример : голосемени
растенија ) , дебела кутикула, листови во вид на
боцки ( пример : кактуси ) и паѓање на листови
( пример : листопадни растенија ) .

BEST FOR You 4


O R G A N I C S C O M PA N Y
Објаснување
Процесот на транспирација се одвива на тој начин што молекулите на водата што се
присутни во набабрените клеточни ѕидови од епидермалните клетки, ги напуштаат
интермицеларните простори на клеточниот ѕид и излегуваат во воздушната средина.
Испуштањето на водата трае сè додека не се изедначи притисокот на водената пара во
воздухот и во клеточниот ѕид.
Меѓутоа, тоа се случува ретко, бидејќи дехидрираниот клеточен ѕид, прима вода
од протоплазмата, а дехидрираната протоплазма од вакуола. На тој начин се создава
разлика во силата на цицањето на водата, што е последица на разликата во
дехидратацијата во одделни клеточни структури, што се одвива на ист начин како во
примарниот коренов систем само во обратна насока.
Со силата на цицањето епидермалните клетки ја одземаат водата од клетките
на мезофилот на листот каде концентрацијата на материите е пониска. По одземањето
на водата од нив и тие стануваат поконцентрирани и способни за одземање вода од
повнатрешните клетки. Процесот се одвива непрекинато од една до друга клетка сè до
спроводните елементи за водата – трахеите и трахеидите, во снопчето на листот, од кои
се одзема водата. Одземената вода спроводните елементи ја надополнуваат од клетките
на кората на коренот, кои ја примаат водата од почвата преку кореновите влакненца.
BEST FOR You 5
O R G A N I C S C O M PA N Y
Large Image

транспирација
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

BEST FOR You 6


O R G A N I C S C O M PA N Y
Транспирација
Транспирацијата може да биде:

• стоматална
• лентицеларна
• кутикуларна

Во најголема мера транспирацијата се одвива преку стомите – стоматална. Испуштањето на водената пара преку стомите се
одвива кога тие се отворени. Стомите се отворени додека се тургоресцентни. Тургоресцентноста на стомнините клетки се
одржува со приливот на осмотски активните материи (добиени со ензимско разградување на скробот на растворливи шеќери)
со чие присуство се покачува концентрацијата на вакуоларниот сок. Со тоа тој станува хипертоничен, а самата клетка способна
да ја цица водата од околните клетки. Со прилив на водата, стомнините клетки стануваат тургоресцелатни со што се
овозможува отворање на стомниниот отвор. Стоматалната транспирација е процес во кој водената пара пред да излезе од
листот преку стомниниот отвор, се наоѓа во меѓуклеточните простори на мезофилот и оттаму дифундира кон отворот на
стомата и преку него во надворешната средина.
За разлика од стоматалната, која се регулира со механизмот на отворање и затворање на отворот на стомата, кутикуларната
транспирација претставува процес што не го регулира растението. Таа се одвива кога стомите се затворени, односно во
отсуство на стоматалната транспиација. Растенијата од зголемување на кутикуларната транспирација, освен со задебелување
на кутикулата, се заштитуваат со образување восочни превлаки и со образување разновидни влакна што го штитат растението
од прекумерно загревање.
Лентицеларна транспирација е испуштање на водата преку лентицелите, а се врши кај старите изданоци на дрвенестите
растенија. Во однос на другите видови таа транспирација е најслаба.
BEST FOR You 7
O R G A N I C S C O M PA N Y
Гутација • Гутација е процес кај растенијата преку кој водата се испушта
од растението во облик на капки вода.
• Количеството вода што се одделува со гутација е многу помало
во однос на таа со транспирацијата. Гутацијата се одвива само
при одредени услови, кога транспирацијата е мала, воздухот
заситен со водена пара и во почвата има достапна вода.
• Гутацијата се одвива само кај оние растенија кои имаат водни
жлезди-хидатоди кои се наоѓаат по рабовите на листовите каде
завршуваат спроводните садови. Гутациската вода излегува
преку отворите на хидатодите кои немаат механизми за
активно отворање и затворање. Водата што доаѓа низ
спроводните елементи, пред сè со трахеидите, бидејќи тие
последни завршуваат, се испушта во епитемското ткиво, низ
чии меѓуклеточни простори брзо се движи и преку отворот на
водената стома се излачува надвор од листот во облик на
водени капки.
• Гутацијата има своевидно значење за оние растенија со слаба
транспирација. Кај нив по пат на гутација се овозможува
подобрување на пренесувањето на хранливите материи,
посебно минералните соли.
BEST FOR You 8
O R G A N I C S C O M PA N Y
Солзење
Солзење е процес сличен на гутацијата. Од неа се разликува по тоа што при
солзењето водата не излегува преку хидатодите, туку преку пресечените
спроводни елементи за вода од пресечените органи. До солзење доаѓа при
режење на лозата и овошните дрвја напролет.

BEST FOR You 9


O R G A N I C S C O M PA N Y

You might also like