You are on page 1of 1

Делови на цветни растенија

Делови на растенија се : корен, стебло, лист, цвет, плод и семе. Овие делови можат да се
поделат во две групи и тоа : вегетативни и генеративни делови на растенијата.

Вегетативни делови на растенијата му служат за растење и развој.Тука спаѓаат корен, стебло и


лист.

Коренот го задржува растението закотвено во земјата и добиваат хранливи материи и вода од


почвата. Корените се исто така корисни за чување храна. Хранливи материи и вода се апсорбираат
преку мали коренови влакна кои се протегаат од коренскиот систем.

Стеблото е оној дел од растението кој ги поврзува коренот и листот. Стелото има потпорна
функција - го држи растението исправено, транспортна функција- пренос на вода минерални
материи од коренот до листовите и хранливи материи од листовите до останатите делови. Кората
на стеблото има заштитна улога, спречува навлегување на вируси, бактерии и габички во
растението.

Листот служи за создавање на хранливи материи. Преку процесот на фотосинтеза од вода,


сончева светлина и јаглероден диоксид , листот создава хранливи материи (шеќри) и кислород.
Изграден е од лиска и лисна дршка.

Генеративни органи на растението му служат за размножување на растението. Тука спаѓаат


цетот, плодот и семето.

Цветот на растението му служи за опрашување и оплодување.

Плодот на растението му служи за расејување .

Семето на растението му служи за расејување.

You might also like