You are on page 1of 7

Растење и развој на

едно растение
За едно растение да може правилно да
расте и да се развива,неопходни му се
следниве фактори:
Водата, почвата, минералните материи,
сончевата светлина и топлината.
Вода

  Таа
е еден од најнеопходните фактори
потребен за растење на растението.
Најголем дел од растенијта имаат
потреба од оптимално количество вода за
растење. Секое растение има сопствена
потреба за вода. Некои растенија растат
при суви атмосферски услови, додека на
други им е потребна постојана влажност.
Почвата

 Почватае еден од важните фактори за


растење и опстанок на растението. Таа
треба да има соодветна влага и
правилен баланс на хранливите материи
и на минералите. Различни видови
растенија имаат потреба од различни
почви и различен состав на почвата.
Сончевата светлина

  Светлината е главен извор за енергија на


растенијата. Растенијата сами создаваат
храна преку процесот на фотосинтеза, во кој
атмосферскиот јаглерод диоксид се претвора
во едноставни шеќери и притоа се користи
енергија од сончевата светлина. Светлината
може да се обезбеди со примена на
природни или вештачки извори.
Минерални материи(ѓубрива)

  Тие се познати како „храна на растенијата“,и им


се потребни за раст и развој на растенијата. Се
создаваат во почвата, се раствораат во водата и
растението ги впива преку коренот, па потоа
преку стеблото се пренесуваат до сите делови од
растението. Ако почвата е сиромашна со
потребните хранливи материи, тогаш се додаваат
специјални ѓубрива кои ја збогатуваат почвата и
овозможуваат растенијата да се хранат.
Топлина

 Топлината на почвата како и топлината на


воздухот од околината имаат големо влијание
врз растот на растенијата.Сонцето им дава
топлина и светлина за да можат правилно да
растат и да се развиваат.Топлината е
потребна за сите процеси кои се одвиваат кај
растенијата како: ’ртење, дишење,
фотосинтеза, цветање и други.

You might also like