You are on page 1of 4

Наставна програма за слободен изборен предмет

Градинарство и хортикултура
(се обработува полугодишно,број на часови 36)
Изработиле: Цветанка Алексовска
Ѓорѓи Трајанов
ООУ “Страшо Пинџур” Карбинци

ПОВРЗАНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ

Наставната програма вклучува релевантни компетенции од следните подрачја : Математика и


природни науки, Јазична писменост, Дигитална писменост,
Личен и социјален развој, Општество и демократска култура и Техника, технологија и
претприемништво

Ученикот/ученичката знае и/или умее

Подрачје: Математика и природни науки

 Да ги користи основните научни сознанија за да го објаснува природниот свет.


 Да набљудува, да поставува хипотези, собира и евидентира докази, да анализира и
обработува податоци, да прави табеларен приказ и да собира информции од него и да
донесува свои заклучоци.
 Да ја објаснува интеракцијата меѓу човекот и животната средина и да ги идентификува
позитивните и негативните влијанија на човекот врз животната средина.

Подрачје : Јазична писменост, Дигитална писменост,


Личен и социјален развој, Општество и демократска култура и Техника, технологија и
претприемништво

 Да води критички и конструктивен дијалог, аргументирано искажувајќи ги своите ставови.
 Да се изразува табеларно, графички, со дијаграм и скици и да толкува податоци од различни
области претставени на различни начини.
 Да определи какви информации му/ѝ се потребни, да најде, избере и преземе дигитални
податоци, информации и содржини.
 Да ги користи сопствените искуства за да си го олесни учењето и да го прилагоди сопственото
однесување во иднина.
 Да го организира сопственото време на начин кој ќе му/ѝ овозможи ефикасно и ефективно да
ги оствари поставените цели и да ги задоволи сопствените потреби.
 Да соработува со други во остварување на заеднички цели, споделувајќи ги сопствените
гледишта и потреби со другите и земајќи ги предвид гледиштата и потребите на другите.
 Да истражува, поставувајќи релевантни прашања, со цел да ги открие проблемите, да ги
анализира и вреднува информациите и предлозите и да ги проверува претпоставките.
 Да дава предлози, да разгледува различни можности и да ги предвидува последиците со цел
да изведува заклучоци и да донесува рационални одлуки.
 Да ги поврзува сознанијата од науките со нивната примена во техниката и технологијата и во
секојдневниот живот.
Активно да учествува во тимска работа според претходно усвоени правила и со доследно
почитување на улогата и придонесот на сите членови на тимот.
Ученикот/ученичката разбира и прифаќа декa:

Подрачје: Математика и природни науки

 Љубопитноста, систематичноста и иновативноста се клучни за развивање на


научноистражувачката мисла.
 Глобалното затоплување кон природни катастрофи со последици по живиот и неживиот свет
на целата планета.
 Секој човек е одговорен за природата и околината околу него.
Подрачје : Јазична писменост, Дигитална писменост,
Личен и социјален развој, Општество и демократска култура и Техника, технологија и
претприемништво
 Сопствените постигања и добросостојба во најголема мера зависат од трудот кој
самиот/самата го вложува и од резултатите кои самиот/самата ги постигнува.
 Секоја постапка која ја презема има последици по него/неа и/или по неговата/нејзината
околина.
 Иницијативноста, упорноста, истрајноста и одговорноста се важни за спроведување на
задачите, остварување на целите и надминување на предизвиците во секојдневните
ситуации.
 Барањето повратна информација и прифаќањето конструктивна критика водат кон личен
напредок на индивидуален и социјален план.
 Учењето е континуиран процес кој не завршува во училиште и не се ограничува на
формалното образование.
 Секој граѓанин треба да презема одговорност за промените во природата предизвикани од
активностите на човек.
 Ресурсите не се неограничени и дека е потребно одговорно да се користат.

РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕ

Тема : Градинарство и хортикултура


Знаења/вештини: (се користат наведените или слични фрази за наведување на знаењата/вештините
што се очекува да се научат додека се работи на темата
 Има основни познавања од областа градинарството и хортикултура.

 Ги разбира поимите градинарство и хортикултура.

 Може да ги идентификува бессемени растенија и семени растенија и да идентификува некои нивни


претставници.

Ставови/вредности: (се користат наведените или слични фрази за наведување на


ставовите/вредностите што се очекува да се стекнат додека се работи на темата
 Разбира дека се различни градинарството и хортикултурата.

 Ги разбира и прави разлика меѓу растенијата.


 Ја прифаќа важноста на градинарството и хортикултурата и нивното значење.

 Подготвен/а е да презема активности кои се однесуваат на одгледување на растенија.

 Има позитивен став кон одгледување и чување на растенија.

 Ја осудува секоја постапка кон уништивање на растенијата од човечки фактор.


Содржини (и поими) и број Примери на активности:
на часови

(Се наведуваат најмалку две содржини (Се наведува повеќе примери за секоја содржина. Наведените примери мора да ги покриваат
што спаѓаат во темата. Во заграда, под сите претходно наведени знаења/вештини и
содржината, се наведуваат клучните ставови/вредности
поими. На крајот се наведува бројот на
часови потребни за работа на темата

Разликување на поимите -Учениците преку Power point презентација се запознаваат со


хортикултура и градинарство поимите хортикултура и градинарство.
и нивното значење -Учениците преку Power point презентација се запознаваат со
видовите на почва.
(хортикултура, градинарство) -Учениците прибираат и презентираат видови на почва погодна за
број на часови: 3 хортикултура и градинарство.

Разбирање со што се -Учениците гледаат документарни филмови од областа на


занимаваат холтикултурата градинарството и хортикултурата.
и градинарството

(занимање)
број на часови: 2
Видови градинарство - Учениците преку Power point презентација се запознаваат со
(видови градинарство) видовите градинарство
број на часови: 2

Видови холктикултура - Учениците преку Power point презентација се запознаваат со


(видови хортикултура) видовите хортикултура
Број на часови: 2 -Учениците истражуваат на интернет и креираат збирка со
фотографии на растенија.

Видови растенија - Учениците преку Power point презентација се запознаваат со


(семени, бессемени) видовите на растенија
-Учениците преку цртање прават разлика за групирање на
број на часови: 6 бессемените (мов и папрат) и семените растенија (грав, грашок, леќа,
бор, даб, бука и сл.).
-Учениците сеат леи, садат растенија од резанка, со корен, лист од
разни видови на растенија

Градба на растенија - На учениците им се покажува модел на растение, илустрација и др.


(градба на растенијата ) И се запознаваат со градбата.
- Учениците изработуваат 3Д-модел (од пластелин/рециклирани
број на часови: 2 ... материјали) на некое растение.

Животен процес на - Учениците преку визуелна презентација дискутираат за животните


растенијата процеси на растенијата (примери за растенија кои се хранат, движат,
(животен процес) дишат, кои се осетливи на дразби, се размножуваат, растат и се
број на часови: 2 развиваат). Учениците преку визуелна презентација дискутираат за
животните процеси на растенијата (примери за растенија кои се
хранат, движат, дишат, кои се осетливи на дразби, се размножуваат,
растат и се развиваат).

Прихрана на растенијата -Учениците преку Power point презентација се запознаваат со


(Прихрана на растенијата) поимите хортикултура и градинарство.
број на часови: 2 - Дел од прихраната им ја набавува наставникот. Ја именуваат, потоа
ја применуваат во прихраната на растенијата.
Како се чуваат и одгледуваат -Учениците разгледуваат енциклопедии, видео записи, растенија од
(чување , одгледување) околината и се запознаваат со основни знаења за чување и
број на часови: 2 одгледувањето на растенијата

Услови за огледување - Учениците, поделени во мали групи, прават експеримент за


(услови) движењето на растенијата кон светлината (пораснато растение
број на часови: 2 ставаат во затворена кутија со отвор на едниот крај или засадено и
пораснато ист вид растение го ставаат подалеку од прозорецот),
дискутираат и донесуваат заклучок за влијанието на светлината врз
движењето на растенијата.
Грижа на болно растение -Учениците преку видео записи, енциклопедии се запознаваат со
(болно растение) грижата на болно растение.
број на часови: 2 -Учениците своите знаења ги применуваат во практика.

Пресадување на цвеќиња и -Учениците ги пресадуваат своите растенија кои ги имаат сеано.


растенија
(пресадување)
број на часови: 4

Толкување на - Учениците вршат истражување за растењето на посеаните семиња


податоци:табеларно, и засадените цвеќиња, потоа ги претставуваат во табели, графикони,
графички, со дијаграм и дијаграми и скици.
скици
(табела, графикони,
дијаграми)
број на часови: 4

Кој се занимава со
градинарство и хортикултура
-Истражуваат кои видови на растенија ги имаат во својот дом и во
(занимавач) дворот на училиштето
број на часови: 1

You might also like